Се сеќаваш ли?
Уживаше ли во читањето на последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:
• Во која смисла Бог може да ти даде богатство?
Во минатото, Јехова благословил некои луѓе, како што биле Авраам и Соломон, така што им дал материјално богатство. Но, богатството кое најмногу им треба на христијаните и кое Бог може да му помогне на секого да го најде, се верата, мирот, задоволството и среќата (1.9., страници 3-7).
• Која поука можеме да ја извлечеме од тоа што Исус го спасил Петар кога тој почнал да тоне во морето? (Мат. 14:28-31).
Ако забележиме дека некој брат очигледно нема доволно силна вера, можеме, во симболична смисла, да му подадеме рака и да му помогнеме да си ја зајакне верата (15.9., страница 8).
• Колку скапо платил Јехова за да нѐ избави?
Јехова гледал како луѓето го мачат и го исмеваат неговиот Син. И, како што било предочено и со спремноста на Авраам да го жртвува својот син, Јехова дозволил неговиот Син да биде погубен како злосторник (15.9., страници 28, 29).
• Зошто е скапоцен Ватиканскиот кодекс?
Тоа е грчки ракопис кој бил напишан помалку од 300 години откако било завршено пишувањето на Библијата. Го содржи речиси целиот текст од Хебрејските и од Христијанските грчки списи. Изучувачите го користат за да одредат што навистина стоело во изворните библиски записи (1.10., страници 18, 19).
• Каква поука содржи стихот од Изреки 24:27 во врска со тоа како некој може да го ‚гради својот дом‘?
Ако некој сака да се жени, треба да се подготви за таа одговорност. Ова значи дека треба да биде спремен да издржува семејство и да биде духовен поглавар на своето домаќинство (15.10., страница 12).
• Зошто не е во ред да се каже дека Јеховините сведоци се протестантска религија?
Протестантизмот се појавил во Европа во 16 век, во обид да се направат реформи во Римокатоличката црква. „Протестанти“ се нарекуваат сите оние што се држат за целите на реформацијата. Јеховините сведоци не се согласуваат дека папата има апсолутен авторитет и потполно ја признаваат Библијата како најважна книга. Сепак, отфрлаат многу небиблиски учења и обичаи кои се карактеристични за протестантските религии (1.11., страница 19).
• Дали некој треба да научи хебрејски или грчки за да ја разбере Библијата?
Не. Самото познавање на овие јазици не значи дека едно лице полесно ќе ја разбере пораката од Библијата. Оној што ги изучувал овие јазици сѐ уште се потпира на речници и на граматики. Фактот што Бог се погрижил зборовите на неговиот најголем Слуга да се зачуваат само во превод покажува дека човек може да ги користи и да ја дознае вистината ако ги чита современите преводи на Библијата (1.11., страници 20-23).
• Како Јехова и Исус ни даваат добар пример за учтивост?
И покрај тоа што има возвишена положба, Јехова постапува со луѓето со љубезност и почит. На Авраам и на Мојсеј им се обратил користејќи еден хебрејски збор што честопати е преведен со „молам“ (1. Мој. 13:14; 2. Мој. 4:6). Освен тоа, Бог ги сослушува луѓето (1. Мој. 18:23-32). И Исус го правел тоа и бил спремен да им помага на другите, а честопати ги спомнувал или им се обраќал по име (15.11., страница 25).
• Зошто вистинските христијани не ја прославуваат лунарната Нова година?
Лунарната Нова година е важен празник во азиските земји. Во текот на празнувањето, луѓето честопати се молат за среќа и им искажуваат почит на духовите. Христијаните ги почитуваат своите родители, но не учествуваат во прослави во кои се бара заштита од починатите предци или во кои луѓето се молат куќните богови да им покажат милост (1.12., страници 20-23).