-
Поттикнати од „величествените Божји работи“Стражарска кула 2002 | 1 Август
-
-
Поттикнати на акција!
4. Кое пророштво на Јоил се исполнило на Пентекост 33 н.е.?
4 Откако го примиле светиот дух, учениците во Ерусалим веднаш почнале да ја споделуваат добрата вест за спасение со другите, почнувајќи од мноштвото што било собрано тоа утро. Со нивното проповедање се исполнило едно извонредно пророштво, кое осум века пред тоа го запишал Јоил, синот на Фатуил: „Ќе го излеам Мојот Дух на секое тело, и вашите синови и ќерки ќе пророкуваат, вашите старци ќе сонуваат соништа, а вашите момчиња ќе гледаат виденија. Па и на слугите и на слугинките ќе го излеам Мојот Дух во оние денови . . . пред да настапи Господовиот [Јеховиниот, NW] Ден, голем и страшен“ (Јоил 1:1; 3:1, 2, 4; Дела 2:17, 18, 20).
5. Во која смисла пророкувале христијаните во првиот век? (Види ја фуснотата.)
5 Дали ова значело дека Бог имал намера да подигне цела генерација од пророци, и мажи и жени, какви што биле Давид, Јоил и Девора, и дека ќе ги користи за да ги претскаже идните настани? Не. Христијанските ‚синови и ќерки, слуги и слугинки‘ требало да пророкуваат во таа смисла што ќе биле подбудени од Јеховиниот дух да ги објавуваат ‚величествените работи‘ што Јехова ги направил и допрва требало да ги направи. Значи, тие требало да служат како говорници на Највишиот.a Но, како реагирало мноштвото? (Евреите 1:1, 2).
-
-
Поттикнати од „величествените Божји работи“Стражарска кула 2002 | 1 Август
-
-
a Кога ги назначил Мојсеј и Арон да зборуваат со фараонот во корист на неговиот народ, Јехова му рекол на Мојсеј: „Ќе те наметнам како Бог на фараонот; твојот брат Арон ќе биде твој пророк“ (Излез 7:1). Арон не служел како пророк во смисла дека претскажувал некои идни настани туку на тој начин што станал говорник, односно гласноговорник на Мојсеј.
-