-
Лојално подложувај му се на божествениот авторитетСтражарска кула 2002 | 1 Август
-
-
13. а) Зошто било дрско од страна на бунтовниците да принесуваат темјан пред Јехова? б) Како се справил Јехова со бунтовниците?
13 Според Божјиот закон, само свештениците можеле да принесуваат темјан. Самата помисла некој несвештенички Левит да принесе темјан пред Јехова требало да ги освести тие бунтовници (Излез 30:7; Броеви 4:16). Но, со Кореј и со оние што го поддржувале не било така! Следниот ден, тој ‚го собрал против [Мојсеј и Арон] целото општество при влезот во Шаторот на средбата‘. Извештајот ни кажува: „Господ им рече на Мојсеја и Арона: ‚Одделете се од заедницата за да ја сотрам веднаш!‘“ Но, Мојсеј и Арон преколнувале да бидат поштедени животите на луѓето. Јехова се согласил на нивните преколнувања. А што се однесува до Кореј и до неговото мноштво, ‚оган избувнал од Господа и ги голтнал двеста и педесетте луѓе кои принесувале темјан‘ (Броеви 16:19—22, 35).c
-
-
Лојално подложувај му се на божествениот авторитетСтражарска кула 2002 | 1 Август
-
-
c Во времето на патријарсите, секој семеен поглавар ги претставувал сопругата и децата пред Бог, па дури и принесувал жртви за нив (Битие 8:20; 46:1; Јов 1:5). Меѓутоа, кога бил воведен Законот, Јехова ги наименувал машките членови на Ароновото семејство за свештеници преку кои требало да се принесуваат жртви. Тие 250 бунтовници изгледа не биле спремни да соработуваат со ова преиначување на постапката.
-