-
Радувајте се поради свадбата на Јагнето!Стражарска кула 2014 | 15 Февруари
-
-
6. Зошто помазаниците се наречени ‚царска ќерка‘, и зошто им е кажано да го ‚заборават својот народ‘?
6 Идната невеста е наречена и ‚царска ќерка‘ (Пс. 45:13). Кој Цар е нејзин татко? Помазаните христијани се усвоени како „деца“ на Јехова (Рим. 8:15-17). На помазаниците им е кажано: „Заборави го својот народ и домот на својот [роден] татко“. Бидејќи ќе станат небесна невеста, тие треба ‚да мислат на она што е на небото, а не на она што е на земјата‘ (Кол. 3:1-4).
-
-
Радувајте се поради свадбата на Јагнето!Стражарска кула 2014 | 15 Февруари
-
-
НЕВЕСТАТА ‚ЈА ДОВЕДУВААТ КАЈ ЦАРОТ‘
8. Зошто за невестата се вели дека е „преубава“?
8 Прочитај Псалм 45:13, 14а. Невестата која е подготвена за царската свадба е „преубава“. Во Откровение 21:2, оваа невеста, која е „украсена за својот маж“, е споредена со град, Новиот Ерусалим. Овој небесен град ја има ‚Божјата слава‘ и блеска „како скапоцен камен, како камен јаспис, кој сјае како кристал“ (Отк. 21:10, 11). Книгата Откровение содржи прекрасен опис на сјајот на Новиот Ерусалим (Отк. 21:18-21). Ништо чудно што псалмистот вели дека невестата е „преубава“! Токму така и треба да изгледа жената на Јагнето која е подготвена за својата царска свадба на небото!
9. Кај кого ја доведуваат невестата, и како е облечена таа?
9 Невестата ја доведуваат кај Младоженецот — месијанскиот Цар. Тој ја подготвил за оваа пригода ‚чистејќи ја со капење во вода, во речта Божја‘. Неговата невеста е ‚света и неизвалкана‘ (Еф. 5:26, 27). Се разбира, и таа мора да биде соодветно облечена за овој настан. Псалмистот вели дека ја доведуваат кај царот во ‚облека извезена со злато‘ и „во исткаено руво“. За свадбата на Јагнето, на невестата ‚ѝ е дадено да се облече во фин лен, сјаен и чист, зашто финиот лен ги претставува праведните дела на светите‘ (Отк. 19:8).
-