Нова програма за посебниот собир
Темата на посебниот собир за 2009 службена година е земена од Колошаните 4:17, и гласи: „Внимавај да ја извршиш службата што си ја примил“. Ние, како христијани, го сфаќаме сериозно тој совет. Сакаме верно да ја извршиме нашата служба како што правел Исус (Јован 17:4). И Апостол Павле ни дал одличен пример во овој поглед. Тој бил решен да ја доврши својата трка во службата (Дела 20:24).
Говорот што ќе го одржи покраинскиот надгледник ќе ни покаже како различни објавители ги надминуваат тешкотиите на кои наидуваат во службата. Потоа, во говорот „Грижи се за семето што си го посеал“, ќе слушнеме како можеме вистински да им помогнеме на оние што ‚исправно гледаат на вечниот живот‘ (Дела 13:48). Во говорот „На кој начин се препорачуваме како Божји слуги“, претставник од Бетелот ќе го обработи 2. Коринќаните 6:1-10 стих по стих. А попладне, тој ќе им се обрати на присутните со темата: „Високо цени ја својата служба“. Сигурно ќе бидеш охрабрен од точките: „Млади и стари кои многу ја сакаат службата на проповедање“ и „Млади кои ‚ја извршуваат службата што ја примиле‘“. Оние што сакаат да се крстат на покраинскиот или, пак, на посебниот собир треба, колку што е можно порано, да го известат претседавачкиот надгледник. Една важна точка од програмата на сите наши собири и конгреси е разработката на Стражарска кула. Понеси го својот примерок што ќе се проучува во седмицата кога ќе се одржи посебниот собир.
За да можеме да ја извршиме службата, не смееме да дозволиме други работи и активности да го потиснат во втор план она што Јехова ни го доверил. На овој посебен собир ќе слушнеме охрабрувачки библиски мисли што ќе ни помогнат да останеме посветени на поважните работи и да се преиспитаме за да видиме дали во потполност ја извршуваме службата што сме ја примиле.