Дали ја цениш Јеховината организација?
„Вака вели Господ: небото е Мој престол, а земјата — подножје на нозете Мои“ (ИСАИЈА 66:1).
1, 2. а) На кој видлив доказ за Јеховината организација можеш да укажеш? б) Каде престојува Јехова?
ДАЛИ веруваш дека Јехова има организација? Ако да, зошто веруваш во тоа? Можеби ќе одговориш: ‚Па, имаме Сала на Царството. Имаме добро уредено собрание со старешинско тело. Имаме соодветно наименуван покраински надгледник кој редовно нѐ посетува. Присуствуваме на организирани собири и конгреси. Во нашава земја имаме канцеларија на подружницата на Watch Tower Society. Секако, сево ова и многу повеќе докажува дека Јехова има организација која функционира‘.
2 Таквите обележја се рамни на доказ за организација. Но, доколку сето она што го гледаме и признаваме е тука на Земјата, тогаш немаме потполно сфаќање за Јеховината организација. Јехова му кажал на Исаија дека Земјата е само подножје на Неговите нозе, но небото е Неговиот престол (Исаија 66:1). На кое „небо“ укажувал Јехова? На нашата атмосфера? На вселенскиот простор? Или, пак, на некој друг степен на живот? Исаија зборува за Јеховиното ‚живеалиште на светиња и слава‘, а псалмистот тоа небо го опишува како „утврдено место, каде што престојува“. На тој начин, „небото“ во Исаија 66:1 укажува на невидливото духовно подрачје во кое Јехова зазема врховна, т. е. конечна позиција (Исаија 63:15; Псалм 33:13, 14, NW).
3. Како можеме да ги надминеме сомневањата?
3 Затоа, доколку навистина сакаме да ја согледаме и да ја цениме Јеховината организација, мораме да се обѕрнеме кон небото. А во тоа всушност лежи проблемот за некои. Со оглед на тоа што Јеховината небесна организација е невидлива, како тогаш знаеме дека таа навистина постои? Можеби некои поминуваат дури и низ еден тунел на сомневање, прашувајќи се: ‚Како можеме да бидеме сигурни?‘ Па, како може верата да го надмине сомневањето? Два клучни начина за тоа се: интензивната лична студија на Божјата Реч и редовното присуство и вклученост на христијанските состаноци. Тогаш ја гледаме светлината на вистината на крајот од тунелот. Имало и други Божји слуги кои имале сомненија. Да го разгледаме случајот со Елисеевиот слуга, кога Израел бил нападнат од сирискиот цар. (Спореди Јован 20:24—29; Јаков 1:5—8.)
Некој кој ги видел небесните мноштва
4, 5. а) Каков проблем имал Елисеевиот слуга? б) Како Јехова се одѕвал на Елисеевата молитва?
4 Сирискиот цар ноќе испратил огромна воена сила во Дотаим за да го зароби Елисеј. Кога Елисеевиот слуга се разбудил рано утрото и излегол, можеби за да земе малку свеж воздух на рамниот покрив од нивното живеалиште на Средниот Исток, па, каков само шок доживеал! Цела војска Сиријци со коњи и воени коли го опколувала градот, чекајќи да го зароби Божјиот пророк. Слугата извикал кон Елисеј: „Тешко, господару! Што да правиме?“ Очигледно, смирено и со уверување, Елисеј се одѕвал: „Не плаши се, зашто оние, што се со нас, се повеќе од оние, што се со нив“. Сигурно слугата се прашувал: ‚Каде се тие? Не можам да ги видам!‘ Понекогаш, можеби тоа е и наш проблем — пропустот да ги видиме со очите на разбирањето, т. е. да ги согледаме небесните мноштва (4. Царства 6:8—16; Ефесјаните 1:18).
5 Елисеј се молел за да му се отворат очите на неговиот слуга. Што се случило потоа? „Господ му ги отвори очите на слугата, и тој виде, а тоа, целата гора полна со коњи и огнени коли околу Јелисеја“ (4. Царства 6:17). Да, тој ги видел небесните мноштва, ангелските војски кои чекале за да го заштитат Божјиот слуга. Сега, тој можел да ја разбере Елисеевата доверба.
6. Како можеме да добиеме увид во Јеховината небесна организација?
6 Дали ние понекогаш имаме проблем со согледувањето, сличен на оној што го имал Елисеевиот слуга? Дали сме склони да ја гледаме само физичката страна на ситуациите кои ни се закануваат нам или на христијанското дело во извесни земји? Ако да, можеме ли да очекуваме да нѐ просвети некоја специјална визија? Не, бидејќи ние имаме нешто што Елисеевиот слуга немал — една цела книга која содржи многу визии, Библијата, која може да ни даде увид во небесната организација. Исто така, таа инспирирана Реч дава водечки принципи за да го исправиме нашето размислување и нашиот начин на живот. Меѓутоа, мораме да вложиме напор да бараме проникливост и да негуваме ценење за Јеховиното уредување. А тоа можеме да го правиме преку лична студија, заедно со молитва и медитирање (Римјаните 12:12; Филипјаните 4:6; 2. Тимотеј 3:15—17).
Да проучуваме за да согледаме
7. а) Каков проблем можеби имаат некои со личната библиска студија? б) Зошто личната студија се исплаќа?
7 Личната студија не е задолжително пријатен изглед за многу луѓе, како на пример за оние кои никогаш не уживале во учењето на училиште ниту, пак, некогаш имале можност да се занимаваат со тоа. Меѓутоа, доколку сакаме да ја согледаме и да ја цениме Јеховината организација со нашите очи на разбирање, мораме да негуваме желба да проучуваме. Можеш ли да уживаш во некој добар оброк без подготовка? Како што ќе ти каже секој готвач, при подготовката на еден вкусен оброк оди многу работа. Сепак, тој може да се изеде за половина час или помалку. Од друга страна, пак, користите од личната студија можат да траат доживотно. Личната студија може да стане уживање кое може да се стекне кога го гледаме напредокот што го постигнуваме. Апостол Павле со право рекол дека би требало да обрнуваме постојано внимание на себе и на нашето учење и да продолжиме да се посветуваме на јавното читање. Потребен е доследен напор, но користите можат да бидат трајни (1. Тимотеј 4:13—16).
8. Каков став препорачува Изреки?
8 Еден мудар човек од дамнина рекол: „Синко, [или ќерко] ако [ти, NW] ги примиш зборовите на Моите заповеди и [ти, NW] ги зачуваш во себеси, ако увото твое внимателно ја слуша мудроста, ако срцето твое се приклони кон размислување, ако [ти, NW] со нив го поучиш синот твој; ако [ти, NW] ги повикаш знаењето и разумот; ако [ти и понатаму, NW] ги бараш како сребро [скриено богатство, NW] и [ти, NW] ги истражуваш како ризница, — ќе го разбереш стравот Господов и ќе го најдеш знаењето [самото спознание, NW] за Бога“ (Изреки 2:1—5).
9. а) Како вредноста на златото се споредува со „самото спознание за Бога“? б) Кои алатки ни се потребни за да стекнеме точно спознание?
9 Дали препознаваш каде лежи одговорноста? ‚Ако ти‘ е повторлива фраза. И забележи го изразот „ако ти и понатаму ги бараш како скриено богатство“. Размисли за рударите кои со векови копале по сребро и злато во Боливија, Јужна Африка, Мексико и во други земји. Тие напорно работеле, користејќи казми и лопати за да ја ископаат карпата од која требало да ги добијат скапоцените метали. Толку многу го вреднувале златото што во еден рудник во Калифорнија (САД) ископале тунели од 591 километар, достигнувајќи вертикална длабочина од околу 1,5 километар — само за да најдат злато. Сепак, можеш ли да јадеш злато? Да пиеш злато? Дали тоа ќе те поддржи во пустина доколку умираш од глад и жед? Не, неговата вредност е вештачка и произволна, менувајќи се од ден на ден како што се рефлектира на меѓународните пазари. И покрај тоа, луѓе умирале заради него. Сега, за колкав напор вреди добивањето духовно злато, „самото спознание за Бога“? Размисли за тоа — самото спознание за Суверениот Господ на универзумот, за неговата организација и за неговите намери! Во тој поглед, можеме да користиме духовни казми и лопати. Тоа се публикациите темелени на Библијата кои ни помагаат да копаме по Јеховината Реч и да проникнеме во нејзиното значење (Јов 28:12—19).
Копање по увид
10. Што видел Даниил во визија?
10 Ајде да направиме извесно духовно копање за да почнеме да го добиваме самото спознание за Јеховината небесна организација. Заради еден клучен увид, да свртиме кај Данииловата визија за Древниот на денови на неговиот престол. Даниил пишува: „Видов најпосле дека се поставија престоли и седнат Старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; престолот Негов личеше на огнен пламен, а тркалата му беа како оган што пламти. Река огнена излетуваше и минуваше пред Него; илјада илјади му служеа, и десетина илјади по десет илјади стоеја пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија“ (Даниил 7:9, 10). Кои биле овие илјадници кои му служеле на Јехова? Маргиналните референци во New World Translation, користени како „казми“ и „лопати“, нѐ водат до референци како што се Псалм 67:17 и Евреите 1:14. Да, оние кои служеле биле небесните ангели!
11. Како може Данииловата визија да ни помогне да ги разбереме зборовите на Елисеј?
11 Извештајот на Даниил не вели дека тој ги видел сите верни ангели кои ги има Бог на своја заповед. Можеби ги има уште милиони. Но, сигурно сега можеме да сфатиме зошто Елисеј можел да каже: „Оние, што се со нас, се повеќе од оние, што се со нив“. Војската на сирискиот цар, иако поддржувана од неверните ангели, демоните, била бројно надмината од страна на Јеховините небесни војски! (Псалм 33:7; 90:11).
12. Како можеш да дознаеш повеќе за ангелите?
12 Можеби ти би сакал да знаеш повеќе за овие ангели, како на пример, која улога ја играат служејќи му на Јехова. Од грчкиот збор за ангел, можеме да видиме дека тие се гласници бидејќи тој значи и „гласник“. Меѓутоа, во нивните должности вклучено е многу повеќе. Но, за да откриеш што е тоа, мораш да копаш. Доколку имаш на располагање Insight on the Scriptures, можеш да ја проучуваш статијата „Ангели“ или можеш да погледнеш во некои претходни статии од Стражарска кула во врска со ангелите. Ќе бидеш зачуден од тоа колку многу можеш да научиш за овие Божји небесни слуги и ќе ја цениш нивната поддршка (Откровение 14:6, 7). Меѓутоа, во Божјата небесна организација, некои духовни суштества служат за специјализирани цели.
Што видел Исаија
13, 14. Што видел Исаија во визија, и како тоа влијаело врз него?
13 Сега, да направиме копање по визијата на Исаија. Кога го читаш поглавје 6, стихови 1 до 7, би требало да бидеш импресиониран. Исаија вели дека ‚го видел Господа, седнат на престолот‘ и дека ‚околу Него стоеле серафими‘. Тие ја објавувале Јеховината слава, величајќи ја неговата светост. Би требало да бидеш погоден дури и од самото читање на овој извештај. Каква била реакцијата на Исаија? „И реков: ‚Тешко ми мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, — а очите мои Го видоа Царот, Господа Саваот!‘“ Колку само бил импресиониран од таа визија! Дали си и ти?
14 Тогаш, како можел Исаија да ја издржи оваа величествена глетка? Тој објаснува дека на помош му дошол еден серафим и му рекол: „Твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очисти“ (Исаија 6:7). Исаија можел да има доверба во Божјата милост и да обрне внимание на Јеховините зборови. Сега, зарем ти не би сакал да знаеш повеќе за овие духовни суштества од висок ранг? Тогаш, што мораш да правиш? Копај по повеќе информации. Една алатка за користење би бил Watch Tower Publications Index, следејќи ги неговите референци на многу извори на разјаснувачки информации.
Што видел Језекиил?
15. Што покажува дека визијата на Језекиил е веродостојна?
15 Како следно, да поминеме на еден друг тип духовно суштество. Додека сѐ уште бил заробеник во Вавилон, Језекиил бил привилегиран да добие една инспирирачка визија. Отвори ја својата Библија во Језекиил, поглавје 1, првите три стихови. Како започнува извештајот? Дали вели: ‚Еднаш, во едно време, во една далечна земја . . ?‘ Не, ова не е бајка во некоја митолошка временска рамка. Стих 1 наведува: „Во триесеттата година, четвртиот месец, петтиот ден од месецот, кога бев меѓу преселените при реката Ховар, се отворија небесата — и јас видов Божји виденија“. Што забележуваш во врска со овој стих? Тој дава точен датум и прецизно место. Овие детали укажуваат на петтата година од изгнанството на цар Јехонија, 613 година пр. н. е.
16. Што видел Језекиил?
16 Јеховината рака дошла врз Језекиил и тој почнал да гледа една визија, која влева стравопочитување, за Јехова на престол во една пространа небесна кола која имала огромни тркала со очи околу обрачите. Детаљот кој овде нѐ интересира е тоа што таму имало четири суштества, на секое тркало стоело по едно. „По обликот свој слични на човек; секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив — по четири крилја; Обликот на лицето нивно им беше како лице човечко и лице лавовско од десната страна кај сите четири; а, пак, од левата страна — лице телешко при сите четири, и лице орловско кај сите четири животни“ (Језекиил 1:5, 6, 10).
17. Што претставуваат четирите лица на херувимите?
17 Што биле овие четири живи суштества? Самиот Језекиил ни кажува дека тоа биле херувими (Језекиил 10:1—3, 14). Зошто имале по четири лица? За да ги претстават четирите истакнати атрибути на Суверениот Господ Јехова. Лицето на орелот било симбол на далекувидна мудрост (Јов 39:27—29). Што претставувало лицето на бикот? Со огромната сила на неговиот врат и плеќи, познато е дека еден борбен бик крева коњ и јавач во воздух. Секако, бикот е симбол на Јеховината безгранична моќ. Лавот е употребен како симбол на храбра правда. На крај, лицето на човек соодветно ја претставува Божјата љубов, бидејќи човекот е единствено земно суштество кое може интелигентно да ја манифестира оваа особина (Матеј 22:37, 39; 1. Јованово 4:8).
18. Како апостол Јован придонесува кон нашето согледување на небесната организација?
18 Има и други визии кои можат да ни помогнат да ја комплетираме сликата. Тие ги вклучуваат Јовановите визии раскажани во библиската книга Откровение. Тој, како и Језекиил, го гледа Јехова на величествен престол придружуван од херувими. Што прават херувимите? Тие ја одгласуваат објавата на серафимите од Исаија, поглавје 6, велејќи: „Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!“ (Откровение 4:6—8). Јован гледа и јагне покрај престолот. Кого би можело тоа да го претставува? Самото Јагне Божје, Исус Христос (Откровение 5:13, 14).
19. Преку оваа студија, што согледа ти во врска со Јеховината организација?
19 Така, со посредство на овие визии, што согледавме? Дека небесната организација го има во својот зенит Јехова Бог на неговиот престол, придружуван од Јагнето, Исус Христос, кој е Речта, т. е. Логосот. Потоа, видовме едно небесно мноштво ангели, вклучувајќи серафими и херувими. Тие се дел од една огромна, обединета организација која служи за Јеховините намери. А една од тие намери е проповедањето на добрата вест ширум светот во ова време на крајот (Марко 13:10; Јован 1:1—3; Откровение 14:6, 7).
20. Кое прашање ќе биде одговорено во следната статија?
20 На крај, имаме Јеховини сведоци на Земјата кои се состануваат во своите Сали на Царството за да научат како да ја вршат волјата на Суверениот Господ. Секако, сега можеме да сфатиме дека постојат повеќе кои се со нас од оние кои се со Сатана и со непријателите на вистината. Останува прашањето: ‚Што има небесната организација со проповедањето на добрата вест за Царството?‘ Следната статија ќе го испита тоа а и други работи.
Прашања за повторување
◻ За да ја цениме Јеховината организација, што мораме да согледаме?
◻ Какво искуство имал Елисеевиот слуга, и како пророкот го охрабрил?
◻ Како би требало да гледаме на личната студија?
◻ Како Даниил, Исаија и Језекиил даваат детали за небесната организација?
[Слика на страница 13]
Користите од личната студија далеку ги надминуваат оние од еден добро подготвен оброк
[Слика на страница 15]
Една визија за небесните мноштва била Јеховин одговор на Елисеевата молитва