Бидете исполнети со радост
”Учениците и понатаму беа исполнети со радост и свет дух.“ (ДЕЛА НА АПОСТОЛИТЕ 13:52).
1. (а) Каков вид на плод е радоста? (б) За која радосна припрема треба да го славиме Бог?
РАДОСТ! Оваа христијанска особина е на второ место, веднаш до особината љубов во Павловиот опис на плодовите на духот (Галатјаните 5:22-25). А која е причината за таа радост? Добрата вест која Божјиот ангел им ја објавил на понизните овчари пред повеќе од 1 900 години: ”Гледајте! Ви објавувам добра вест на голема радост која ќе ја имаат сите луѓе, зашто денес во Давидовиот град ви е роден Спасител, кој е Христос, Господ.“ Потоа се појавило множество ангели кои му се придружиле на ангелот радосно да го фалат Бога: ”Слава на Бога горе во висините, а на Земјата мир меѓу луѓето на добра волја.“ (Лука 2:10-14).
2, 3. (а) Зошто било прикладно Бог да го испрати својот провороден Син да стане Откупител на човештвото? (б) На кои други начини им послужил Исус на Божјите намери на Земјата?
2 Јеховината добра волја кон луѓето се изразува преку неговите припреми за спасение преку Господ Христос. Првородениот Божји Син претставува персонификација на правата мудрост и е опишан како зборува за својот Татко во времето на создавањето: ”Потоа станав цврста и сигурна работничка покрај него, тогаш катаден се исполнував со восхит, и се радував пред него во секоја прилика; ѝ се радував на неговата плодоносна земја, да, најголемата радост ми беше со синовите човечки.“ (Пословици 8:30, 31, превод Rotherham).
3 Според тоа, било на место Јехова да го испрати овој Син, кој наоѓал толку голема радост во човечките синови, да биде Откупител на човештвото. И како би се прославил Бог со тоа? Би се отворил патот кон остварување на неговата грандиозна намера да ја наполни Земјата со праведни, мирољубиви луѓе (1. Мојсеева 1:28). И додека неговиот верен Син, Исус, биде на Земјата, требало да покаже дека еден совршен човек може верно да го слуша Јехова како Суверен под најсурово испитување, и со тоа потполно да го оправда праведното владеење на својот Татко над сѐ што создал (Евреите 4:15; 5:8, 9). Исусовото чување на интегритетот оставило пример за сите вистински христијани блиску да ги следат неговите стапки (1. Петрово 2:21).
4. Со каква голема радост резултира Исусовата издржливост, и како треба тоа да нѐ охрабри?
4 Исус наоѓал ненадминлива радост во вршењето на волјата на својот Татко, во исчекувањето на уште поголема радост, како што покажува Павле во Евреите 12:1, 2: ”Да трчаме со истрајност во трката која е пред нас, додека го држиме својот поглед вперен во нашиот Главен Посредник и Усовршител на нашата вера, Исус. За радоста што му претстои тој претрпе маченички столб, го презре срамот, и седнал на десната страна од Божјиот престол.“ Каква е таа радост? Радоста што ја има Исус не е само во посветувањето на името на неговиот Татко и во откупувањето на човештвото од смрт, туку и во тоа што како владеачки Цар и Првосвештеник, на послушните луѓе ќе им подари бескраен живот на рајската Земја (Матеј 6:9; 20:28; Евреите 7:23-26).
5. Кои се Исусовите ”браќа“, и каква единствена радост делат?
5 Да, Божјиот Син секогаш наоѓал радост да му служи на човештвото. И бил радосен да служи со својот Татко при избирањето на една група луѓе кои го чуваат својот интегритет, кои ги нарекува свои ”браќа“ и кои при смртта воскреснуваат на небото. Овие влегуваат во единствена радост со Исус. Прогласени се за ”среќни и свети“, и ќе ”бидат свештеници на Бог и на Христос, и ќе владеат со него како цареви илјада години.“ (Евреите 2:11; Откровение 14:1, 4; 20:6).
6. (а) Каков радосен повик упатува Царот до своите ”други овци“? (б) Какви привилегии уживаат многу од овие овци денес?
6 Понатаму, едно големо множество од ”други овци” кои владеечкиот Цар ги одвојува од својата десна страна, ја прифаќаат поканата: ”Дојдете, вие кои сте благословени од мојот Татко, наследете го Царството кое е припремено за вас од основањето на светот.” (Јован 10:16; Матеј 25:34). Каква радосна привилегија! Од оние кои ќе го наследат земското подрачје на Царството, многумина и сега прифаќаат одговорни задачи покрај помазаните, како што прорекол Јехова: ”И навистина туѓинци ќе стојат и ќе ги пасат вашите стада, и туѓинци ќе ви бидат орачи и лозари. А вие ќе бидете наречени свештеници Јеховини; за вас ќе се вели дека сте слуги на нашиот Господ.“ Сите тие заедно со Божјиот пророк велат: ”Навистина ќе се радувам во Јехова. Душата ќе ми биде радосна во мојот Бог. Зашто ме облекол во облеката на спасението.“ (Исаија 61:5, 6, 10).
7. Зошто овој ”ден“ од 1914 па наваму е многу особен?
7 Ние Живееме во еден посебен ден. Од 1914. тоа е ден на Христовото владеење како небески Цар, опишан во Псалми 118:24, 25: ”Тоа е денот кој го направил Јехова; ќе викаме радосно и ќе се радуваме во него. Ах, Јехова, спаси нѐ сега, те молам! О, Јехова, подари ни сега успех!“ Тој ден ќе ја достигне кулминацијата кога Јехова ќе ја уништи вавилонската религија и ќе ја обедини Христовата невеста од 144 000 браќа со нивниот небески Цар. Сите од Божјиот народ ќе ”се радуваат и ќе викаат од радост“ поради тоа. Исто така ќе се радуваат кога Месијанскиот Цар ќе се бори во Армагедон за да го спаси својот верен народ во својот праведен нов свет (Откровение 19:1-7, 11-16). Дали Јехова подарува успех додека неговиот народ ја објавува оваа радосна надеж? Тоа ќе ни го објасни следниот извештај
Сеопшт пораст
8. (а) Како е одразена радоста со светиот дух во извештаите на страниците 18 до 21 во ова списание? (б) Кои се некои од врвните точки во извештајот?
8 Современите Сведоци на Јехова ”изобилуваат во надежта со силата на светиот дух“ (Римјаните 15:13). Ова може да се види на табелата на страна 18 до 21 во ова списание, кадешто детално е изнесен светскиот извештај за службата за Царството во 1990. Колку се радуваме да го видиме новиот највисок број од 4 017 213 активни објавители во службата! Тоа покажува пораст од 77 посто за последните десет години, додека собирањето на овците брзо се одвива во 212 земји ширум светот. После 15 години бројот на крстените повторно достигна највисок број на сите времиња — 301 518! На многу конгреси имаше исклучително високи броеви на крстени, особено на оние кадешто присуствуваа Сведоците од Источна Европа. Меѓу нив имаше и многу млади луѓе, со што ја побивја изјавата на социјализмот дека религијата ќе изумре со старите луѓе.
9. (а) Какви радосни резултати донесува раната родителска поука? (б) Кои месни или други искуства го потврдуваат тоа?
9 Многумина млади луѓе се одѕиваат на повикот од Псалми 32:11: ”Радувајте се во Јехова и викајте од радост, вие праведници“. Се чини дека многу родители го применуваат советот за воспитување на децата ”од најраното детство“ (2. Тимотеј 3:15). Добро се користеше литературата и касетите наменети за најмладите. Штом ќе тргнат на училиште, овие малечки веднаш даваат убаво сведоштво, како примерот со 8-годишната Јапонка, која рекла: ”По летниот распуст ѝ пријдов на учителката и ја прашав: ’Дали го посетивте татковиот гроб за време на распустот?‘ Таа одговори: ’Да, татко ми беше многу мил човек, и секоја година го посетувам неговиот гроб.‘ Јас ѝ реков: ’Ако ја проучувате Библијата и ако ги следите Божјите поуки, ќе можете да го видите Вашиот сакан татко во земскиот рај.‘ Потоа ѝ ја дадов книгата Мојата книга со библиски приказни. Сега нашата учителка секоја седмица ни чита по едно поглавје од оваа книга пред целото одделение за време паузата за ужина.“
10. За кои добри цели послужила книгата Младите прашуваат, и наведи некои примери?
10 Младите луѓе одлично ја користеле книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, како за лично проучување така и за сведочење на другите младинци. И родителите ја ценат оваа книга. Една сестра од Швајцарија, која служи како помошен пионер, решила да ги посети родителите на школските другарчиња на своето дете. Оваа книга отворила многу прекрасни разговори со многу родители, и биле дадени 20 книги (највеќе Младите прашуваат) и 27 списанија. Кога една ученичка од Тринидад ѝ ја дала оваа книга на учителката во училиштето, следејќи го нејзиниот пример, мајка ѝ разделила 25 примероци кај персоналот од 36 вработени. И следниот месец продолжила и им посветила посебно внимание на родителите кои лично ги познавала, така што разделила уште 92 книги и започнала нови библиски студии. Во Кореја, една професорка во средно училиште ја употребила книгата Младите прашуваат за кратки предавања на теми: ”Како можам да ги поправам оценките?“ и ”Како можам да се сложувам со наставникот?“, а потоа ја понудила книгата. Откако учениците примиле 39 книги, некои родители почнале да се жалат. Но, директорот на училиштето прегледал еден примерок и рекол дека е ”прекрасен“, па нарачал еден примерок за својата ќерка.
Најдоброто образование
11, 12. Кои се некои од пофалбите за тоа дека публикациите на Друштвото на Стражарска кула пружаат најдобра поука?
11 Многумина ја ценат образовната вредност на нашите списанија, како на пример едно училиште во САД, кое нарачало 1 200 примероци Пробудите се! од 22. јули 1990, (каде пишуваше за зависноста од дрогата ”крек“) за работа на часовите. Исто така и примерното однесување на децата на Јеховини сведоци и понатаму остава добар впечаток. Во една бучна училница на Тајланд, учителката го повикала 11-годишниот Раха пред целото одделение и го пофалила за неговото однесување, велејќи: ”Зошто сите не го земете за пример? Тој е марлив во учењето и пристоен.“ Потоа додала: ”Изгледа дека сите ќе морате да станете Јеховини сведоци како Рача за да го подобрите однесувањето.“ (Спореди со Пословици 1:8; 23:22, 23).
12 Една млада сестра од Доминиканската Република пишува: ”Кога имав само четири години, завршував со учењето во една религиозна претшколска установа кадешто се научив да читам и пишувам. На калугерката која ми беше учителка ѝ ја подарив книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата со пораката: ’Многу сум благодарна што ме научивте да читам и да пишувам. Би сакала и Вие да ја разберете мојата вера и да ја имате надежта што ја имам јас за вечен живот на оваа Земја кога ќе биде претворена во рај.‘“ Заради ова бев истерана од училиштето. По девет години повторно ја сретнав оваа учителка. Ми раскажа дека и покрај противењето од свештеникот, успеала да ја прочита книгата. Се преселила во главниот град каде почнала да ја проучува Библијата со еден Јеховин сведок. Таа се крсти на обласниот конгрес ”Чист јазик“ заедно со мене. Како што е проречено, мудроста може да излегува дури и од ”устата на бебињата“ (Матеј 21:16; Псалми 8:1, 2).
13. Како многу младинци се одѕиваат на советот од Соломон, и како се одразило тоа на светскиот извештај?
13 Соломон го дава охрабрувачкиот совет: ”Радувај се, младичу, во својата младост, и нека срцето ти прави добро во деновите на младоста, и оди по патиштата на своето срце“ (Проповедник 11:9). Прекрасно е да се види денес дека толку многу деца на Јеховини сведоци ги применуваат овие зборови и ги употребуваат младите тинејџерски години да се подготват за живот во полновремена служба за Јехова и ја започнат највеличествената од сите кариери по завршувањето на училиштето. Бројот на пионерите и натаму рапидно се зголемува, со 821 108 кои известуваат во текот на годината. Заедно со 11 092 браќа и сестри кои служат во Бетелите, тоа е 21 процент од вкупниот број на објавители.
14. Колкав е придонесот на нашите сестри, и каква пофалба заслужуваат?
14 Интересно е дека во многу земји, како САД, околу 75% од сите пионери се сестри, со што доаѓаат до израз зборовите од Псалми 68:11: ”Самиот Јехова изјавува: објавителките на добрата вест се голема војска.“ Нашите сестри треба да бидат пофалени што го вршат поголемиот дел од службата. Нивното вешто поучување при домашните библиски студии доведува многумина во вистината, исто и омажените сестри кои верно ги поддржуваат своите сопрузи со многу должности во собранијата треба да бидат искрено пофалени (Пословици 31:10-12; Ефесјаните 5:21-25, 33).
Библиското образование цути
15. (а) Како некои земји од светскиот извештај се истакнале во работата на домашни библиски студии? (б) Можеш ли да раскажеш некое искуство за да покажеш колку плодни можат да бидат библиските студии?
15 Библиското образовно дело цути, и секој месец ширум светот се водат студии на просечно 3 624 091 места. Следниов извештај покажува дека библиската вистина може да ја промени личноста. Во почетокот на јануари 1987, еден човек бил протеран од Автралија во Нов Зеланд по 25 месеци затвор заради кражба и фалсификување. Бил зависен од дрога и ја шверцувал повеќе од 17 години. Следната година неговата сопруга почнала да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци, и како што нејзиното знаење растело, забележувал извонредна промена во нејзиното однесување. Станала подобра сопруга и мајка. На нејзино настојување, присуствувал на еден покраински конгрес во јуни 1989. Прифатил библиска студија и сега можат да се видат огромни промени во неговиот изглед и неговиот начин на живеење. Сите седум члена на семејството почнале да присуствуваат на состаноците. Се крстил во јануари 1990, следејќи го прекрасниот совет од апостол Павле во Ефесјаните 4:17-24.
16. (а) Зошто извештаите од Спомен-свеченоста за 1990 претставуваат извор на радост? (б) Каква итност се забележува, и каков труд треба да вложиме за да помогнеме?
16 Извонредна карактеристика на годинашниот извештај е рекордното присуство од 9 950 058 лица на Спомен-свеченоста одржана во вторникот на 10. април 1990. Преку 70 од 212 земји известиле број на присутни кој бил три пати поголем од бројот на тамошните објавители! На пример, и покрај ограничувањата, седум африкански земји со вкупен најголем број од 62 712 објавители известиле 204 356 присутни на Спомен-свеченоста. Во завојуваната Либерија, 1 914 од тамошните објавители се радувале на бројот од 7 811 присутни на Спомен-свеченоста. Хаити, со најголем број од 6 427 објавители, известиле број од 36 551. На раштраканите острови на Микронезија, каде има 886 објавители, имало 3 958 присутни. Шри Ланка, каде има 1 298 објавитела, известила 4 521, а Замбија, каде има 73 729 објавители — 326 991 присутен на Спомен-свеченоста, што претставува размер од едно лице на 25, во однос на бројот на жителите на Замбија. Светскиот извештај повторно покажува дека има милиони искрени луѓе кои чекаат да бидат собрани во стадото овци. Но искреноста не е доволна. Дали можеме да го подобриме својот квалитет во водењето на библиските студии и да го зголемиме својот удел во тоа како би изградиле силна вера кај посетителите на Спомен-свеченоста? Ние сакаме да станат наши делотворни придружници кои го слават Јехова. Од тоа зависат нивните животи! (Псалми 148:12, 13; Јован 17:3; 1. Јованово 2:15-17).
Изобилство на радост
17. Кои примери од првиот век треба да ја зајакнат нашата одлучност цврсто да се држиме за нашата радост?
17 Без разлика со какви потешкотии се соочуваме, да бидеме одлучни цврсто да се држиме за нашата радост. Можеби не ќе мораме да поминеме низ така тешко искушение како Стефан, но неговиот пример може да нѐ зајакне. Бил во состојба да ја задржи својата присебност и под обвинение. Неговите непријатели ”виделе дека неговото лице станало како лице на ангел.“ Бог му помагал во тешкото искушение. ”Исполнет со свет дух“, сведочел смело дури до маченичка смрт. И кога Павле и Варнава започнале да им проповедаат на народите, и овие исто така ”почнале да се радуваат и да ја фалат Јеховината Реч“. Повторно дошле прогонства, но тоа не ги исплашило оние кои верувале. ”Учениците и понатаму се исполнуваа со радост и свет дух.“ (Дела на апостолите 6:15; 7:55; 13:48-52). Што и да ни прават непријателите и без оглед на секојдневните искушенија, да не дозволиме да ни биде одземена радоста од светиот дух. Павле нѐ советува: ”Радувајте се во надежта. Издржете во неволјата. Истрајте во молитвата.“ (Римјаните 12:12).
18. (а) Што е Новиот Ерусалим, и зошто Божјиот народ би требало да се радува со него? (б) Како ”новото небо и новата земја“ ќе го благословат човештвото?
18 Колку е прекрасна таа радост! На сиот свој народ Јехова му објавува: ”Гледај! Создавам ново небо и нова земја; и за поранешните работи нема да се сеќаваат, ниту ќе доаѓаат во срцето. Но, воскликнувајте и радувајте се заради она што јас ќе го создадам.“ Господ Христос заедно со ”Новиот Ерусалим“ (сега главниот град на Божјата небеска организација, ”Горниот Ерусалим“) и општеството на новиот свет на Земјата ќе донесе изобилна радост за човештвото (Галатјаните 4:26). Воскресение за умрените, доведување на сите послушни до вечен живот во човечка совршеност, вечна корист и возбудлив живот на рајската Земја — каква само величествена надеж и причина за радување е сето тоа! Како што самиот Јехова наоѓа ”радост во Ерусалим и му се радува на својот народ“, така неговиот пророк понатаму го упатува повикот до Божјиот народ: ”Радувајте се со Ерусалим и бидете радосни со него, сите вие кои го љубите. Силно веселете се со него.“ (Исаија 65:17-19; 66:10; Откровение 14:1; 20:12, 13; 21:2-4). Секогаш да бидеме исполнети со радост и со свет дух и да внимаваме на советот од апостол Павле: ”Радувајте се секогаш во Господа. И уште еднаш ви велам, радувајте се!“ (Филипјаните 4:4).
Да ја резимираме нашата радост:
◻ Каков пример на радосна истрајност ни оставил Исус?
◻ Какви причини за радување имаат двете предадени групи?
◻ Како денес млади и стари се радуваат во вистината?
◻ Разгледувајќи го извештајот за 1990, каков одговор е даден на молитвата: ”Јехова, те молиме, подари ни успех!“?
◻ Кога и како ќе биде постигнато изобилство на радост?
[Табела на страници 18-21]
ИЗВЕШТАЈ ЈЕХОВИНИХ СВЕДОКА ШИРОМ СВЕТА ЗА СЛУЖБЕНУ 1900. ГОДИНУ
(Види во публикацијата)
[Слика на страница 16]
Јеховиниот ангел го најавил раѓањето на Господ Христос како ”добра вест на голема радост“