-
Тој научил да биде милостивСтражарска кула 2009 | 1 Април
-
-
Бог рекол дека на Јона му било жал што се исушило едно обично растение кое пораснало преку ноќ и кое тој ниту го засадил ниту направил да порасне. На крајот му рекол: „А мене да не ми биде жал за Ниневија, голем град, во кој има повеќе од сто и дваесет илјади луѓе, кои не знаат што е десно, а што лево, а покрај тоа и многу стока?“ (Јона 4:10, 11).d
Сфаќаш ли колку силна лекција му дал Јехова? Јона не мрднал ни со прст во грижата за тиквата. Од друга страна, Јехова бил Извор на животот за луѓето од Ниневија и ги одржувал во живот како и сите други суштества на Земјата. Како можело за Јона едно обично растение да биде повредно од животот на 120.000 луѓе, плус сета нивна стока? Зар причината не била тоа што почнал да размислува себично? На крајот на краиштата, му било жал за тиквата само затоа што имал корист од неа. Зар и неговиот гнев во врска со Ниневија не произлегувал од себични мотиви — од горда желба да си го спаси образот, да испадне дека бил во право?
Колку длабока лекција! Прашањето е: Дали Јона си ја научил лекцијата? Книгата што го носи неговото име завршува со неодговореното прашање што му го поставил Јехова. Некои критичари можеби ќе приговорат дека Јона не дал никаков одговор. Но, неговиот одговор, всушност, е таму. Тоа е самата книга. Доказите покажуваат дека Јона ја напишал книгата што го носи неговото име. Само замисли си го овој пророк, повторно на безбедно во својата земја, како го запишува она што му се случило. Лесно можеме да си замислиме еден постар, помудар, попонизен човек што покајнички ниша со главата додека пишува за своите грешки, за својата непослушност и за своето тврдоглаво одбивање да биде милостив. Јасно е дека Јона ги прифатил мудрите поуки од Јехова. Научил да биде милостив. Ќе научиме ли и ние?
-
-
Тој научил да биде милостивСтражарска кула 2009 | 1 Април
-
-
d Тоа што Бог рекол дека не знаат што е десно, а што лево, покажува дека биле како деца во тој поглед што не ги знаеле Божјите мерила.
-