-
Практична книга за современиот животКнига за сите луѓе
-
-
Но, родителскиот авторитет — „стапот на стегата“ — не треба никогаш да биде навредливb (Изреки 22:15, НС; 29:15). Библијата ги предупредува родителите: „Не претерувајте со исправањето на своите деца, инаку ќе ја одземете сета срченост од нив“ (Колосјаните 3:21, Phillips). Таа исто така признава дека физичката казна обично не е и најделотворна метода на поучување. Во Изреки 17:10 се вели: „Врз разумниот посилно дејствува прекорот, безумниот — и кога го бијат не чувствува“. Освен тоа, Библијата препорачува превентивна стега. Во 5. Мојсеева 11:19 родителите се поттикнати да ги искористат моментите на опуштеност за да всадат морални вредности во своите деца. (Види и 5. Мојсеева 6:6, 7.)
-
-
Практична книга за современиот животКнига за сите луѓе
-
-
b Во библиски времиња, зборот „стап“ (хебрејски ше́вет) значел „палка“ или „прачка“, како онаа што ја користел овчарот.10 Во овој контекст стапот на авторитет укажува на водство полно со љубов, а не на груба бруталност. (Спореди Псалм 22:4.)
-