-
Ветување за Кнез на МиротПророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
Божјиот ,Закон и сведоштво‘
8. Што се ‚законот‘ и ‚сведоштвото‘ кај кои треба денес да се појде по водство?
8 Законот на Јехова, кој забранува спиритизам, заедно со другите негови заповеди, не е непознат во Јуда. Тој е зачуван написмено. Денес неговата Реч е достапна написмено во својата комплетна форма. Тоа е Библијата, која вклучува не само збирка на божествени закони и одредби туку и извештај за Божјето постапување со својот народ. Овој библиски извештај за постапките на Јехова служи како сведоштво, или потврда, што нѐ учи за личноста и за особините на Јехова. Наместо да се консултираат со мртвите, каде треба да појдат Израелците по водство? Исаија одговара: „Кај законот и кај сведоштвото!“ (Исаија 8:20а, NW). Да, оние што бараат вистинско просветлување треба да појдат кај Божјата пишана реч.
9. Дали повременото цитирање на Библијата е од некаква вредност за непокајничките грешници?
9 Некои Израелци, кои површно се занимаваат со спиритизам, можеби искажуваат почит кон пишаната Реч на Бог. Но, таквите тврдења се празни и лицемерни. Исаија вели: „Сигурно ќе продолжат да го кажуваат она што е според оваа изјава, кое ќе нема светлина на зората“ (Исаија 8:20б, NW). На каква изјава се осврнува овде Исаија? Можеби на изјавата: „Кај Законот и кај сведоштвото!“ Можно е некои отпаднички Израелци да се осврнувале на Божјата реч, исто како што денес отпадници и други луѓе можат да го цитираат Писмото. Но, ова се само зборови. Цитирање на Писмото нема да води до никаква „светлина на зората“, односно просветлување од Јехова, ако не е придружено со вршење на Јеховината волја и со отфрлање на нечистите практики.b
-
-
Ветување за Кнез на МиротПророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
b Фразата „оваа изјава“ од Исаија 8:20 може да се однесува на изјавата во врска со спиритизам, наведена во Исаија 8:19. Ако тоа е случај, Исаија вели дека унапредувачите на спиритизам во Јуда ќе продолжат да ги поттикнуваат другите да се обраќаат кај духовни медиуми и така нема да добијат просветлување од Јехова.
-