-
Која е вистината за ангелите?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
5. Чувај се од спиритизам и од сите други облици на окултизам
Сатана и демоните му се непријатели на Јехова. Но, тие се и наши непријатели. Прочитај Лука 9:38-42, а потоа разговарајте за ова прашање:
Како се однесуваат демоните со луѓето?
Ние не сакаме да им дозволиме на демоните да влијаат врз нас. Прочитај 5. Мојсеева 18:10-12, а потоа разговарајте за овие прашања:
На кои начини демоните се обидуваат да влијаат врз луѓето и да комуницираат со нив? Кои работи поврзани со окултизам се вообичаени во местото каде што живееш ти?
Дали сметаш дека е разумно тоа што Јехова забранува да правиме работи поврзани со окултизам? Зошто?
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:
Што мислиш, дали беше опасно тоа што ќеркичката на Палеса имаше амајлија на раката? Зошто?
Што требаше да направи Палеса за да се заштити од демоните?
Вистинските христијани отсекогаш им се спротивставувале на демоните. Прочитај Дела 19:19 и 1. Коринќаните 10:21, а потоа разговарајте за ова прашање:
Ако имаш некои работи кои се поврзани со окултизам, зошто е многу важно да ги уништиш?
-
-
Што се случува со луѓето кога ќе умрат?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
2. Како ни користи тоа што ја знаеме вистината за смртта?
Многу луѓе се плашат од смртта, па дури и од умрените. Но, можеш да најдеш утеха во она што Библијата го кажува во врска со смртта. Исус рекол: „Вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32). За разлика од она што го тврдат некои религии, Библијата не вели дека луѓето имаат бесмртна душа која продолжува да живее по смртта. Според тоа, кога некој ќе умре, тој не страда. Исто така, бидејќи не се свесни за ништо, мртвите не можат да ни наштетат. Затоа, не треба да ги обожаваме, да се молиме за нив, ниту да правиме обичаи со цел да ги смириме.
Некои луѓе велат дека можат да комуницираат со мртвите. Но тоа е невозможно. Како што веќе видовме, „мртвите не се свесни за ништо“. Оние што мислат дека комуницираат со своите блиски што починале, всушност, можеби комуницираат со демони кои се преправаат дека се духови на умрените. Значи, тоа што ја знаеме вистината за мртвите нѐ штити од демоните. Јехова нѐ предупредува да не се обидуваме да комуницираме со мртвите бидејќи знае дека таквиот контакт со демоните ќе ни наштети. (Прочитај 5. Мојсеева 18:10-12.)
-