Сабота, 8 февруари
Им се множат болките на оние што, кога ќе се појави некој друг бог, трчаат по него (Пс. 16:4)
Во библиско време, обожавањето на лажните богови честопати вклучувало сексуален неморал (Оси. 4:13, 14). На многу луѓе им се допаѓала лажната религија бидејќи им дозволувала да вршат неморал. Но тоа не ги правело вистински среќни. Напротив! Давид рекол дека на оние што обожаваат лажни богови „им се множат болките“. Овие луѓе дури ги жртвувале своите деца на лажни богови! (Иса. 57:5). На Јехова му била одвратна таквата суровост (Ерем. 7:31). И денес лажната религија го одобрува сексуалниот неморал, во што спаѓа и хомосексуалноста. Неморалниот начин на живот може да ги наведе луѓето да си мислат дека се слободни, но всушност ним „им се множат болките“ (1. Кор. 6:18, 19). Дали го гледаш тоа? Затоа, млади, бидете му послушни на вашиот небесен Татко и уверете се дека тоа е за ваше добро. Размислувајте за тешките последици што ги носи неморалот и не заборавајте дека болката што ја предизвикува е многу поголема од моменталното задоволство (Гал. 6:8; w18.12 27-28, пас. 16-18).
3-9 февруари
1. МОЈСЕЕВА 12-14
Песна 14 и молитва
Воведни зборови (1 мин.)
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ
„Сојуз кој има значење и за тебе“: (10 мин.)
1Мо 12:1, 2 — Јехова му ветил на Аврам (Авраам) дека ќе го благослови (w14 15/10 9, пас. 9; w04 15/1 26, пас. 4)
1Мо 12:3 — „Преку [Авраам] ќе се благословат сите народи на земјата“ (w89-Е 1/7 3, пас. 4)
1Мо 13:14-17 — Јехова му ја покажал на Авраам земјата која требало да ја наследат неговите потомци (it-2-Е 213, пас. 3)
Најди духовни бисери: (10 мин.)
1Мо 13:8, 9 — Како може да го следиме примерот на Авраам кога расчистуваме несогласување со некого? (w16.05 5, пас. 12)
1Мо 14:18-20 — Во која смисла Леви платил десеттини преку Авраам? (Ев 7:4-10; it-1-E 1113, пас. 5)
Кои духовни бисери ги пронајде во материјалот за читање од Библијата за оваа седмица во врска со Јехова Бог, со службата или со нешто друго?
Читање на Библијата: (до 4 мин.) 1Мо 12:1-20 (th лекција 10)
ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА
Посвети се на читањето и поучувањето: (10 мин.) Дискусија. Откако ќе го гледате клипот Да се нагласат главните мисли, дискутирајте за 14. лекција од брошурата Читање и поучување.
Говор: (до 5 мин.) w12 1/1 8 — Тема: Зошто Сара била толку скапоцена за Авраам и за Јехова? (th лекција 14)
ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
„Што може да научиме од нашите музички спотови?“: (10 мин.) Дискусија. Пушти го музичкиот спот за песната Баш на прагот.
Потреби на собранието: (5 мин.)
Собраниско проучување на Библијата: (30 мин.) jy погл. 102
Заклучни зборови (до 3 мин.)
Песна 15 и молитва