-
Северниот цар во времето на крајотСтражарска кула (за проучување) 2020 | Мај
-
-
13. Што направил северниот цар во 1930-тите и во текот на Втората светска војна?
13 Потоа, во 1930-тите и особено во Втората светска војна, северниот цар немилосрдно ги нападнал Божјите слуги. Кога нацистите ја презеле власта во Германија, Хитлер и неговите следбеници го забраниле делото што го извршувал Божјиот народ. Противниците убиле стотици Јеховини слуги и испратиле неколку илјади во концентрациони логори. Даниел ги прорекол тие настани. Освен тоа, северниот цар го осквернил светилиштето и ја укинал „секојдневната жртва“ така што го забранил проповедничкото дело и ги спречил Божјите слуги јавно да го фалат Јехова (Дан. 11:30б, 31а). Хитлер, водачот на нацистичката партија, дури се заколнал дека ќе го истреби Божјиот народ од Германија.
-
-
Северниот цар во времето на крајотСтражарска кула (за проучување) 2020 | Мај
-
-
ДВАТА ЦАРА СОРАБОТУВААТ!
17. Што е „гадотијата која пустоши“?
17 Иако двата цара се постојано во судир, сепак северниот цар му дал поддршка на јужниот цар во една важна работа. Тие соработувале за да „ја постават гадотијата која пустоши“ (Дан. 11:31). Оваа „гадотија“ ги претставува Обединетите нации.
18. Зошто Обединетите нации се наречени „гадотијата која пустоши“?
18 Организацијата на Обединетите нации е наречена „гадотија“ бидејќи тврди дека може да донесе светски мир — нешто што може да го постигне само Божјето Царство. Освен тоа, пророштвото вели дека гадотијата „пустоши“. Во која смисла? Обединетите нации ќе одиграат клучна улога во уништувањето на сите лажни религии. (Види ја рамката „Соперничките цареви во времето на крајот“.)
-