-
„Јехова ги познава оние што се негови“Стражарска кула 2014 | 15 Јули
-
-
4. Во што бил сигурен Павле, и како тоа се гледа од зборовите што му ги напишал на Тимотеј?
4 Павле бил сигурен дека Јехова може да види кој му е вистински слуга, а кој е лицемер. Тоа се гледа од зборовите што, под водство на светиот дух, му ги напишал на Тимотеј. Откако кажал каква духовна штета им направиле отпадниците на некои христијани во собранието, Павле додал: „Но Божјиот цврст темел стои неподвижно и на него е овој печат: ,Јехова ги познава оние што се негови‘ и ,Нека се одрече од неправедноста секој што го повикува името Јеховино‘“ (2. Тим. 2:18, 19).
-
-
„Јехова ги познава оние што се негови“Стражарска кула 2014 | 15 Јули
-
-
6 Пред да го спомне изразот „Божјиот цврст темел“, Павле ги цитирал зборовите што Мојсеј им ги упатил на Кореј и другите бунтовници, запишани во 4. Мојсеева 16:5. Очигледно тој се осврнал на настаните во времето на Мојсеј со цел да го охрабри Тимотеј и да го потсети дека Јехова го забележува она што го прават бунтовниците и дека им се спротивставува. Исто како што не му дозволил на Кореј да ја осуети неговата намера, Јехова немало да им дозволи ниту на отпадниците во собранието да го сторат тоа. Иако Павле не објаснил во детали што значи изразот „Божјиот цврст темел“, неговите зборови уште повеќе му ја зајакнале довербата на Тимотеј во Јехова.
-
-
„Јехова ги познава оние што се негови“Стражарска кула 2014 | 15 Јули
-
-
8, 9. Што можеме да научиме од ,печатот‘ кој бил втиснат на „Божјиот цврст темел“?
8 Во споредбата што ја користи во 2. Тимотеј 2:19, Павле спомнува темел на кој е втиснат печат. Во древни времиња, било вообичаено да се вреже натпис на темелот на некоја градба. Најчесто се пишувало кој ја направил или чија сопственост била таа. Павле бил првиот библиски писател што го искористил овој обичај како споредба.a Печатот кој се наоѓа на „Божјиот цврст темел“ се состои од две изјави. Првата е: „Јехова ги познава оние што се негови“, а втората е: „Нека се одрече од неправедноста секој што го повикува името Јеховино“. Овие зборови нѐ потсетуваат на она што е запишано во 4. Мојсеева 16:5. (Прочитај.)
-