Фуснота
b Септуагинтата додава дека Јона ’рчел, што јасно покажува колку цврсто заспал. Меѓутоа, тоа што Јона спиел не мора да значи дека му било сеедно што се случува. Понекогаш, луѓето што се многу потиштени може да бидат совладани од длабок сон. На пример, кога во градината Гетсиманија Исус минувал низ најтешките моменти од животот, Петар, Јаков и Јован ‚заспале од жалост‘ (Лука 22:45).