Поучете ги своите деца
Јотам останал верен и покрај проблемите во семејството
КОГА родителот ќе престане да му служи на вистинскиот Бог, Јехова, тоа може да им го отежне животот на децата. Да го разгледаме примерот на Јотам. Да видиме со какви проблеми во семејството се соочувал додека растел.
Татко му на Јотам, Озија, бил цар на Јуда. Тој бил најмоќниот човек во царството. Озија бил добар цар долги години, уште пред да се роди Јотам. Но подоцна, кога Јотам бил сѐ уште мал, Озија се возгордеал и го прекршил Божјиот Закон. Затоа Бог направил да фати една тешка болест која се вика лепра. Знаеш ли што направил Јотам?—a
Јотам продолжил да му служи на Јехова. Можеби во тоа му помогнала мајка му, Еруса. Сепак, на Јотам не му било лесно да му остане верен на Јехова откако татко му, Озија, бил отстранет од Јеховиниот дом.
Што ако татко ти или мајка ти престанат да му служат на Јехова? Би ти било многу тешко, нели?— Сепак, не е погрешно да помислиш на такво нешто. Тоа можеме да го видиме од зборовите што ги запишал Давид во Библијата.
Татко му на Давид, Јесеј, бил добар човек. Тој му служел на Јехова и можеме да бидеме сигурни дека Давид го сакал својот татко. Но, Давид го сакал Јехова повеќе отколку што го сакал Јесеј. Да видиме од каде го знаеме тоа.
Да прочитаме што пишува во Библијата во Псалм 27:10. Давид напишал: „И да ме остават татко ми и мајка ми, Јехова ќе ме прифати“. Помисли на следново: Библијата вели дека, дури и ако татко му на Давид, Јесеј, или неговата мајка, престанеле да му служат на Јехова, Давид ќе продолжел да му служи.
А ти? Ќе продолжиш ли да му служиш на Јехова дури и ако татко ти и мајка ти престанат да му служат?— Ова е добро прашање за кое треба да размислиш. Причината е поврзана со најважната заповед што е дадена во Библијата. Таа гласи: „Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум“.
Ова значи дека треба да му бидеш верен на Јехова дури и кога тоа е тешко. Што мислиш, кој сака да престанеме да му служиме на Јехова?— Божјиот непријател, Сатана Ѓаволот. Исус го нарекол „владетелот на овој свет“. Исто така, Библијата вели дека тој е „богот на овој свет“. Треба ли да се плашиме од Сатана?—
Не, не треба. Наместо тоа, не смееме да заборавиме дека Јехова е помоќен од Сатана. Јехова ќе нѐ заштити ако имаме доверба во него. Прочитај во својата Библија како Јехова го заштитил Давид од страшниот џин Голијат. Јехова може да те заштити и тебе ако му останеш верен.
Прочитај во Библијата:
a Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.