ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w26 Декември стр. 2-7
  • Гледај на себе онака како што те гледа Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гледај на себе онака како што те гледа Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО НЕКОИ СЕ БОРАТ СО ЧУВСТВО НА БЕЗВРЕДНОСТ
  • КАКО ГЛЕДА ЈЕХОВА НА ТЕБЕ?
  • КАКО ДА ГЛЕДАШ НА СЕБЕ ОНАКА КАКО ШТО ГЛЕДА ЈЕХОВА
  • Скромно прифати дека има работи кои не ги знаеш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Јехова „ги лекува оние со скршено срце“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Биди уверен дека Јехова те сака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Најди го одговорот на овие прашања
    Програма за Покраинскиот собир за 2026-2027 со претставник на подружницата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
w26 Декември стр. 2-7

1-7 ФЕВРУАРИ 2027

ПЕСНА 136 Јехова ги наградува своите слуги

Гледај на себе онака како што те гледа Јехова

Ти си драгоцен во моите очи (ИСА. 43:4)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Ако сфатиме колку сме скапоцени за Јехова, ќе можеме радосно да му служиме.

1. Зошто е важно да имаме исправно гледиште за тоа како гледа Јехова на нас?

НА МНОГУ слуги на Јехова им е тешко да веруваат дека се скапоцени за него. Тие се уверени дека Јехова ги цени своите верни слуги како група, но не се сигурни дали тој ги цени и нив лично (Пс. 149:4). Поради тоа, чувствуваат силна емоционална болка. Важно е да имаме исправно гледиште за тоа како гледа Јехова на нас. Зошто? Ако сме уверени дека Јехова нѐ сака, ќе се чувствуваме блиски со него и ќе сакаме да бидеме негови пријатели. Исто така, кога ќе почувствуваме колку многу Јехова нѐ цени нас лично, ќе можеме да му служиме со радост (Пс. 32:11).

2. Зошто можеби на некои верни Божји слуги од минатото им било тешко да имаат исправно гледиште за себе?

2 Ако мислиш дека ништо не вредиш, не си единствениот. И некои верни Божји слуги од библиски времиња се чувствувале така. На пример, Мефивостеј се чувствувал толку безначајно што за себе рекол дека е „мртов пес“. Дали се чувствувал така поради својот инвалидитет? Дали се срамел поради тоа што неговиот дедо Саул се побунил против Јехова? Како и да било, Мефивостеј немал исправно гледиште за себеси. Но цар Давид сметал дека е достоен да му покаже лојална љубов и му дал место на царската трпеза (2. Сам. 9:3-10). Размисли и за апостол Петар, кој му рекол на Исус: „Оди си од мене, Господару, бидејќи сум грешен човек“. Петар толку многу се измачувал поради своите грешки што не се чувствувал достоен дури ни да биде во присуство на Исус, а камоли да биде негов ученик. Но, Исус знаел дека Петар неуморно ќе ја шири добрата вест и покрај своите слабости (Лука 5:8-11). Во оваа статија ќе ги разгледаме следниве прашања: Зошто на некои верни христијани денес им е тешко да веруваат дека се скапоцени за Јехова? Како гледа Јехова на нас? И што може да ни помогне да се гледаме себеси онака како што нѐ гледа Јехова?

ЗОШТО НЕКОИ СЕ БОРАТ СО ЧУВСТВО НА БЕЗВРЕДНОСТ

3. Како луѓето од светот можат да влијаат врз тоа како се гледаме себеси? (Види ја и сликата.)

3 Зошто некој може да се чувствува безвредно или да мисли дека не е достоен некој да го сака? Да разгледаме три причини. Прво, со своите зборови или постапки, луѓето од светот честопати предизвикуваат другите да се чувствуваат лошо. На пример, твоите колеги можеби не го ценат она што го правиш, не ги исполнуваат своите ветувања или постапуваат сурово. Тие можеби постојано те критикуваат, па дури и кажуваат лаги за тебе. Исто така, многумина денес мислат дека, ако не добиваш пофалби постојано, тогаш не си доволно добар. Трговскиот систем сака да веруваш дека си чисто промашување ако не можеш да си го дозволиш начинот на живот што тој го промовира. Освен тоа, на социјалните мрежи многумина се „себељубиви... вообразени... горди“ (2. Тим. 3:1-5). Нивните објави оставаат впечаток дека тие имаат подобар живот од твојот, дека имаат повеќе пријатели, дека повеќе се забавуваат и дека се посреќни.

Еден млад брат кој работи како хигиеничар гледа во огледало во кое одразот на неговиот лик е искривен. Тој размислува за пари, за скапа кола на социјалните мрежи и за бизнисмени кои го исмеваат.

Како можат луѓето од светот да влијаат врз начинот на кој се гледаш себеси? (види во пасус 3)


4. Како нашите околности би можеле да влијаат врз тоа како гледаме на себе? (Види ја и сликата.)

4 Второ, поради нашите околности би можеле да си мислиме дека не вредиме во Јеховини очи. Можеби си пораснал во семејство во кое не ти покажувале љубов. Или можеби другите ти кажувале дека од тебе нема да биде ништо. Можеби би сакал да правиш повеќе за Јехова, но не си во можност поради твоето физичко или емоционално здравје. Можеби верно му служиш на Јехова со децении, но сега не можеш да правиш онолку колку што си правел порано (Пс. 71:9). Поради таквите околности, би можел да си мислиш дека ништо не вредиш за Јехова.

Еден постар брат гледа во огледало во кое одразот на неговиот лик е искривен. На стари фотографии кои висат во близина се гледа како тој учествува во изградба на теократски објект, присуствува на пионерска школа, држи говор на некој теократски настан и работи во кујна со други двајца браќа.

Како можат твоите околности да влијаат врз начинот на кој се гледаш себеси? (види во пасус 4)


5. Како нашата несовршеност би можела да влијае врз тоа како гледаме на себе? (Види ја и сликата.)

5 Трета причина поради која би можеле да мислиме дека не вредиме многу за Јехова е нашата несовршеност. Библијата ни кажува да живееме во склад со Јеховините праведни мерила (1. Пет. 1:15, 16). Но, денес не можеме совршено да се држиме за нив. И, кога ќе згрешиме, нашето измамливо срце може да нѐ наведе да се чувствуваме безвредно или да си мислиме дека Јехова не може да нѐ сака. Би можеле да се чувствуваме скршено поради гревовите што Јехова веќе ни ги простил (2. Кор. 2:7). Апостол Павле бил толку тажен поради своите гревови што за себе рекол дека е беден човек иако знаел дека Јехова го сака (Рим. 7:21-24).

Една обесхрабрена сестра која има тетоважи гледа во огледало во кое одразот на нејзиниот лик е искривен.

Како може твојата несовршеност да влијае врз начинот на кој се гледаш себеси? (види во пасус 5)


6. Како би можеле да гледаме на себе иако не сме направиле ништо погрешно?

6 Бидејќи сме несовршени, можеби нѐ измачува вина или се бориме со некои други негативни чувства иако не сме направиле ништо погрешно. На пример, една сестра која служи во Бетел, рекла: „Секогаш кога ќе чујам ’Дај му го своето најдобро на Јехова‘, имам чувство дека не правам доволно. Тоа ме наведува да мислам дека секогаш треба да вложувам уште поголем труд и да правам сѐ повеќе и повеќе за да го дадам моето најдобро. Како резултат на тоа, никогаш не сум задоволна со она што му го давам на мојот небесен Татко“. И твоето срце би можело да те осудува дека никогаш не правиш доволно и покрај тоа што го даваш своето најдобро и не си направил ништо погрешно (1. Јов. 3:19, 20).

КАКО ГЛЕДА ЈЕХОВА НА ТЕБЕ?

7. Што гледа Јехова во нас поради што сме скапоцени за него?

7 Јеховиното гледиште е далеку повозвишено од нашето (Иса. 55:9). Тогаш, што гледа Јехова во тебе поради што си скапоцен за него? Ние луѓето сме круна на сѐ што создал на Земјата. Создадени сме според Божјиот лик, што значи дека имаме убави особини кои ни овозможуваат да се угледаме на него (Евр. 2:6, 7; 1. Мој. 1:27). Но, дали твојата несовршеност толку многу те оштетила поради што си безвреден за Јехова? Ни најмалку! Многу одамна тој го испратил Исус да умре за нас за да можеме да бидеме негови пријатели (Рим. 5:8). И уште пред да го познаваш Јехова, тој го видел твојот потенцијал и со љубов те привлекол кон себе (Ерем. 31:3).

8. Што гледа Јехова кај нас како негови крстени слуги? (Исаија 43:1, 4, 10, 13).

8 Сега, откако си му се заветувал на Јехова и си се крстил, што гледа тој кај тебе? Ја гледа твојата верност, поради што си скапоцен за него. (Прочитај Исаија 43:1, 4, 10, 13.) Тој вели: „Ти си мој“. Ова значи дека те избрал да бидеш дел од неговото семејство, и никој не може да те грабне од неговите раце (Јован 10:28, 29). Освен тоа, има доверба во тебе и те избрал да сведочиш за неговото име. Бидејќи си прифатил да бидеш негов Сведок, Јехова вели: „[Ти] си драгоцен во моите очи, достоен си за чест и јас те сакам“. Ти си негов сакан син или негова сакана ќерка. Навистина, ти си скапоцен за Јехова! Тој се радува кога го браниш неговото име и помагаш да се разоткријат лагите кажани за него (Изр. 27:11).

9. Како гледа Јехова на нашите гревови?

9 Ако чувствуваш болка и вина поради твоите гревови, имај на ум дека Јехова избира да не се концентрира на нив (Пс. 103:12-14). Тој гледа дека се каеш и спремно ти простува (1. Јов. 1:7, 9). На пример, Јехова спремно им простил на некои христијани во Коринт кои се покајале и престанале да прават тешки гревови бидејќи сакале да му угодат (1. Кор. 6:9-11). Овие верни христијани можеле да му служат на Бог, уверени дека се скапоцени за него. И ти можеш да бидеш уверен во истото.

10. Од каде знаеме дека задачите што ги извршуваме не ја одредуваат нашата вредност во Јеховини очи?

10 Што ако повеќе не можеш да извршуваш некоја задача или одговорност што си ја сакал? Или можеби имаш желба да извршуваш некоја задача, но никогаш не си добил таква можност? Дали тоа ја намалува твојата вредност како личност? Воопшто не! Најважно е што мисли Јехова за тебе, а не што мислиш ти или што мислат другите. Во Библијата се спомнати многумина кои биле скапоцени за Јехова, не затоа што извршувале некои посебни задачи, туку поради нивната вера (1. Цар. 19:18). Ако некогаш се сомневаш дали вредиш за Јехова, прашај се: „Дали се трудам да го следам примерот на Исус?“ Ако твојот одговор е „да“, ти си дел од народот што тој го избрал за себе (Тит 2:11-14). Тоа е така без разлика на задачите и одговорностите што ги имаш.

КАКО ДА ГЛЕДАШ НА СЕБЕ ОНАКА КАКО ШТО ГЛЕДА ЈЕХОВА

11. Што ќе ни помогне да ја отфрлиме идејата дека Јехова не нѐ цени? (2. Коринќаните 10:4, 5).

11 Препознај ја и отфрли ја лагата. Јехова, Богот на вистината, ти дал многу докази дека те цени како свој верен слуга (Пс. 31:5). Значи, идејата дека Јехова не те цени сигурно се темели на лага. Таквото гледиште може да биде „цврсто утврдено“, и ќе ти бидат потребни моќни алатки од Бог за да го урнеш. (Прочитај 2. Коринќаните 10:4, 5.) Размисли за следново: Кога си ја дознал вистината, цврстите докази од Библијата те увериле дека Бог има име, дека мртвите не се свесни за ништо и дека луѓето можат засекогаш да живеат во рај на Земјата. За да ги прифатиш овие учења, требало да признаеш дека некои од учењата во кои си верувал претходно, всушност, се лаги. Исто така, од библиските стихови кои досега ги разгледавме, дознавме уште една прекрасна вистина — дека секој негов слуга е скапоцен за него. Секое верување што е спротивно на тоа, како што е верувањето дека си безвреден во Божји очи, се темели на лага. Со тоа што ќе ја препознаеш и ќе ја отфрлиш оваа лага, ќе почнеш да гледаш на себе онака како што гледа Јехова.

12. Како можеме да ја користиме Библијата како огледало? (Јаков 1:22-25).

12 Користи ја Божјата Реч како огледало. Ние првенствено ја читаме Библијата за да учиме за Јехова, а во тоа е вклучено да научиме да се гледаме себеси онака како што нѐ гледа тој. (Прочитај Јаков 1:22-25.) Затоа, пред да ја читаш Божјата Реч, замоли го Јехова да ти помогне да имаш исправно гледиште. Додека читаш за други несовршени луѓе кои Јехова ги сакал и ценел, прашај се: „Поради кои конкретни особини секој од нив бил скапоцен за Јехова?“ Можеби ќе забележиш дека Јехова ги ценел нивната љубов и нивната истрајност. Потоа, прашај се: „Дали јас го сакам Јехова? Дали давам сѐ од себе за да му служам истрајно и верно?“ Со тоа што ќе размислуваш дека ги покажуваш истите особини како верните Божји слуги од библиско време, ќе почнеш да гледаш на себе онака како што гледа Јехова. Никогаш не заборавај дека за Јехова си скапоцен затоа што го сакаш и верно истрајуваш (Мал. 3:16; Јак. 1:12).

13. Што може да ни помогне да имаме на ум дека Јехова нѐ сака?

13 Направи си збирка од стихови и мисли кои те уверуваат дека Јехова те сака. Барај утешни стихови и искуства кои покажуваат колку многу Јехова ги цени своите верни слуги. Ова можеш да го правиш додека ја читаш Библијата и додека проучуваш или истражуваш. Кога се дружиш со соверниците, ненаметливо прашај ги што им помогнало да се уверат дека Јехова ги цени. Потоа запиши си го она што си го научил. Кога ќе ти се појават негативни мисли, разгледај си ги белешките. На пример, да претпоставиме дека си мислиш дека не заслужуваш Бог да те сака. Би можел да истражуваш за теми како што се Јеховината љубов и неговата незаслужена доброта. Никој од нас не ја заслужува неговата љубов. Сепак, тој великодушно ни ја дава (Јован 1:16; 1. Јов. 4:10).a

14. Како може да се заштитиме од негативни влијанија? (Види ја и сликата.)

14 Заштити се од негативни влијанија. Што ако забележиш дека некои луѓе придонесуваат да се чувствуваш безвредно? Доколку е можно, ограничи го времето што го поминуваш со нив. Ако не можеш да го ограничиш контактот со нив, не заборавај дека нивните груби зборови и постапки не се одраз на Јеховините чувства. А што ако си под притисок од трговскиот систем на овој свет? Имај на ум дека тој ги тера луѓето да мислат дека, за да се среќни, треба да купуваат многу работи кои не им се потребни и не можат да си ги дозволат. Мудроста од Бог може да ти помогне да се спротивставиш на тој притисок (Лука 12:15). А доколку социјалните мрежи придонесуваат да бидеш незадоволен со својот живот, размисли дали да го намалиш времето што го минуваш на нив или сосема да престанеш да ги користиш (1. Тим. 6:8).

Младиот брат од претходната слика ужива додека планинари со пријателите.

Заштити се од негативни влијанија (види во пасус 14)


15. Што можеме да сториме ако поради околностите не можеме да правиме за Јехова онолку колку што би сакале? (Види ја и сликата.)

15 Концентрирај се на она што можеш да го правиш за Јехова. Поради околностите, можеби не можеш да правиш за Јехова онолку колку што би сакал. На пример, можеби имаш физички ограничувања. Можеби семејните обврски те спречуваат да правиш повеќе во службата за Јехова. Или можеби си служел во Бетел, но сега си замолен да продолжиш да служиш на подрачјето. Обуката што си ја добил во Бетел можеш да ја користиш за да им помагаш на браќата и сестрите во твоето собрание. Наместо постојано да мислиш на она што не можеш да го правиш за Јехова, концентрирај се на она што можеш да го правиш сега. Исто како што секој дел од телото има своја важна функција, така и ти имаш важно место во Јеховината организација без разлика каде му служиш или каква задача имаш (Рим. 12:4, 5).

Постариот брат од претходната слика му проповеда на еден човек во службата од куќа до куќа.

Концентрирај се на она што можеш да го правиш за Јехова (види во пасус 15)


16. Што можеме да правиме доколку повторно ни се појават негативни мисли дека не сме му важни на Јехова? (Римјаните 12:2; види ја и сликата).

16 Продолжи да го менуваш својот начин на размислување. Исто како што не можеме во потполност да сфатиме што сѐ ќе направи Јехова во иднина, така сѐ уште не можеме во потполност да го усвоиме неговото гледиште за нас (1. Кор. 13:12). Затоа, немој да се откажуваш ако повторно ти се појават негативни мисли дека не си му важен на Јехова. Сите ние мора да продолжиме да го приспособуваме, па дури и да го менуваме начинот на размислување за да биде во склад со Јеховиниот. (Прочитај Римјаните 12:2.) Ќе можеш потполно да размислуваш како Јехова дури кога ќе станеш совршен. Во меѓувреме, продолжи да го менуваш својот начин на размислување за да биде во склад со Божјиот.

Сестрата од претходната слика е насмеана и држи отворена Библија додека се гледа во огледало во кое одразот на нејзиниот лик не е искривен.

Продолжи да го менуваш својот начин на размислување (види во пасус 16)


17. Од каде знаеш дека си скапоцен за Јехова?

17 Продолжи да се бориш против идејата дека си безвреден за Јехова (1. Тим. 6:12). Не заборавај дека неговото гледиште е најважно и дека секогаш е исправно. Во Библијата, тој дал уверливи докази дека ти си скапоцен за него и дека сака да бидеш негов пријател засекогаш. Верувај му на Јехова (Рим. 3:4). Со помош на Библијата, продолжи да се уверуваш дека тој многу те сака и те цени.

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Зошто на некои им е тешко да веруваат дека се скапоцени за Јехова?

  • Како гледа Јехова на нас?

  • Што може да ни помогне да се гледаме онака како што нѐ гледа Јехова?

ПЕСНА 102 Да им помагаме на слабите!

a За да најдеш стихови и мисли што ќе можеш да си ги запишеш, види во статијата „Биди уверен дека Јехова те сака“ во Стражарска кула од август 2025, како и во поглавје 24 од книгата Приближи му се на Јехова.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2027)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели