Како гулаби кои летаат кон своите гулабарници
ГУЛАБИТЕ можеби спаѓале меѓу првите птици коишто човекот ги припитомил. Пред илјадници години, Египќаните — со намера да си обезбедат залиха на храна преку годината — подигале гулабарници близу своите домови. Месото од овие птици многу се ценело, а нивниот измет се употребувал за ѓубрење. Од Средниот век па наваму, гулабарниците биле толку пожелен имот што во некои земји смееле да ги поседуваат само благородници или верски редови.
Иако сега на многу трпези кокошките ги замениле гулабите како извор на месо, сѐ уште можат да се сретнат некои древни гулабарници. Гулабарниците прикажани на горната слика се пронајдени во Египет.
Кога масовно се враќаат навечер во мноштва, на гулабарникот се спушта вистински облак од птици. Еврејскиот пророк Исаија се осврнал на тоа кога прашал: „Кои се овие што долетуваат како облак, и како гулаби на своите прозорци од птичарникот?“ (NW). Еден друг превод вака се изразува: „Кои се тие што летаат како облаци, и како гулаби — кон гулабарниците свои?“ (Исаија 60:8, Свето писмо на современ македонски литературен јазик).
Одговорот денес се наоѓа во стотиците илјади богобојазливи луѓе кои се собираат во Јеховината организација. Во Царските сали на Јеховините сведоци тие учат да се надеваат на Бог (Исаија 60:9). Меѓу Божјиот народ откриваат дека духовните вредности, живата вера и здравото друштво им пружаат чувство на мир и безбедност, слично на она што го имаат гулабите во својот гулабарник.
[Извор на слика на страница 32]
Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.