-
Постапила разборитоУгледајте се на нивната вера
-
-
12 Тој зоврел од бес! „Им се развика“, ѝ раскажал на Авигеја младиот човек што го спомнавме во почетокот. Скржавиот Навал пред сите рекол дека нема да ги даде својот скапоцен леб, водата и стоката што ја заклал. Го потценил Давид како да е никој и ништо и го споредил со обичен слуга што избегал од својот господар. Можеби Навал гледал на работите слично како Саул, кој го мразел Давид. Ниту едниот ниту другиот не гледале на Давид како што гледал Јехова. Бог го сакал Давид и во негови очи тој не бил бунтовен слуга туку иден цар на Израел (1. Сам. 25:10, 11, 14).
-
-
Постапила разборитоУгледајте се на нивната вера
-
-
14. а) На кој начин Авигеја веќе го направила првиот чекор за да ја исправи грешката на Навал? б) Што можеме да научиме од разликата меѓу Навал и Авигеја? (Види ја и фуснотата.)
14 Како што видовме, Авигеја веќе го направила првиот чекор за да ја исправи таа страшна неправда. За разлика од нејзиниот сопруг, Навал, таа била спремна да го сослуша својот слуга. Еве што рекол младиот слуга за Навал: „Тој е толку расипан човек што не може ни да се разговара со него“ (1. Сам. 25:17).c За жал, Навал се сметал себеси за толку важен што не сакал никого да сослуша. И денес многу луѓе покажуваат слична вообразеност. Но, младиот слуга знаел дека Авигеја не е таква, па веројатно затоа отишол кај неа.
За разлика од Навал, Авигеја била спремна да сослуша
-