-
Прашања од читателитеСтражарска кула 2006 | 1 Јануари
-
-
Прашања од читателите
Во Псалм 102:26 пишува дека земјата и небото „ќе исчезнат“. Дали тоа значи дека планетата Земја ќе биде уништена?
Во молитва до Јехова, псалмистот рекол: „Во почетокот ја основа земјата и небото е дело на Твоите раце. Тие ќе исчезнат, а ти ќе останеш, сѐ ќе остарее како облеката. Ги менуваш како облеките, и ги снемува“ (Псалм 102:25, 26). Контекстот покажува дека во овие стихови не се зборува за уништувањето на Земјата, туку за вечноста на Бог. Контекстот исто така покажува зошто таа важна вистина е утешна за Божјите слуги.
-
-
Прашања од читателитеСтражарска кула 2006 | 1 Јануари
-
-
Сепак, дури и тоа што земјата и небото постојат многу години, не може да се спореди со вечното постоење на Јехова. Псалмистот додава: „Тие [земјата и небото] ќе исчезнат, а Ти ќе останеш“ (Псалм 102:26). Физичките земја и небо можат да исчезнат. Вистина, на други места Јехова изјавува дека тие ќе останат засекогаш (Псалм 119:90; Проповедник 1:4). Но тие би можеле да бидат уништени, ако е тоа Божја намера. За разлика од тоа, Бог не може да умре. Физичките творби се ‚поставени засекогаш‘ и остануваат само затоа што Бог ги одржува (Псалм 148:6). Ако Јехова некогаш престане да ги обновува физичките творби, тогаш ‚ќе остареат како облеката‘ (Псалм 102:26). Како што човекот ја надживува облеката, така и Јехова може да ги надживее своите творби — ако тој така одлучи. Меѓутоа, од други стихови знаеме дека нема намера да направи такво нешто. Божјата реч нѐ уверува дека Јехова одлучил физичките земја и небо да останат засекогаш (Псалм 104:5).
-