-
Четири зборови кои го промениле светотОбрни внимание на Даниеловото пророштво!
-
-
6 Меѓутоа, Валтазар имал на ум еден уште подрзок чин. „Царот и достоинствениците негови, жените негови и наложниците негови . . . пиеја вино и ги славеа боговите златни и сребрени, бакарни и железни, дрвени и камени“ (Даниел 5:3, 4). Значи Валтазар имал намера да ги возвиши своите лажни богови над Јехова! Изгледа дека ваквиот став бил типичен за Вавилонците. Тие ги презирале своите еврејски заробеници така што го исмејувале нивното обожавање и не им давале никаква надеж за враќање во нивната сакана татковина (Псалм 136:1—3; Исаија 14:16, 17). Можеби овој пијан монарх мислел дека со тоа што ќе ги понижува овие изгнаници и ќе го навредува нивниот Бог, ќе ги импресионира своите жени и службеници, оставајќи впечаток дека е силен.a Но, ако Валтазар навистина чувствувал некаков набој на сила, тоа не траело долго.
-
-
Четири зборови кои го промениле светотОбрни внимание на Даниеловото пророштво!
-
-
a Во еден древен натпис, цар Кир за Валтазар рекол: „За [владетел] на неговата земја беше поставен слабак“.
-