Се сеќаваш ли?
Дали грижливо си размислил за неодамнешните изданија на Стражарска кула? Ако да, ќе ти биде интересно да се потсетиш на следново:
◻ Зошто е неразумна доктрината за предодреденост?
Доколку Бог однапред го знаел и го одредил Адамовото запаѓање во грев, тогаш Јехова би станал автор на гревот кога го создал човекот и би бил намерно одговорен за сета човечка злоба и страдање. Ова не може да се усогласи со фактот дека Јехова е Бог на љубов кој ја мрази злобата (Псалм 32:5; Изреки 15:9; 1. Јованово 4:8; 15.4., страници 7, 8).
◻ Во исполнување на Исаија 2:2—4, што прават луѓето од многу нации?
Додека се слеваат кон Јеховиниот дом на обожавање, тие се воздржуваат и од тоа ‚да се учат на војна‘ бидејќи ја положиле својата доверба во заштитата од Божјите небесни војски, кои се спремни да ги уништат сите непријатели на мирот (15.4., страница 30).
◻ Кои се Божјите моќни за кои се зборува во Јоил 3:10, 11 (NW)?
Во Библијата, околу 280 пати вистинскиот Бог е наречен „Јехова над војските“ (4. Царства 3:14). Овие војски се моќните ангелски мноштва на небото кои се спремни да ја извршат Јеховината заповед (1.5., страница 23).
◻ Каква поука можеме да извлечеме од тоа што Јехова побарал Јов да се помоли за оние кои му згрешиле? (Јов 42:8).
Пред Јов да биде вратен во здрава состојба, Јехова побарал тој да се помоли во корист на оние кои му згрешиле. Ова покажува дека Јехова бара да им простуваме на оние кои ни грешат пред да можат да бидат простени нашите гревови (Матеј 6:12; Ефесјаните 4:32; 1.5., страница 31).
◻ Што мислел Јаков кога рекол: „Истрајноста нека го доврши своето дело“? (Јаков 1:4, NW).
Истрајноста има една работа, едно „дело“. Нејзината задача е да нѐ направи потполни во секој поглед. Оттука, со тоа што дозволуваме испитите да течат по својот пат без да користиме небиблиски средства за да ги доведеме до брз крај, нашата вера се испитува и рафинира (15.5., страница 16).
◻ Зошто Бог чекал толку долго за да ги реши проблемите на човештвото?
Јеховиното гледиште за времето се разликува од нашето. За вечниот Бог, периодот од Адамовото создавање па досега не изнесува дури ни една седмица (2. Петрово 3:8). Но, какво и да е гледиштето за времето што го имаме, секој ден кој поминува нѐ доведува сѐ поблизу до Јеховиниот ден на оправдување (1.6., страници 5, 6).
◻ Што ги мотивира Јеховините сведоци?
Јеховиното поучување произвело еден уникатен народ, луѓе школувани да се љубат еден со друг и својот ближен како себеси (Исаија 54:13). Љубовта е таа што ги мотивира Јеховините сведоци да продолжат да проповедаат и покрај апатијата и противењето на јавноста (Матеј 22:36—40; 1. Коринтјаните 13:1—8; 15.6., страница 20).
◻ Што се подразбира од Исусовите зборови: „Силно напрегајте се да влезете на тесната врата“? (Лука 13:24, NW).
Исусовите зборови подразбираат борба, да се испружиме. Исто така, неговите зборови покажуваат дека некои би можеле да се обидуваат да ‚влезат низ вратата‘ само кога ним им е погодно, со едно лесно темпо кое тие го претпочитаат. Затоа, секој од нас може да се запраша: ‚Дали јас се залагам со марливост и трудољубивост?‘ (15.6., страница 31).
◻ Како воскреснатите ќе бидат ‚судени според запишаното во книгите, според делата нивни‘? (Откровение 20:12).
Овие книги не се записот за нивните минати постапки; кога тие умреле, биле ослободени од гревовите што ги извршиле за време на нивниот животен век (Римјаните 6:7, 23). Меѓутоа, воскреснатите луѓе сѐ уште ќе бидат под адамскиот грев. Тогаш, овие книги сигурно ќе изложуваат божествени упатства кои сите мора да ги следат за да извлечат целосна корист од жртвата на Исус Христос (1.7., страница 22).
◻ Кои поуки ги содржи за нас Исусовата парабола за ближниот Самарјанин? (Лука 10:30—37).
Исусовата парабола покажува дека лицето кое навистина е исправно не само што ги слуша Божјите закони туку и ги имитира неговите особини (Ефесјаните 5:1). Исто така, таа покажува дека нашите добри односи кон соседите треба да ги надминуваат сите национални, културни и религиозни бариери (Галатјаните 6:10; 1.7., страница 31).
◻ На кои три подрачја би можеле да ги запознаете своите деца и да им дадете родителско водство?
1) Помогнете им на своите деца да изберат прикладен вид световна работа; 2) подгответе ги да се справат со емоционалниот стрес на училиште и на работното место; 3) покажете им како да ги задоволат своите духовни потреби (15.7., страница 4).
◻ За која цел Бог се одморал во ‚седмиот ден‘? (1. Мојсеева 2:1—3).
Бог не се одморал бидејќи бил уморен. Наместо тоа, тој се откажал од земната работа за да дозволи неговото создание да се развие и да дојде во целосна слава, на негова фалба и чест (15.7., страница 18).
◻ На кои три начини можеме да практикуваме правда?
Прво, мора да се повинуваме на Божјите морални мерила (Исаија 1:17). Второ, практикуваме правда кога со другите се однесуваме на начинот на кој сакаме Јехова да се однесува со нас (Псалм 129:3, 4). Трето, покажуваме побожна правда кога трудољубиво се ангажираме во проповедничката активност (Изреки 3:27; 1.8., страници 15, 16).