-
Оди по ‚патеката на исправноста‘Стражарска кула 2001 | 15 Септември
-
-
Соломон укажува на важноста на праведноста. Тој вели: „Имотот на богатиот му е укрепен град, а на сиромашните сиромаштвото е нивна погибел. Праведниот печали за живот, а нечесниот печали за грев“ (Пословици 10:15, 16).
-
-
Оди по ‚патеката на исправноста‘Стражарска кула 2001 | 15 Септември
-
-
Од друга страна, пак, сеедно дали еден праведен човек има многу или малку во материјален поглед, неговата чесна активност го води во живот. Како? Па, тој е задоволен со она што го има. Не дозволува неговата финансиска ситуација да ја попречи неговата добра положба пред Бог. Сеедно дали е богат или сиромав, начинот на живот му донесува среќа на праведникот сега и надеж за вечен живот во иднина (Јов 42:10-13). Злобниот нема корист дури и ако стекне богатство. Наместо да ја цени неговата заштитничка вредност и да живее во согласност со Божјата волја, тој богатството го користи за да унапредува живот на грев.
-