Прашања од читателите
Дали зборот „можеби“ во Софонија 2:3 значи дека Божјите слуги не можат да бидат сигурни дека ќе добијат вечен живот?
Во овој стих пишува: „Барајте го Господа, сите скромни на земјата, сите кои ги извршувате Неговите закони! Барајте ја правдата, барајте ја смиреноста: можеби вие ќе бидете заштитени во денот на Господовиот гнев“. Зошто стихот вели „можеби“?
За да сфатиме како ќе постапи Јехова во Армагедон со оние што му се верни, добро е да се потсетиме што вели Библијата за тоа што ќе стори Бог со оние што умреле пред времето на судот. Некои воскреснуваат во бесмртен живот како духовни суштества на небото, додека други ќе воскреснат на Земјата со изглед вечно да живеат во Рај (Јован 5:28, 29; 1. Коринќаните 15:53, 54). Ако Јехова не ги заборава и ги наградува своите лојални кои умираат пред Армагедон, тогаш сигурно ќе го направи истото и за своите слуги кои ќе бидат живи во денот на неговиот гнев.
Исто така, охрабрувачки се и инспирираните зборови на апостол Павле. Тој напишал: „[Бог] го сочува Ное, проповедникот на праведноста, со седуммина други кога донесе потоп на свет од безбожни луѓе; и ги осуди градовите Содом и Гомора претворајќи ги во пепел . . . и го избави праведниот Лот . . . знае Јехова како да ги избави од искушение луѓето со побожна оддаденост, а неправедните да ги чува за денот на судот за да бидат одрежани“ (2. Петрово 2:5-9). Иако во минатото Јехова ги уништувал злобните, сепак ги сочувал живи Ное и Лот, кои му служеле верно. Јехова исто така ќе ги спаси луѓето со побожна оддаденост кога ќе ги уништува злобните во Армагедон. „Едно големо мноштво“ праведни лица ќе преживее (Откровение 7:9, 14).
Според тоа, изгледа дека зборот „можеби“ во Софонија 2:3 не е употребен затоа што не е сигурно дали Бог може да ги сочува оние кои се одобрени од него. Наместо тоа, кога едно лице ќе почне да ги бара праведноста и смиреноста, односно кроткоста, тоа стои пред можноста да биде заштитено. Но само ако продолжи да ги бара, тогаш ќе биде сигурно заштитено (Софонија 2:3).
[Слика на страница 31]
„Знае Јехова како да ги избави од искушение луѓето со побожна оддаденост“