-
Даниел — книга дадена на судОбрни внимание на Даниеловото пророштво!
-
-
СЛУЧАЈОТ СО МОНАРХОТ КОЈ НЕДОСТИГА
7. а) Зошто Даниеловите осврти на Валтазар долго време им биле омилени на критичарите на Библијата? б) Што се случило со идејата дека Валтазар бил само измислена личност?
7 Даниел напишал дека Валтазар, ‚синот‘ на Навуходоносор, владеел како цар во Вавилон кога градот бил поразен (Даниел 5:1, 11, 18, 22, 30). Критичарите долго време ја напаѓале оваа изјава, бидејќи името Валтазар го немало никаде на друго место освен во Библијата. Наместо тоа, древните историчари го идентификувале Набонид, наследникот на Навуходоносор, како последен од вавилонските цареви. Затоа, во 1850 Фердинанд Хициг рекол дека Валтазар очигледно бил плод на фантазијата на писателот. Но, дали мислењето на Хициг не изгледа некако избрзано? На крајот на краиштата, дали тоа што не се спомнува овој цар — особено во период за кој, мора да се признае, историските записи се оскудни — навистина докажува дека тој никогаш не постоел? Како и да е, во 1854 во урнатините на древниот вавилонски град Ур, каде што денес се наоѓа јужен Ирак, биле ископани некои мали глинени цилиндри. Овие документи на клинесто писмо од цар Набонид вклучувале молитва за „Бел-сар-усур, мојот најстар син“. Дури и критичарите морале да се сложат: Ова бил Валтазар од книгата Даниел.
8. Како Даниеловиот опис на Валтазар како владејачки цар се покажал точен?
8 Сепак, критичарите не биле задоволни. „Ова не докажува ништо“, напишал еден од нив по име Х. Ф. Талбот. Тој изнел оптужба дека синот во натписот можеби бил само дете, додека Даниел го претставува како цар кој владее. Но, само една година откако биле објавени забелешките на Талбот, биле ископани и други плочки на клинесто писмо кои укажувале дека Валтазар имал секретари и домашен персонал. Ова не било дете! Конечно, натегањето се решило со помош на други плочки на кои се известувало дека Набонид бил отсутен од Вавилон со години по ред. Исто така, овие плочки покажале дека во тие периоди, тој „му го доверил царувањето“ со Вавилон на својот најстар син (Валтазар). Во тоа време, Валтазар всушност бил цар — корегент на својот татко.b
-
-
Даниел — книга дадена на судОбрни внимание на Даниеловото пророштво!
-
-
b Кога Вавилон паднал, Набонид бил отсутен. Значи, Валтазар со право е опишан како цар во тоа време. Критичарите ситничарат дека световните записи не му даваат на Валтазар службена титула цар. Сепак, древните докази укажуваат дека луѓето од тие денови дури и еден управител можеле да го нарекуваат цар.
-