ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Барај утеха од Јехова
    Стражарска кула 1996 | 1 Ноември
    • 5 На овој начин, грешната двојка почнала да умира. Кога ја донел смртната казна, Бог исто така му рекол на Адам: „Земјата нека биде проклета поради тебе; со мака ќе се храниш од неа сѐ до крајот на својот живот; трње и троскот ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска“ (1. Мојсеева 3:17, 18). На тој начин, Адам и Ева го изгубиле изгледот да ја претворат необработуваната Земја во рај. Истерани од Едем, тие морале да ја насочат својата енергија на вадење храна од почва што била проколната. Поради тоа што ја наследиле ваквата грешна, смртна состојба, нивните потомци дошле во состојба да имаат огромна потреба од утеха (Римјаните 5:12).

  • Барај утеха од Јехова
    Стражарска кула 1996 | 1 Ноември
    • 8 Јехова наумил да го уништи тој зол свет преку еден глобален потоп, но првин дал Ное да изгради една арка за да го сочува животот. На тој начин биле спасени човечкиот род и животинските видови. Колку само олеснето мора да се чувствувале Ное и неговото семејство после потопот, кога излегле од арката на исчистена Земја! Колку само утешно било да се забележи дека проклетството врз земјата било укинато, со што земјоделската активност станала толку многу полесна! Навистина, Ламеховото пророштво се покажало точно, а Ное живеел според значењето на своето име (1. Мојсеева 8:21). Како верен Божји слуга, Ное бил од помош во донесувањето на извесна мерка „утеха“ за човештвото. Меѓутоа, злобното влијание на Сатана и на неговите демонски ангели не завршило со потопот, а човештвото и понатаму стенка под товарот на гревот, болеста и смртта.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели