-
Како може да носиме добри одлуки?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
5. Почитувај ја совеста на другите
Сите ние сме различни и затоа носиме различни одлуки. Како може да покажеме дека ја почитуваме совеста на другите? Да разгледаме два примера:
Пример 1: Една сестра која многу сака да се дотерува се сели на друго место и доаѓа во ново собрание. Иако таа не се облекува непристојно, многу сестри од собранието не се чувствуваат убаво поради нејзиниот стил на облекување.
Прочитај Римјаните 15:1 и 1. Коринќаните 10:23, 24, а потоа разговарајте за овие прашања:
На темел на овие стихови, што би можела да одлучи сестрата? Што ќе направиш ти ако си со некој чија совест не одобрува нешто што твојата совест го одобрува?
Пример 2: Еден брат знае дека Библијата не го забранува умереното пиење алкохол, но сепак одлучил воопшто да не пие. Тој е поканет на едно дружење и гледа дека некои браќа пијат алкохол.
Прочитај Проповедник 7:16 и Римјаните 14:1, 10, а потоа разговарајте за овие прашања:
На темел на овие стихови, што би можел да одлучи братот? Што ќе направиш ти ако гледаш дека некој прави нешто што твојата совест не го одобрува?
Што ќе ти помогне да носиш добри одлуки?
1. Моли го Јехова да ти помогне (Јаков 1:5).
2. Истражувај во Библијата и во библиските публикации за да видиш кои начела се однесуваат на твојата ситуација. Би можел да разговараш и со некои зрели христијани.
3. Размисли како твојата одлука ќе влијае врз твојата совест и врз совеста на другите.
-
-
Како можеш да го радуваш Јехова со својот говор?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
5. Зборувај позитивно за другите
Што може да ни помогне да не ги навредуваме другите и да не зборуваме лошо за нив? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:
Каков проблем имаше овој брат?
Што направи тој за да се смени?
Прочитај Проповедник 7:16, а потоа разговарајте за ова прашање:
Што треба да имаме на ум кога ни доаѓа да кажеме нешто негативно за некого?
Прочитај Проповедник 7:21, 22, а потоа разговарајте за ова прашање:
Како овие стихови можат да ти помогнат да не се вознемириш премногу ако чуеш дека некој зборувал негативно за тебе?
-