ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Јеховината одлука против нациите
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
    • 35, 36. Во исполнување на Исаија 19:23—25, какви врски постоеле во старо време помеѓу Египет, Асирија и Израел?

      35 Потоа пророкот предвидува еден впечатлив развој на настаните: „Во оној ден патот ќе води од Египет до Асирија, Асиријците ќе доаѓаат во Египет, а Египетците во Асирија. Египет и Асирија ќе Му служат на Господа. Во оној ден Израел, ќе биде трет со Египет и Асирија, ќе биде благословен [благослов, NW] среде земјата. Господ над Воинствата ќе го благослови: ‚Нека е благословен, ќе рече, Мојот Египетски народ, делото на Моите раце Асирија и Моето наследство Израел‘“ (Исаија 19:23—25). Да, помеѓу Египет и Асирија еден ден ќе постојат пријателски односи. Како?

  • Јеховината одлука против нациите
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
    • 38. а) Како Израел ќе „биде трет со Египет и Асирија“? б) Зошто Јехова вели: ‚Нека е благословен Мојот народ‘?

      38 Тогаш, како Израел е „трет со Египет и Асирија“? Рано во „времето на свршетокот“, повеќето од оние што му служеле на Јехова на Земјата, биле членови на „Израелот Божји“ (Даниел 12:9; Галатите 6:16). Од 1930-тите наваму, се појавило големо мноштво од „други овци“ со земна надеж (Јован 10:16а; Откровение 7:9). Дојдени од нациите — претставени со Египет и Асирија — тие се слеваат кон Јеховиниот дом на обожавање и ги повикуваат другите да им се придружат (Исаија 2:2—4). Тие го вршат истото дело на проповедање како своите помазани браќа, поднесуваат слични испити, ја покажуваат истата верност и интегритет и се хранат од истата духовна трпеза. Навистина, помазаниците и ‚другите овци‘ се „едно стадо, еден пастир“ (Јован 10:16б). Може ли некој да се сомнева дали Јехова, гледајќи ја нивната ревност и истрајност, е задоволен со нивната активност? Не е чудо што тој изрекува благослов над нив, велејќи: ‚Нека е благословен Мојот народ‘!

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели