-
Кој ќе ги доведе народите до мир?Ќе постои ли некогаш свет без војни?
-
-
24-26. Како Јеховините сведоци имаат удел во исполнувањето на Исаииното пророштво?
24 Цар Давид напишал дека во времето кога Месијата ќе започне да владее, ‚Божјиот народ спремно ќе се понуди‘ (Псалми 110:3, NW). Иако светските услови од означената 1914 година наваму сѐ повеќе и повеќе се влошуваат, постои и исполнување на позитивниот аспект на пророштвото; Божјиот народ спремно и доброволно го користи своето време за да го проповеда ‚евангелието за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи‘ (Матеј 24:14). На пример, секоја година Сведоците поминуваат стотина милиони часови говорејќи им на луѓето за Божјето Царство и водејќи бесплатни домашни библиски студии со оние кои се заинтересирани да ги испитаат доказите.
25 Сето ова дело се извршува бесплатно. Оние кои тоа го прават се со различна наобразба, на различна возраст и од секоја можна професија. Тоа се оние што се опишани во Исаија 2:3 со зборовите: „Ќе тргнат многу народи и ќе речат: ‚Дојдете, да се искачиме на гората Господова (хебрејски: יהוה, Јехова)‘“. Тоа не е само кампања „за да се придобијат души“. Тоа е светска образовна програма која има две цели: 1) Да ги информира луѓето од секоја нација дека Божјето Царство владее и точно да им се каже што тоа наскоро ќе стори, и 2) бесплатна поука за сите кои сакаат да ги испитаат доказите и кои сакаат да му служат на живиот Бог онака како што тој сака. Успехот на ова дело и исполнувањето на пророштвото се сигурни. Зошто? Затоа што самиот Јехова Бог тоа го ветува (Захарија 4:6).
26 Зарем не е оправдано дејноста на Јеховините сведоци да се смета за исполнување на ова пророштво од Исаија 2:3? Дали познаваш некој друг кој извршува вакво дело? Или мислиш дека тоа е само случајност што милиони луѓе изнаоѓаат време во своите животи да зборуваат за порака што била проречена пред околу две илјади години, порака која требало да се навестува во време на пресврти што ќе бидат без преседан? Да, во овие последни денови Јеховините сведоци се тие кои станале „светлина за незнабошците“ (Исаија 42:6; 49:6). Тие се единственото меѓународно братство кое обединето и мирољубиво му служи на Јехова Бог под водството на Месијата, „Јесеевиот корен“, за кого објавуваат дека е „знак“ (NW) за народите (Исаија 11:10).
-
-
Свет без војни — Ти можеш да го доживеешЌе постои ли некогаш свет без војни?
-
-
3 Истото Исусово пророштво кое ги означува последните денови исто така ја истакнува и близината на Божјата интервенција. Исус рекол: „Нема да премине овој род [генерацијата од 1914 која е сведок на крајот на ‚одредените времиња‘, NW], додека сето тоа не се исполни“ (Матеј 24:34; Лука 21:24). Оваа генерација бргу ќе помине. Да, сега е времето на одлука за сето човештво! Денес, во овие последни дни, односно „завршниот дел од деновите“, мораме да избереме дали ‚ќе одиме на Јеховината гора‘ за да бидеме ‚поучени за неговите патишта‘ или не. Но, како што видовме од изнесеното, вклучени се многу работи за да се запознае вистинскиот Бог, да се биде ‚поучен за неговите патишта и да се оди по неговите патеки‘ (Исаија 2:2, 3). За таа цел, не е доволно само да се прочита некоја брошура или да се оди на краток курс за проучување. Тоа вклучува многу потемелна поука која влијае на нашиот целокупен начин на живот. Би сакал ли да дознаеш повеќе за Богот на мирот?
4 Јеховините сведоци се спремни да ти помогнат да преземеш такво сериозно истражување. Те охрабруваме да го продолжиш испитувањето на оваа тема со сета сериозност за и ти да можеш да бидеш меѓу оние ‚кои одат на Јеховината гора, кои се поучени за неговите патишта‘. За да добиеш натамошна помош, контактирај со Јеховините сведоци во Царската сала која ти е најблизу, или пиши до издавачите на оваа брошура. (Види стр. 32.) Пророкот Михеј многу добро го прикажал наградувачкиот резултат со зборовите: ‚Секој ќе седи под својата винова лоза и под својата смоква, и никој нема да ги плаши‘. И ти си повикан да бидеш меѓу оние кои ‚одат во името на Јехова . . . до недогледно време‘ во свет без војни! (Михеј 4:4, 5, NW).
-