-
Кој може да му се спротивстави на кнезот над кнезовите?Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
-
-
21. Кој го зазема „светото место“ кое седмата светска сила се обидува да го опустоши?
21 Денес, преостанатите од тие 144.000 се земни претставници на „небесниот Ерусалим“ — Царство на Бог слично на град — и на неговото храмско уредување (Евреите 12:22, 28; 13:14). Во оваа смисла тие заземаат ‚свето место‘ кое седмата светска сила се обидува да го прегази и да го опустоши (Даниел 8:13, NW). Зборувајќи, исто така, за тоа свето место како за ‚утврдено место на [Јеховината] светиња‘, Даниел вели: „Му ја одзеде [на Јехова] секојдневната жртва [постојаната одлика, NW] и го урна местото [утврденото место, NW] на Неговата светиња; и војската беше предадена заедно со секојдневната жртва [постојаната одлика, NW] поради бесчестието [престапот, NW]; а тој, откако ја собори вистината на земјата, дејствуваше и успеваше“ (Даниел 8:11, 12). Како се исполнило ова?
22. Како направила голем „престап“ седмата светска сила за време на Втората светска војна?
22 Што доживеале Јеховините сведоци за време на Втората светска војна? Тие претрпеле силно прогонство! Тоа започнало во нацистичките и фашистичките земји. Но наскоро ‚била соборена вистината на земјата‘ низ огромното подрачје на малиот рог ‚чија моќ се зацврстила‘. „Војската“ од објавители на Царството и нивното дело на проповедање на „Евангелието“ биле забранети во скоро целиот Британски Комонвелт (Марко 13:10). Кога овие нации го регрутирале своето работоспособно население, одбиле да ги ослободат Јеховините сведоци од воена служба врз основа на нивната служба на министри, не покажувајќи никакво почитување кон нивното теократско наименување како министри на Бог. Јеховините верни сведоци во Соединетите Држави биле напаѓани од толпи и понижувани на различни начини. Всушност, седмата светска сила се обидела да им ја одземе жртвата на фалба — „плод од усните“ — што редовно му ја принесувал на Јехова неговиот народ како ‚постојана одлика‘ на своето обожавање (Евреите 13:15). Со ова, светската сила направила „престап“ така што го нападнала законскиот домен на Највишиот Бог — ‚утврденото место на Неговата светиња‘.
23. а) Како се кренала англо-американската светска сила „против Кнезот над кнезовите“ во текот на Втората светска војна? б) Кој е „Кнезот над кнезовите“?
23 Со прогонување на „светиите“ за време на Втората светска војна, малиот рог се издигнал „дури и над водачот [Кнезот, NW] на таа војска“. Односно, како што вели ангелот Гавриел, тој ‚се кренал против Кнезот над кнезовите‘ (Даниел 8:11, 25). Титулата „Кнез над кнезовите“ се применува исклучително на Јехова Бог. Хебрејскиот збор сар, преведен со „кнез“, е поврзан со глагол кој значи „извршува власт“. Освен тоа што се однесува на синот на царот или на лице од царски ранг, зборот се однесува и на некој што е глава, односно главен. Книгата Даниел спомнува и други ангелски кнезови — на пример Михаел. Бог е Главниот Кнез над сите такви кнезови (Даниел 10:13, 21; спореди Псалм 82:18). Можеме ли да си замислиме некого кој може да се крене против Јехова — Кнезот над кнезовите?
„СВЕТИЛИШТЕТО“ ВРАТЕНО ВО ИСПРАВНА СОСТОЈБА
24. Во што нѐ уверува Даниел 8:14?
24 Никој не може да му се спротивстави на Кнезот над кнезовите — па дури ни цар толку „свиреп“ како англо-американската светска сила! Овие обиди на царот да ја уништи Божјата светиња не успеваат. После период од „две илјади и триста вечери и утрини“, вели ангелскиот гласник, „светилиштето ќе се очисти [ќе се врати во својата исправна состојба, NW]“ или „ќе излезе како победник“ (Даниел 8:13, 14, The New English Bible).
-
-
Кој може да му се спротивстави на кнезот над кнезовите?Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
-
-
27. Кој доказ постои дека ‚постојаната жртва‘ била ограничена во текот на годините на прогонство во Втората светска војна?
27 Додека течеа тие 2.300 денови за време на Втората светска војна, која започна во 1939, принесувањето на ‚постојаната жртва‘ во Божјето светилиште беше строго ограничено поради прогонството. Во 1938, Watch Tower Society имаше 39 подружници кои го надгледуваа делото на Сведоците ширум светот, но до 1943 останаа само 21. Порастот во бројот на објавители на Царството во тој период беше исто така мал.
-