Како членовите на семејството соработуваат за целосно учество — во службата
1 Што би можело да биде порадосно од тоа да се види како сопрузи и сопруги, родители и деца, работат заедно во христијанската служба, јавно фалејќи го Јеховиното име? (Псал. 148:12, 13). Сите семејства треба да имат добра рутина за редовно учество во службата на теренот. Дали твоето семејство има еден одреден ден во седмицата за да оди во служба? Ако е така, тогаш секој точно знае што да планира и ќе може да има целосно учество (Изр. 21:5а, NW).
2 Пред семејниот ден за служба, зошто подготовката на презентациите што ќе ги користи вашето семејство не ја направите заеднички проект? Времето одвоено за вежбање може да биде од особена корист, и тоа може да внесе вистински дух на семејна соработка. Колку само е наградувачки кога службата на теренот е семејна работа и сите членови се добро подготвени!
3 Еден патувачки надгледник придружувал едно цело семејство во активноста со списанија. Додека работел од куќа до куќа со една од ќерките, таа прашала: „Колку време ќе работиш со мене?“ Тогаш објаснила дека потоа ќе работи со својот татко. Било очигледно дека таа и татко ѝ навистина уживале да одат заедно во служба. Колку само добар дух во семејството!
4 Некои семејства можат заедно да бидат помошни пионери еден месец во годината. Или можеби ќе може барем еден член од семејството постојано да служи како помошен пионер, па дури и да се пријави како општ пионер. Со добра организација и соработка, можеби сите членови на домаќинството ќе можат да го зголемат своето лично учество во службата давајќи му поддршка на оној кој е пионер. Семејството сигурно ќе биде благословено со оваа зголемена активност и со добрите искуства што ќе ги доживее во службата (Мал. 3:10).
5 Целосното учество во евангелизаторското дело ќе помогне семејствата да останат блиски, ревносни, продуктивни и среќни во Јеховината служба! (Спореди Филипјаните 2:1, 2.)