,Целосно опремени за секое добро дело‘
1 Јеховиниот народ денес е благословен со изобилство богата духовна храна (Иса. 25:6). Има многу библиски материјал во кој можеме да уживаме преку личната и семејната студија, како и на собраниските состаноци, собири и конгреси. Но, дали потполно го искористуваме сето ова со изглед да станеме ‚потполно компетентни, целосно опремени за секое добро дело‘? (2. Тим. 3:17, NW).
2 Само помисли на духовното мени за 1998, која веќе половина истече! Преку седмичните собраниски состаноци обработуваме избрани врвни точки на 23 книги од Христијанските грчки списи. Исто така, разгледуваме една третина од книгата Спознание, речиси целата книга Семејна среќа и целата книга Реч Божја. Освен тоа, се храниме со 12 изданија од Наша служба за Царството, 52 студиски статии од Стражарска кула и речиси исто толку јавни предавања на различни библиски теми. Кон сето ова се додадени и богати програми на собирите и конгресот. Колкаво само богатство од духовно добри работи ни е ставено на располагање!
3 Цени ги Јеховините подготовки: За да извлечеме потполна корист, треба да сфатиме зошто Јехова обезбедува толкаво духовно изобилство. Хранењето со овие добри работи ја изградува нашата вера и го зајакнува нашиот однос со него (1. Тим. 4:6). Меѓутоа, духовната храна не е ставена на располагање едноставно само за наша поука. Таа нѐ мотивира да ја делиме вистината со другите и нѐ опремува да бидеме делотворни додека го правиме тоа како министри на добрата вест (2. Тим. 4:5).
4 Да не ги запоставиме нашите духовни потреби, туку секогаш да негуваме копнеж по богатите и духовно задоволувачки подготовки од Јеховината трпеза (Мат. 5:3; 1. Петр. 2:2). За да извлечеме потполна корист, потребно е да одвоиме доволно време за такви важни работи како што е редовната лична и семејна библиска студија и присуството на состаноците (Ефеш. 5:15, 16). Усреќувачките награди од тоа што ќе правиме така, ќе бидат во склад со инспирираното охрабрување што им го напишал Павле на еврејските христијани, како што е запишано во Евреите 13:20, 21.