-
Јеховиниот ден на суд е близу!Стражарска кула 2001 | 15 Февруари
-
-
17. Според Софонија 1:14-16, колку е близу Јеховиниот ден на суд?
17 Колку е близу Јеховиниот ден на суд? Според Софонија 1:14—16 (NW), Бог ја дава оваа гаранција: „Големиот Јеховин ден е близу. Близу е и многу ита. Звукот на Јеховиниот ден е горчлив. Таму силниот маж испушта крик. Тој ден е ден на бес, ден на неволја и болка, ден на бура и опустошување, ден на темнина и безнадежност, ден на облаци и густ мрак, ден на рог и на знак за тревога, против утврдените градови и против високите аголни кули“.
-
-
Јеховиниот ден на суд е близу!Стражарска кула 2001 | 15 Февруари
-
-
19, 20. а) Кои биле некои обележја на излевањето на Божјиот гнев врз Јуда и Ерусалим? б) Со оглед на селективното уништување со кое се соочува овој систем на работи, кои прашања се поставуваат?
19 Излевањето на Божјиот гнев врз Јуда и Ерусалим било „ден на неволја и болка“. Вавилонските освојувачи им нанеле многу страдања на жителите на Јуда, вклучувајќи ги и душевните болки кога се нашле лице в лице со смртта и уништувањето. Тој „ден на бура и опустошување“ бил ден на темнина, облаци и густ мрак, можеби не само фигуративно туку и буквално, зашто чад и колеж имало насекаде. Тоа било „ден на рог и знак на тревога“, но предупредувањата биле огласувани залудно.
20 Стражарите на Ерусалим биле беспомошни кога вавилонските бојни овни ги срушиле „високите аголни кули“. Тврдините на сегашниов зол систем на работи ќе бидат исто толку бескорисни наспроти оружјето од Божјиот небесен арсенал, спремно за употреба од негова страна уште од почетокот на селективното уништување. Дали се надеваш да бидеш поштеден? Дали си зазел цврст став на страната на Јехова ‚кој ќе ги пази оние кои го љубат, а ќе ги сотре сите злосторници‘? (Псалм 145:20).
-