-
Тешко на неверното лозје!Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
4 Потребна е напорна работа за едно лозје да дава род. Исаија опишува како сопственикот ‚го копа и ги чисти камењата‘ — еднолична, исцрпувачка работа! Тој веројатно ги користи поголемите камења за да ‚изгради кула‘. Во древни времиња таквите кули служеле како стојалиште за стражарите кои го чувале приносот од крадци и животни.a Исто така, гради каменен ѕид за да ги огради терасите на лозјето (Исаија 5:5). Ова обично се правело за да се спречи миење на почвата која е од пресудно значење.
-
-
Тешко на неверното лозје!Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
6, 7. а) Кој е сопственикот на лозјето, и што е лозјето? б) Каков суд бара сопственикот?
6 Кој е сопственикот и што е лозјето? Сопственикот на лозјето укажува на одговорот на овие прашања кога зборува лично тој: „Сега ерусалимски жители и луѓе Јудејци, пресудете меѓу Мене и Моето лозје. Што можев уште да направам за Своето лозје па што веќе не го направив? Се надевав дека ќе роди добро грозје, а ете, роди кисело грозје. Но, сега ќе ви кажам што ќе направам од Своето лозје: ќе му го отстранам плетот, за да го опустат, ќе го разурнам ѕиданото, за да го изгазат“ (Исаија 5:3—5).
-
-
Тешко на неверното лозје!Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
9. Како Јехова постапувал со својата нација како со ценето лозје?
9 Јехова ја ‚засадил‘ својата нација во земјата Ханаан и ѝ ги дал своите закони и одредби, кои служеле како ѕид на заштита од расипничкото влијание на другите нации (Излез 19:5, 6; Псалм 147:19, 20; Ефешаните 2:14). Освен тоа, Јехова им дал судии, свештеници и пророци за да ги поучуваат (2. Цареви 17:13; Малахија 2:7; Дела 13:20). Кога на Израел му се заканувала воена агресија, Јехова подигал избавители (Евреите 11:32, 33). Јехова со причина прашува: ‚Што можев уште да направам за Своето лозје што веќе не направив?‘
-