Коњички напад во кој си вклучен и ти
1, 2. На кој начин Божјите слуги денес се вклучени во исполнувањето на пророчката визија запишана во Откровение 9:13—19?
1 „Шестиот ангел затруби во својата труба.“ Потоа, „коњичките војски“ кои бројат „две миријади миријади“ почнуваат да јуришаат со татнеж. Ова не е некоја обична воена сила. „Главите на коњите [се] како лавји глави.“ Од устите им излегува оган, чад и сулфур, а „опашките им се како змии“. Оваа симболична коњаница остава пустош зад себе (Откр. 9:13—19). Знаеш ли како си вклучен ти во исполнувањето на оваа впечатлива пророчка визија?
2 Помазаниот остаток и нивните придружници, другите овци, обединето ги објавуваат Божјите осуди. Резултат на тоа е потполно разоткривање на духовно мртвата состојба на христијанскиот свет. Да испитаме два елемента на пророчката визија кои истакнуваат зошто службата на Божјите слуги е толку ефикасна.
3. Каква обука си добил за ефикасно да ја кажуваш Божјата порака?
3 Обучени и опремени да ја објавуваме Божјата порака: Преку Теократската школа за служба и другите собраниски состаноци, Божјите министри се обучуваат да ја кажуваат Божјата порака со авторитет. Имитирајќи ги Исус и неговите апостоли, тие одат да ги бараат достојните, проповедајќи секаде каде што можат да се најдат луѓе (Мат. 10:11; Мар. 1:16; Лука 4:15; Дела 20:18—20). Овој библиски метод на проповедање се покажал многу ефикасен!
4. Каква опрема, која ги оспособува да го извршуваат своето дело, им е на располагање на многу објавители?
4 Извршувајќи го својот налог од Бог да проповедаат, христијанските министри дистрибуирале милијарди Библии, книги, брошури и списанија. Овие публикации ги има на речиси 400 јазици и опфаќаат голема разноликост на теми и користат пристапи што им се привлечни на различни видови луѓе. Ги користиш ли делотворно овие алатки?
5, 6. Што покажува дека Јеховиниот народ има поддршка од небото?
5 Водство и поддршка од небото: Пророчката визија, исто така, јасно дава на знаење дека активноста што е претставена со симболичниот коњички напад има поддршка од Бог (Откр. 9:13—15). Глобалното дело на проповедање не се извршува со помош на човечка мудрост или сила туку со помош на Божјиот дух (Зах. 4:6). Јехова ги користи ангелите за да го водат ова дело (Откр. 14:6). Значи, заедно со напорите на неговите човечки Сведоци, Јехова обезбедува поддршка од небото за да ги привлече кротките кон себе (Јован 6:45, 65).
6 Обучен, добро опремен да ја пренесува Божјата порака работејќи под водството на ангелите, Јеховиниот народ е незапирлива сила. Да продолжиме да го правиме нашиот дел во исполнувањето на оваа возбудлива пророчка визија.