Речник на библиски поими
А Б Г Д Е Ж И Ј К М Н О П Р С У Х Ш
А
Ад.
Грчки збор кој има исто значење како хебрејскиот збор „шеол“. Преведен е со „гроб” и се однесува на симболично место каде што се наоѓаат мртвите. (Види ГРОБ.)
Б
Бесрамно однесување.
Ближен.
Г
Геена.
Грчко име за Долината на Еном, која се протегала јужно и југозападно од древниот Ерусалим (Ере 7:31). За неа било проречено дека ќе стане место кое ќе биде полно со мртви тела (Ере 7:32; 19:6). Не постојат докази дека животни или луѓе биле фрлани во Геената за живи да горат и да бидат мачени. Според тоа, геена не може да се однесува на некое невидливо место во кое душите на луѓето вечно се мачат во дословен оган. Исус и неговите ученици го користеле изразот „геена“ за да укажат на „втората смрт“, односно потполното и вечно уништување (От 20:14; Мт 5:22; 10:28).
Господар; Господ.
Хебрејскиот збор адон и грчкиот збор кириос честопати се однесуваат на некој што има авторитет и моќ над луѓе или нешта. Тие се користат за Јехова Бог (Езе 3:11), за Исус Христос (Мт 7:21), за ангели (Да 12:8) и за луѓе кои имаат авторитет, вклучувајќи ги и семејните поглавари (1Мо 42:30; Еф 6:5). На пример, според 1. Мојсеева 18:12, Сара го нарекла својот маж Авраам „мојот господар“, при што го употребила хебрејскиот збор адон. А апостол Петар, кога се осврнал на примерот на Сара, го употребил грчкиот збор кириос (1Пе 3:6). Библијата зборува за „многу ’богови‘ и многу ’господари‘“ (1Ко 8:5). Бидејќи Исус има посебна улога во Божјата намера, за него се вели дека Бог го направил „и Господар и Христос“ (Де 2:36; 1Ко 8:6). Зборот „Господ“ во нашиот јазик се дефинира главно како бог или христијански бог. Поради тоа што титулата „Господ“ на македонски јазик има ограничено значење и поради тоа што е сопствена именка која нема множина, во овој превод главно се користи зборот „Господар“. На тој начин се опфаќаат сите значења на зборовите од изворните јазици.
Гроб.
Може да се однесува на дословно место каде што се погребува мртвиот. Но може да се однесува и на симболично место каде што се мртвите, односно состојбата во која се наоѓаат тие (хебрејски: шеол; грчки: ад). Според Библијата, оние што се во гробот не можат да прават ништо и не се свесни за ништо (1Мо 47:30; Про 9:10; Де 2:31).
Д
Ден на подготовка.
Душа.
Вообичаен превод на хебрејскиот збор нефеш и грчкиот збор психи. На темел на тоа како овие зборови се користат во Библијата, јасно е дека се однесуваат на 1) луѓе, 2) животни или 3) животот на луѓето или животните (1Мо 1:20; 2:7; 4Мо 31:28; 1Пе 3:20). За разлика од тоа како изразот „душа“ се користи во многу религиозни контексти, Библијата покажува дека и нефеш и психи, кога станува збор за суштествата на Земјата, се однесуваат на нешто материјално, опипливо, видливо и смртно. Овие два збора најчесто се преведени според контекстот, како на пример со изразите „живот“, „суштество“, „човек“, „нечие цело битие“ или едноставно со лична заменка (на пример, „јас“ наместо „мојата душа“). Во повеќето случаи во ревидираните книги, изразот „душа“ се наоѓа во фуснота. Кога се користи овој израз, сеедно дали во главниот текст или во фуснота, треба да се разбере во склад со ова објаснување. Да правиш нешто со сета душа значи да го правиш тоа со целото свое битие, со целото срце или да го посветиш целиот свој живот на тоа (5Мо 6:5; Мт 22:37). На некои места, зборовите од изворниот јазик може да се однесуваат на лакомоста или желбите на човекот. Исто така, може да се однесуваат на мртов човек или мртво тело (4Мо 6:6; Из 23:2; Иса 56:11; Аг 2:13).
Е
Евнух.
Буквално значи кастриран маж. Таквите мажи обично служеле во царскиот дворец како чувари на жените, односно се грижеле за царицата и за наложниците. Овој израз се однесува и на мажи кои не биле кастрирани, но извршувале разни задачи во царскиот дворец. А во симболична смисла се користи за оние кои „одлучиле да не се женат“ за да му служат на Бог во поголема мера (Мт 19:12, фус.; Ес 2:15; Де 8:27).
Едом.
Друго име за Исав, синот на Исак. Потомците на Исав (Едом) се населиле во планинскиот крај Сеир, кој се наоѓал помеѓу Мртвото Море и Акапскиот Залив. Тоа подрачје подоцна станало познато како Едом (1Мо 25:30; 36:8).
Ж
Ждрепка.
Камчиња или мали парчиња дрво кои се користеле кога требало да се донесе некоја одлука. Обично се ставале во наборот на облеката или во некој сад, а потоа се протресувале. Одлуката се носела на темел на предметот кој ќе испаднел или кој ќе бил извлечен. Ова обично се правело под молитва. Изразот кој на изворниот јазик се користи за „ждрепка“ може да се преведе и како „дел“ (ИсН 14:2; Пс 16:5; Из 16:33; Мт 27:35).
И
Ирод.
Име на неколку владетели од една династија поставени од Рим да владеат над Евреите. Ирод Велики е познат по тоа што го обновил храмот во Ерусалим и по тоа што наредил да бидат убиени многу деца со цел да го убие Исус (Мт 2:16; Лк 1:5). Ирод Архелај и Ирод Антипа, синовите на Ирод Велики, владееле на некои подрачја кои претходно биле под власт на нивниот татко (Мт 2:22). Антипа бил тетрарх, кој меѓу луѓето бил познат и како „цар“. Тој владеел во текот на службата на Исус, која траела три и пол години, како и во периодот за кој се зборува во првите 11 поглавја од книгата Дела на апостолите (Мр 6:14-17; Лк 3:1, 19, 20; 13:31, 32; 23:6-15; Де 4:27; 13:1). Потоа, краток период владеел внукот на Ирод Велики, Ирод Агрипа I, кој бил погубен од еден Божји ангел (Де 12:1-6, 18-23). По него почнал да владее неговиот син, Ирод Агрипа II, и владеел сѐ до времето кога Евреите кренале бунт против Рим (Де 23:35; 25:13, 22-27; 26:1, 2, 19-32).
Исоп.
Растение со тенки гранки и мали листови кое се користело за попрскување со крв или вода за време на обредно очистување. Можеби станува збор за мајоран (Origanum maru; Origanum syriacum). Исопот спомнат во Јован 19:29 можеби бил мајоран прицврстен за некоја гранка, или пак некој вид на растението сирак (Sorghum vulgare), бидејќи неговото стебло било доволно долго за сунѓерот со кисело вино да се принесе до устата на Исус (2Мо 12:22; Пс 51:7).
Ј
Јехова.
Вообичаен превод на тетраграмот (четирите хебрејски букви од името на Бог). Во овој превод, името Јехова се појавува повеќе од 7.000 пати.
К
Козина.
Груба ткаенина најчесто направена од темни козји влакна која се користела за правење вреќи во кои, меѓу другото, се чувало жито. Козината обично се користела и како облека за жалење (1Мо 37:34; Лк 10:13).
Корал.
Тврда материја, слична на камен, која се формира од скелетот на ситни морски суштества. Коралите може да се најдат во океаните и морињата во разни бои, како на пример црвена, бела и црна. Особено ги имало во изобилство во Црвеното Море. Во библиски времиња, црвениот корал бил многу ценет и од него се изработувал накит и други украси (Из 8:11, фус.).
М
Маченички столб.
Превод на грчкиот збор ставрос, кој значи столб кој стои исправено, како оној на кој Исус бил погубен. Не постојат докази дека грчкиот збор се однесува на крст, каков што користеле паганите како верски симбол со векови пред Христос. Изразот „маченички столб“ потполно ја пренесува смислата на изворниот збор бидејќи зборот ставрос исто така укажува на маката, страдањето и срамот со кои ќе се соочеле следбениците на Исус (Мт 16:24; Ев 12:2).
Милја.
Мерка за должина која се појавува само еднаш во изворниот текст на Христијанските грчки списи во Матеј 5:41. Веројатно станува збор за римската милја, која изнесувала 1.479,5 метри.
Милостина.
Помош која се дава некому кој е во тешка ситуација. Не е спомната директно во Хебрејските списи, но Законот содржел конкретни упатства кои покажувале дека Израелците биле должни да се грижат за сиромашните (Мт 6:2, фус.).
Н
Налевна жртва.
Наложница.
О
Остен.
Долг стап со остар метален врв кој сточарите го користеле за да ги насочуваат животните каде да се движат. Зборовите на една мудра личност кои можат да поттикнат некого да прифати мудар совет се споредени со остен. Со изразот „да му се противиш на остенот“ се опишува однесувањето на еден тврдоглав бик кој се спротивставува на убодите на остенот така што клоца и со тоа се повредува самиот себе (Де 26:14; Су 3:31; Про 12:11).
Откупител.
Лице кое има право или должност да откупи од ропство некој близок роднина или да откупи земјиште или наследство на некој близок роднина (3Мо 25:25-27, 47-54). Овој израз е поврзан и со обичајот еден човек да се ожени за вдовицата на негов близок роднина и да ја продолжи неговата семејна лоза (Рут 4:7-10).
П
Поредок.
Грчкиот збор еон најчесто се преведува со изразите „поредок“ и „свет“ кога се однесува на условите во светот или на значајни карактеристики на одреден период, епоха или ера. Кога Библијата зборува за „овој свет“ или „сегашниов свет“, укажува на состојбата во светот и на световниот начин на живот (1Ко 2:6; 2Ти 4:10). Преку сојузот на Законот, Бог вовел еден поредок кој би можел да се нарече израелски, односно еврејски поредок. Подоцна, преку откупната жртва на Исус Христос, Бог вовел поинаков поредок, кој првенствено го вклучува собранието од помазани христијани. Со тоа започнала нова ера, во која почнало да се исполнува она што било претскажано со сојузот на Законот (Мт 24:3; Мр 4:19; Ри 12:2; 1Ко 10:11).
Поука.
Зборовите што се користат во изворниот јазик имаат широко значење и, зависно од контекстот, може да се преведат со: совет, поука, упатство, исправка, опомена, укор, казна, стега, дисциплина, воспитување, зауздување (Из 3:11; 19:20; Еф 6:4; Ев 12:5-7, 11).
Праведност.
Празникот на сениците.
Познат и како Празникот на бербата. Овој празник се славел од 15 до 21 етаним, и го означувал крајот на земјоделската година. Во таа прилика, Израелците се радувале и му благодареле на Јехова што го благословил нивниот род. За време на овој празник, луѓето живееле во сеници, односно засолништа со неколку столбови и кров од гранки, што требало да ги потсети на излегувањето од Египет. Празникот на сениците бил еден од трите празници на кои сите мажи требало да одат во Ерусалим за да ги прослават (3Мо 23:34; Езр 3:4).
Присутност.
На некои места во Христијанските грчки списи, овој збор ја опишува присутноста на Исус Христос како Цар во текот на последните денови на овој свет. Таа присутност започнала кога Исус бил устоличен како месијански Цар на небото. Христовата присутност не се однесува само на доаѓање и брзо заминување, туку опфаќа одреден временски период (Мт 24:3).
Р
Рог.
Животинските рогови се користеле како садови за пијалак, за масло, за чување мастило и козметички препарати, а служеле и како музички инструменти. А звукот на рогот служел и за давање различни сигнали (1Са 16:1, 13; 1Ца 1:39; Езе 9:2). Изразот „рог“ честопати се користи во преносна смисла како симбол за сила, освојување и победа (5Мо 33:17; Мх 4:13; Зх 1:19).
С
Сабат.
Доаѓа од еден хебрејски збор што значи „се одмора; престанува“. Според еврејскиот календар, сабатот бил седмиот ден во седмицата (од зајдисонце во петок до зајдисонце во сабота). Некои други празници во годината, како и седмата и педесеттата година, исто така биле наречени сабат. На сабат не смеело ништо да се работи; само свештениците смееле да ја извршуваат службата во светилиштето. Во текот на сабатната година, земјата не требало да се обработува и Евреите не смееле да бараат од своите сонародници да им ги исплатат долговите. Во Мојсеевиот закон ограничувањата за сабатот биле разумни, но верските водачи постепено додавале и други правила, па затоа во времето на Исус на луѓето им било тешко да се држат за сето тоа (2Мо 20:8; 3Мо 25:4; Лк 13:14-16; Кол 2:16).
Сатрап.
Сексуален неморал.
Грчки: порниа. Во Библијата овој израз се однесува на одредени сексуални постапки кои Бог ги забранува. Во тоа спаѓаат прељуба, проституција, сексуални односи меѓу лица што не се во брак, хомосексуалност и сексуални односи со животни. Во книгата Откровение овој израз се користи во симболична смисла кога станува збор за „Големиот Вавилон“, кој е опишан како блудница во религиозна смисла која прави неморал со владетелите на овој свет заради моќ и материјална добивка (От 14:8; 17:2; 18:3; Мт 5:32; Де 15:29; Га 5:19).
Синедрион.
Син човечки.
Израз кој во евангелијата се спомнува околу 80 пати. Се однесува на Исус Христос и покажува дека со тоа што се родил на Земјата навистина бил човек, а не само духовно суштество во човечко тело. Овој израз исто така покажува дека Исус требало да го исполни пророштвото запишано во Даниел 7:13, 14. Во Хебрејските списи, тој израз се користи за Езекиел и Даниел за да се истакне дека тие биле смртни луѓе за разлика од Бог, од кого потекнувала пораката што ја објавувале (Езе 3:17; Да 8:17; Мт 19:28; 20:28).
Собрание.
Група луѓе собрани за одредена цел или активности. Во Хебрејските списи, овој израз најчесто се однесува на израелскиот народ. Во Христијанските грчки списи се однесува на заедница на христијани во некое место, но многу почесто се однесува на сите христијани во светот како целина (1Ца 8:22; Де 9:31; Ри 16:5).
Столб.
Столбови биле користени при изградбата на храмот и на други објекти кои ги изградил Соломон. А некои биле подигани во знак на сеќавање на некои историски и важни настани. Паганските народи подигале свети столбови во чест на лажни богови и ги користеле во нивното обожавање. А и Израелците понекогаш го правеле истото (Су 16:29; 1Ца 7:21; 14:23). Некои народи користеле столб за да извршат погубување или за да изложат на него некое мртво тело како предупредување за другите или за јавно понижување. Асирците, кои биле познати како сурови војници, ги набивале заробениците на таков шилест столб, односно колец, кој им го пробивале во телото, низ стомакот сѐ до градниот кош. Но според еврејскиот закон, оние што биле виновни за тешки злодела, како хулење или идолопоклонство, прво биле погубувани со каменување или на некој друг начин, а потоа нивните тела биле обесени на столб или на дрво, како предупредување за другите (5Мо 21:22, 23; 2Са 21:6, 9). Римјаните понекогаш само ја врзувале жртвата на столбот, на кој постепено умирала за неколку дена од болки, жед, глад и изложеност на сонце. Во други случаи, како во случајот на Исус, на осудениците им биле приковувани дланките и стапалата на столбот (Лк 24:20; Јвн 19:14-16; 20:25; Де 2:23, 36). (Види МАЧЕНИЧКИ СТОЛБ.)
Страв од Бог.
Длабока почит кон Бог и исправен страв да не го разочараме. Таквиот страв е поттикнат од љубов и вера во Бог и раѓа во нас желба да го обожаваме и да им бидеме послушни на неговите закони (2Ко 7:1).
У
Урим и Тумим.
Предмети кои првосвештеникот ги користел како ждрепка за да одреди која е Јеховината волја кога ќе се појавело прашање што се однесувало на целиот народ. Првосвештеникот ги ставал во својот наградник кога влегувал во светиот шатор. По сѐ изгледа, престанале да се користат кога Вавилонците го уништиле Ерусалим (2Мо 28:30; Не 7:65).
Х
Христос.
Ш
Шеол.