-
Кој ќе владее со светот?Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
-
-
Потоа Кир се подготвил за судир со моќниот Вавилон. Од тој момент се вклучил во исполнувањето на библиското пророштво. Преку пророкот Исаија, скоро два века пред тоа, Јехова го именувал Кир како владетел кој ќе го порази Вавилон и ќе ги ослободи Евреите од ропство. На темел на ова однапред извршено наименување, Писмото укажува на Кир како на Јеховин „помазаник“ (Исаија 44:26—28).
-
-
Кој ќе владее со светот?Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
-
-
За Евреите од Вавилон победата на Кир значела пристигнување на долгоочекуваното ослободување од ропството и крај на 70-годишната опустошеност на нивната татковина. Колку мора да биле возбудени кога Кир издал проглас со кој ги овластил да се вратат во Ерусалим и повторно да го изградат храмот! Исто така, Кир им ги вратил и скапоцените садови од храмот кои Навуходоносор ги однел во Вавилон, им дал царска дозвола да увезат градежно дрво од Либан и овластил да се дадат пари од царскиот дом за да се покријат градежните трошоци (1. Ездра 1:1—11; 6:3—5).
-