-
Не бој се од АсирецотПророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
Десеттото поглавје од Исаија се сосредоточува главно на начинот на кој Јехова ќе ја употреби асирската инвазија за да изврши суд над Израел и на неговото ветување да го брани Ерусалим. Со оглед на тоа што стиховите 20 до 23 се наоѓаат во средината на ова пророштво, би можело да се смета дека нивното главно исполнување било во тој временски период. (Спореди Исаија 1:7—9.) Меѓутоа, начинот на изразување укажува дека овие стихови се применуваат поспецифично на подоцнежни периоди кога и Ерусалим ќе мора да одговара за гревовите на своите жители.
Цар Ахаз се обидува да стекне сигурност со тоа што за помош ѝ се обраќа на Асирија. Пророкот Исаија претскажува дека во иднина, преживеаните од домот на Израел никогаш повеќе нема да се стремат по таков бесмислен пат. Исаија 10:20 вели дека тие „ќе се потпираат искрено на Господа, на Израелевиот Светец“. Меѓутоа, 21. стих (NW) покажува дека само мал број ќе го прави тоа: „Сосема мал остаток ќе се врати“. Ова нѐ потсетува на син му на Исаија, Сеар Јасув, кој е знак во Израел и чиешто име значи „Сосема мал остаток ќе се врати“ (Исаија 7:3). Стих 22 од 10. поглавје предупредува на претстојното „уништување“ за кое веќе е одлучено. Таквото уништување ќе биде праведно бидејќи тоа е праведна казна за тој бунтовен народ. Како резултат на ова, од густо населена нација која е „колку песок во морето“, ќе се врати само еден остаток. Стих 23 предупредува дека ова претстојно уништување ќе ја погоди целата земја. Овој пат, Ерусалим нема да биде поштеден.
-
-
Не бој се од АсирецотПророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
Пророштвото во Исаија 10:20—23 имало натамошно исполнување во првиот век, како што е покажано во Римјаните 9:27, 28. (Спореди Исаија 1:9; Римјаните 9:29.) Павле објаснува дека во духовна смисла, еден „остаток“ од Евреи ‚се вратил‘ кај Јехова во првиот век н.е., со тоа што мал број верни Евреи станале следбеници на Исус Христос и почнале да го обожаваат Јехова „со дух и вистина“ (Јован 4:24). На овие подоцна им се придружиле не-Евреи што верувале, формирајќи духовна нација, „Израелот Божји“ (Галатите 6:16). Во оваа прилика, зборовите од Исаија 10:20 (NW) се исполниле: „Никогаш повеќе“ една нација предадена на Јехова не се одвратила од него за да се сврти кон човечки извори на поддршка.
-