-
Како може да бидеме чисти во Божји очи?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
2. Што треба да избегнуваме за да бидеме чисти?
Библијата нѐ поттикнува „да се исчистиме од секоја валканост на телото и духот“ (2. Коринќаните 7:1). Ова значи дека треба да избегнуваме сѐ што би можело да му наштети на нашето тело или на нашиот ум. Нашите мисли треба да му бидат пријатни на Јехова и затоа даваме сѐ од себе за да ги отфрлиме неисправните мисли (Псалм 104:34). Исто така, внимаваме да не користиме погрдни и непристојни зборови. (Прочитај Колошаните 3:8.)
Што друго може да нѐ извалка во физички или во морален поглед? Некои супстанции можат да му наштетат на нашето тело. Затоа не пушиме, не се дрогираме и не злоупотребуваме лекови. Така си го чуваме здравјето и покажуваме дека го цениме животот. Освен тоа, се трудиме да бидеме чисти во морален поглед така што се бориме против нечистите навики, како што се мастурбација и гледање порнографија (Псалм 119:37; Ефешаните 5:5). Може да ни биде тешко да престанеме со тие навики, но Јехова ќе ни помогне да успееме. (Прочитај Исаија 41:13.)
-
-
Како може да бидеме чисти во Божји очи?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
5. Бори се против нечистите мисли и навики
Прочитај Колошаните 3:5, а потоа разговарајте за овие прашања:
Како знаеме дека порнографијата, секстинготb и мастурбацијата се нечисти во Јеховини очи?
Дали сметаш дека е разумно тоа што Јехова очекува од нас да бидеме морално чисти? Зошто?
Дознај како можеш да се бориш против нечистите мисли. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.
Исус кажал една споредба за да истакне колку е важно да преземаме одлучни чекори за да останеме морално чисти. Прочитај Матеј 5:29, 30, а потоа разговарајте за ова прашање:
Исус не сакал да каже дека треба да си го повредиме телото, туку дека треба одлучно да преземеме нешто. Кои одлучни чекори може да ги преземе некој за да ги отфрли нечистите мисли?c
Јехова многу цени доколку даваш сѐ од себе за да ги победиш нечистите мисли. Прочитај Псалм 103:13, 14, а потоа разговарајте за ова прашање:
Ако се бориш со некоја нечиста навика, како овие стихови можат да те охрабрат да продолжиш да се бориш?
Не се откажувај!
Кога ќе потклекнеш на искушението, лесно би можел да си помислиш: „Пак згрешив! Зошто воопшто се трудам?“ Но, размисли за следново. Ако некој тркач се спрепне и падне, тоа не значи дека ја изгубил трката, ниту дека треба да почне да трча од почеток. На сличен начин, ако потклекнеш на искушението, тоа не значи дека си ја изгубил битката со лошата навика, ниту дека сиот твој труд паднал во вода. Нормално е да има подеми и падови — тие се составен дел од секоја битка. Затоа, не се откажувај! Со Јеховина помош можеш да ја победиш лошата навика.
-