Колку имиња има Бог?
Што вели Библијата:
Бог има само едно лично име. На хебрејски тоа се пишува יהוה, а на македонски обично се преведува како „Јехова“.a Преку својот пророк Исаија, Бог рекол: „Јас сум Јехова. Тоа е моето име“ (Исаија 42:8). Во древните ракописи на Библијата, ова име се појавува околу 7.000 пати — многу почесто отколку кој и да било друг назив за Бог и кое и да било друго лично име.b
Дали Јехова има и други имиња?
Кога зборува за Бог, Библијата користи само едно лично име. Сепак, на него се осврнува и со многу титули и описни имиња. Во табелата подолу се запишани некои титули и описни имиња за Јехова и е наведено што ни открива секое од нив за него.
Титула или опис |
Каде се спомнува во Библијата |
Што значи |
---|---|---|
Алах |
(Го нема во Библијата) |
Зборот „Алах“ доаѓа од арапскиот јазик и не е лично име, туку титула што значи „Бог“. Преводите на Библијата на арапски и на некои други јазици го користат зборот „Алах“ како еквивалент за „Бог“. |
Алфа и Омега |
Изразите „првиот и последниот“ и „почетокот и завршетокот“ покажуваат дека пред Јехова не постоел ниту еден Семоќен Бог ниту, пак, ќе постои по него (Исаија 43:10). Алфа и омега се првата и последната буква од грчката азбука. |
|
Бог |
Се однесува на нешто што се обожава, а може да значи и некој што е силен. Хебрејскиот збор Елохим е во множина, со што се нагласува величеството на Јехова. |
|
Бог над боговите |
Највишиот Бог, за разлика од разните „безвредни богови“ што ги обожаваат некои луѓе (Исаија 2:8). |
|
Господ над воинствата, Господ Саваот |
Исаија 1:9, Превод на д-р Д. Х. Константинов; Римјаните 9:29, Превод на МПЦ |
Заповедник над огромна војска од ангели. Титулата „Господ Саваот“ може да се преведе и како „Господ над војските“ и „Јехова над војските“ (Римјаните 9:29, Стандарден Превод; Превод Нов свет). |
Господар |
Сопственик; на хебрејски: Адон и Адоним. |
|
Грнчар |
Има авторитет над поединци и над цели народи, исто како што грнчарот има власт над глината (Римјаните 9:20, 21). |
|
Јас сум, кој сум |
2. Мојсеева 3:14, Превод на д-р Д. Х. Константинов |
Станува сѐ што е потребно за да ја исполни својата намера. Во Преводот Нов свет, овој израз гласи: „Ќе станам сѐ што ќе посакам да станам“. Овој опис ни помага да го сфатиме значењето на Божјето лично име, Јехова, кое е спомнато во наредниот стих, 2. Мојсеева 3:15. |
Карпа |
Сигурно прибежиште и извор на спасение. |
|
Најголем Учител |
Дава корисни поуки и водство (Исаија 48:17, 18). |
|
Најсветиот |
Нема ништо посвето од него. Тој е најчист во секој поглед. |
|
Откупител, Искупител |
Исаија 41:14; Превод на МПЦ |
Го откупува, односно избавува човештвото од гревот и смртта преку откупната жртва на Исус Христос (Јован 3:16). |
Пастир |
Се грижи за оние што му служат. |
|
Прадревниот |
Нема почеток; постоел отсекогаш, пред да биде создадено што и да е друго (Псалм 90:2). |
|
Ревнител |
2. Мојсеева 34:14, Превод на МПЦ |
Не поднесува некој да му биде соперник. Во Преводот Нов свет, овој израз гласи: „Бог кој бара да му бидеме оддадени само нему“. |
Севишен |
Има највисока можна положба. |
|
Севишен Господар |
Има најголем авторитет; на хебрејски: Адонај. |
|
Семоќен |
Има огромна сила. Хебрејскиот израз Ел Шадај, што значи „Семоќен Бог“, се појавува седум пати во Библијата. |
|
Спасител |
Избавува од опасност или уништување. |
|
Среќен Бог |
Покажува радост (Псалм 104:31). |
|
Татко |
Извор на животот. |
|
Творец |
Создал сѐ што постои. |
|
Тој што ги слуша молитвите |
Ја слуша секоја молитва што е упатена до него со вера. |
|
Цар на вечноста |
Неговото владеење нема ни почеток ни крај. |
Имиња на некои места спомнати во Хебрејските списи
Имињата на некои места спомнати во Библијата го содржат Божјето лично име, но тие не можат да се наречат титули за Бог.
Име на местото |
Каде се спомнува во Библијата |
Што значи |
---|---|---|
Јахве Шама |
Езекиел 48:35, Превод на д-р Д. Х. Константинов |
„Господ Е Таму.“ |
Јехова-Ире |
„Јехова ќе се погрижи [за тоа]; Јехова ќе прибави.“ |
|
Јехова-Ниси |
„Јехова е моето копје (за знаме).“ Јехова е Бог кај кого луѓето можат да најдат заштита и помош (2. Мојсеева 17:13-16). |
|
Јехова-Шалом |
„Јехова е мир.“ |
Зошто треба да го знаеме и да го користиме Божјето име
Бог сигурно смета дека е важно да го знаеме неговото име, Јехова, бидејќи дозволил да се запише илјадници пати во Библијата (Малахија 1:11).
Божјиот син, Исус, многу често нагласувал колку е значајно Божјето име. На пример, тој му се помолил на Јехова со зборовите: „Да се свети името твое“ (Матеј 6:9; Јован 17:6).
Секој што го дознал и го користи Божјето име, Јехова, почнува да се зближува со него (Псалм 9:10; Малахија 3:16). Јехова ветил: „Затоа што ми е приврзан, ќе го избавам, ќе го заштитам, бидејќи го познава моето име“ (Псалм 91:14). Ако сме блиски пријатели со него, лично ќе се увериме колку се вистинити овие зборови.
Библијата отворено кажува: „Има такви што се нарекуваат ’богови‘, било на небото било на земјата, зашто има многу ’богови‘ и многу ’господари‘“ (1. Коринќаните 8:5, 6). Сепак, за единствениот вистински Бог таа го користи неговото лично име, Јехова (Псалм 83:18).
a Некои хебрејски изучувачи обично го преведуваат Божјето име како „Јахве“.
b Скратениот облик на Божјето име, „Јах“, се појавува околу 50 пати во Библијата. На некои од овие места тоа е дел од зборот „Алилуја“, што значи „Фалете го Јах“ (Откровение 19:1).