Зборувај го чистиот јазик и живеј засекогаш!
”Барајте го Јехова (. . .) Барајте праведност, барајте кроткост. Можеби ќе бидете сокриени на денот на Јеховиниот гнев“ (СОФОНИЈА 2:3, NW).
1. (а) Кои методи ги користат учениците при учењето странски јазик? (б) Зошто треба да се зборува чистиот јазик?
УЧЕНИЦИТЕ можат да учат нов јазик користејќи го граматичкиот метод или методот на вежбање на јазикот. Со граматичкиот метод се учат граматичките правила и обично се употребуваат учебници. Кај методот на говорниот јазик учениците слушаат додека учителот зборува, а потоа ги повторуваат гласовите и зборовите. При учењето на ”чистиот јазик“ се користат обата метода. Животоважно е да го зборуваме тој јазик ако се сакаме да бидеме ”сокриени на денот на Јеховиниот гнев“ (Софонија 2:1-3; 3:8, 9, NW).
2. Како можеме да го научиме она што би можело да се наречат граматички правила на чистиот јазик?
2 Главниот учебник кој се користи за учење на чистиот јазик е Библијата. Со марливо проучување на Библијата и публикациите што се темелени на неа, можеш да го научиш она што може да се наречат граматички правила на чистиот јазик. Домашната библиска студија која ја води некој Јеховин сведок е добар почеток. За оние кои се веќе предадени на Бог, од пресудна важност е редовно и марливо да ја проучуваат Библијата. Но, дали постојат некои посебно делотворни начини за учење на чистиот јазик? И каква корист произлегува од неговото говорење?
Како да се научи чистиот јазик
3. Кој е еден од начините да се научи чистиот јазик?
3 Еден начин да го научиш чистиот јазик е да ги поврзеш вистините кои ги учиш со мислите што веќе ги знаеш, како што еден ученик кој учи јазик ги поврзува граматичките правила едно со друго. На пример, можеби еднаш си сознал дека Исус Христос е Божји Син, но малку си знаел за неговите должности. Оттогаш, можеби си научил дека Христос сега владее како небесен Цар и дека во текот на неговото Илјадагодишно Царство послушното човештво ќе биде издигнато до совршенство (Откровение 20:5, 6). Да, твоето разбирање на чистиот јазик се подобрува додека новите мисли ги поврзуваш со она што веќе го знаеш.
4. (а) Кој е уште еден начин да се научат ’граматичките правила‘ на чистиот јазик, и кој библиски извештај е употребен за да се илустрира тоа? (б) Што се случило кога Гедеон и неговите 300 луѓе стапиле во акција? (в) Каква поука пружа извештајот за Гедеон?
4 Друг начин за учење на ’граматичките правила‘ на чистиот јазик е визуелно да си ги претставиш библиските настани. За илустрација: Обиди се да го ’видиш и слушнеш‘ извештајот запишан во Книгата Судии Израилеви 7:15-23. Гледај! Израелскиот судија Гедеон ги поделил своите воени сили на три чети од по сто души. Во темнината, под закрилата на ноќта, тивко слегуваат од планината Гилбоа и го опколуваат логорот на заспаните Мадијанци. Дали овие 300 луѓе се добро вооружени? Не во воен поглед. Па тие вообразени војници презриво би им се смееле! Секој од нив има само рог, голем стомна за вода и факел внатре во стомната. Но, слушај! На даден знак, стотината луѓе кои се со Гедеон трубат во роговите и ги кршат стомните. Истото го прават и другите 200 Израелци. Додека сите високо ги подигнуваат распламтените факели, ги слушаш како викаат: ”Меч Јеховин и Гедеонов!“ (NW). Колкав страв ги спопаднал Мадијанците! Тие се сопнуваат од своите шатори, бидејќи сонливите очи им се раширени од страв поради пламењата кои потскокнуваат и создаваат сенки, распалувајќи суеверен страв. Кога престрашените Мадијанци почнуваат да бегаат, луѓето на Гедеон продолжуваат да трубат во роговите, а Бог ги свртува непријателите едни против други меѓусебе. Каква силна лекција за учење на чистиот јазик! Бог може да ги ослободи своите слуги без човечка воена сила. Освен тоа, ”Јехова нема да го напушти својот народ поради своето големо име“ (1. Самоилова 12:22, NW).
5. Како можат христијанските состаноци да ни помогнат да го подобриме својот говор?
5 Кога учениците учат странски јазик со методот на говорниот јазикот, се обидуваат исправно да ги повторуваат гласовите и зборовите на наставникот. Колку прекрасни прилики за зборување на чистиот јазик ни се пружаат на христијанските состаноци! Таму ги слушаме другите како се изразуваат на тој јазик на библиската вистина, а и самите имаме предност да коментираме. Дали се плашиме дека ќе кажеме нешто погрешно? Нека тоа не биде нашата главна грижа, зашто дури и грешката која љубезно ќе ја поправи старешината кој претседава на некој состанок, како што е неделната студија на Стражарска кула, може да го подобри нашиот говор. Затоа, редовно присуствувај и учествувај на христијанските состаноци (Евреите 10:24, 25).
Продирање на нечистотии
6. Зошто постои толкава разлика помеѓу Јеховините ведоци и религиозните организации на т. н. христијанство?
6 Оние кои ја објавуваат Јеховината намера и го објавуваат неговото небесно Царство, го зборуваат чистиот јазик како негови Сведоци. Тие го објавуваат неговото име и му служат ”рамо до рамо“, еднодушно (Софонија 3:9). Иако верските организации на христијанството ја имаат Библијата, тие не го зборуваат чистиот јазик ниту го привикуваат Јеховиното име во вера (Книга пророк Јоил 2:32). Немаат складна вест која се темели на Библијата. Зошто? Затоа што верските традиции, светската филозофија и политичката лојалност ја ставаат над Божјата Реч. Нивните цели, надежи и методи се од овој злобен свет.
7. На кои разлики помеѓу Јеховините сведоци и лажните религии се укажува во 1. Јованово 4:4-6?
7 Христијанството — а всушност и целото светско царство на лажната религија — не го зборува истиот јазик како Јеховините сведоци. Интересно е дека на оние кои го зборуваат чистиот јазик, апостол Јован им напишал: ”Вие, дечиња, потекнувате од Бог, (. . .) и сте ги победиле тие луѓе, бидејќи оној кој е во заедница со вас е поголем од оној кој е во заедница со светот. Тие потекнуваат од светот; затоа го зборуваат она што доаѓа од светот и светот нив ги слуша. Ние потекнуваме од Бог. Оној кој стекнува спознание за Бог нѐ слуша нас; кој не потекнува од Бог, не нѐ слуша“ (1. Јованово 4:4-6, NW). Јеховините слуги ги победиле лажните учители бидејќи Бог, кој е во заедница со својот народ, ”е поголем од [Ѓаволот] кој е во заедница со светот“, т. е. неправедното човечко општество. Бидејќи отпадниците ”потекнуваат од светот“ и го имаат неговиот злобен дух, ’го зборуваат она што доаѓа од светот и светот ги слуша‘. Но лицата слични на овци ги слушаат оние кои потекнуваат од Бог, сфаќајќи дека Јеховиниот народ зборува чист јазик на библиската вистина што е овозможен преку неговата организација.
8. Кој е човекот на беззаконието?
8 Бил претскажан голем отпад, а ’тајната на беззаконието‘ веќе била на дело во I. н. е. Со текот на времето, мажите кои прифатиле — или приграбиле — положба на учители во собранието, научувале многу лажни науки. Нивниот јазик бил далеку од чист. Затоа се појавил комбиниран ”човек на беззаконието“, свештенството на христијанството, врзано за лажните верски традиции, светската филозофија и небиблиски учења (2. Солунјаните 2:3, 7).
Чистиот јазик се слушнал ширум светот
9. Што се случувало на религиозно поле во текот на XIX. век?
9 Само едно мало малцинство од богобојазливи луѓе ’водело тешка борба за верата, која еднаш засекогаш им била дадена на светите‘ (Јуда 3, NW). Каде можеле да се најдат такви верници? Со векови лажната религија држела мнозина луѓе во духовна темнина, но Бог ги познавал оние малкумина кои го имале неговото признание (2. Тимотеј 2:19). И тогаш, среде комерцијалните, индустриските и социјални промени на XIX-от век, се јавиле гласови кои се истакнувале од сеопштиот вавел, збрканоста на лажната религија. Мали групи се обидувале да ги прочитаат знаците на времето и да го предвидат второто Исусово доаѓање, но не сите го зборувале чистиот јазик.
10. Која група на ”второ доаѓање“ ја избрал Бог да го зборува чистиот јазик, и што е доказ дека Јеховината рака била со нив?
10 Меѓутоа, во 1879 станало јасно кој глас на ’второто доаѓање‘ бил избран од Јехова да го зборува чистиот јазик како негови Сведоци. Во тоа време, во Питсбург, Пенсилванија САД, се состанувала една мала група за проучување на Библијата, предводена од Чарлс Тејз Расел. Тие биле сигурни дека Исусовото второ доаѓање ќе започне со неговата невидлива присутност, дека им претстои време на светска неволја, и дека потоа ќе уследи Христовото Илјадагодишно Царство, кое ќе го обнови Рајот на Земјата и вечниот живот за послушните луѓе. Во јули 1879 тие Испитувачи на Библијата почнале да го издаваат списанието сега познато како Стражарска кула. Биле растурени само 6 000 примероци од тој прв број. Но очигледно дека ”раката Јеховина“ била со тие Сведоци, бидејќи тоа списание сега се издава на 111 јазици, со просечен тираж од преку 15 000 000 за секој број. (Спореди Дела на апостолите 11:19-21, NW).
11, 12. Кои се некои од библиските вистини што ги разбрале оние кои го зборуваат чистиот јазик?
11 Преку Библијата и изданијата на Јеховините сведоци, а особено преку преку тоа што тие христијани ревно ја објавувале добрата вест, чистиот јазик станал познат ширум светот. И какви величествени благодети уживаат сите оние кои го зборуваат! Наместо да велат дека ’Бог е Бог, Христос е Бог и Светиот Дух е Бог‘ на таинствениот жаргон на тринитаријанизмот, тие се согласуваат со Библијата која јасно покажува дека Јехова е Највишиот Бог, дека Исус Христос е помал од него и дека е негов Син, а светиот дух е Божјата зачудувачка активна сила (1. Мојсеева 1:2; Псалми 83:18; Матеј 3:16, 17, NW). Оние кои го зборуваат чистиот јазик знаат дека човекот не се развил од понизок облик на живот, туку го создал љубезниот Бог (1. Мојсеева 1:27; 2:7). Тие сфаќаат дека душата престанува да постои при смртта — факт кој го отстранува стравот од мртвите (Книга проповедник 9:5, 10; Книга пророк Језекиил 18:4). Разбрале дека пеколот е општ гроб на човештвото, а не место на огнени маки измислено од некое ѓаволско божество (Јов 14:13). Напротив, тие знаат дека воскресението е од Бог дадена надеж за мртвите (Јован 5:28, 29; 11:25; Дела на апостолите 24:15).
12 Оние кои го зборуваат чистиот јазик покажуваат почит спрема крвта и животот (1. Мојсеева 9:3, 4; Дела на апостолите 15:28, 29). Сфаќаат дека Христовиот земски живот е откупната цена што ја платил за послушните луѓе (Матеј 20:28; 1. Јованово 2:1, 2). Тие не се молат на ”светци“, бидејќи знаат дека своите молитви мораат да ги упатуваат до Јехова преку Исус Христос (Јован 14:6, 13, 14). Бидејќи Божјата Реч го осудува идолопоклонството, во своето обожување не употребуваат ликови (2. Мојсеева 20:4-6; 1. Коринтјаните 10:14). Ги избегнуваат и опасностите од демонизмот, затоа што го отфрлаат спиритизмот, кого Библијата исто така го осудува (5. Мојсеева 18:10-12; Галатјаните 5:19-21).
13. Зошто оние кои го зборуваат чистиот јазик не се збунети?
13 Јеховините слуги кои го зборуваат чистиот јазик не се збунети во врска со тоа каде се наоѓаат во струјата на времето. Јехова ги поучил дека живеат во ’времето на крајот‘, кога Исус е присутен како славен невидлив дух (Книга пророкот Даниил 12:4; Матеј 24:3-13; 2. Тимотеј 3:1-5; 1. Петрово 3:18). Со своите моќни небески сили зад себе, Христос се подготвува да јава во битката за да ја изврши Божјата осуда над овој систем (Даниил 2:44; Откровение 16:14, 16; 18:1-8; 19:11-21). Да, оние кои го зборуваат чистиот јазик исто така се вработени во објавувањето на добрата вест дека наскоро Божјето Царство под Исус Христос на целото послушно човештво ќе му донесе величествени благослови на рајската Земја (Книга пророк Исаија 9:6, 7; Книга пророк Даниил 7:13, 14; Матеј 6:9, 10; 24:14; Лука 23:43). Со сето ова ја допревме само површината! Навистина, чистиот јазик е најбогатиот, најскапоцениот јазик на Земјата!
14. Какви други благодети уживаат оние кои го зборуваат чистиот јазик?
14 Благодетите што ги уживаат оние кои го зборуваат чистиот јазик, го вклучуваат ”мирот Божји“ кој ги чува срцата и мисловните сили (Филипјаните 4:6, 7). Тие ги слушаат библиските закони кои го унапредуваат здравјето, среќата и задоволството кое доаѓа од угодувањето на Јехова (1. Коринтјаните 6:9, 10). Да, оние кои го зборуваат чистиот јазик ја имаат и надежта за вечен живот во Божјиот ветен нов свет (2. Петрово 3:13).
Користи го или ќе го изгубиш
15. Каква корист ќе имаш од доброто познавање на чистиот јазик
15 Ако сакаш да го зборуваш чистиот јазик во новиот свет, мора да го научиш толку добро што ќе стане јазик на кој размислуваш. Кога некое лице учи јазик, прво размислува на својот мајчин јазик и ги преведува мислите на новиот. Но како што станува повешт во новиот јазик, почнува да размислува на него без потреба од преведување. Така и ти, со марливо проучување можеш толку добро да го научиш чистиот јазик што ќе знаеш како да ги примениш библиските закони и начела во решавањето на проблемите и да останеш на ’патот на животот‘ (Псалми 16:11, NW).
16. Што може да се случи ако не го користиш чистиот јазик редовно?
16 Ако го учиш чистиот јазик, мораш да го користиш редовно или ќе ја изгубиш способноста да го зборуваш добро. На пример, пред многу години некои од нас учеле некој странски јазик. Можеби се сеќаваме на некои зборови на тој јазик, но веројатно повеќе не владееме со него бидејќи не сме го употребувале редовно. Истото може да се случи со чистиот јазик. Ако не го употребуваме редовно, може да престанеме да владееме со него, а тоа би имало трагични последици во духовна смисла. Затоа редовно да го зборуваме на состаноците и во христијанската служба. Тие активности, заедно со личното проучување, ќе ни овозможат исправно да го зборуваме чистиот јазик. А колку само е важно тоа!
17. Што покажува дека зборувањето на чистиот јазик може да биде животоспасувачки или смртоносно?
17 Говорот може да биде животоспасувачки или смртоносен. Тоа се покажало тогаш кога дошло до судир меѓу израелското племе Ефрем и судијата Ефтај од Галад. За да ги препознаат Ефраимците кои се обиделе да побегнат преку реката Јордан, Галадците ја користеле лозинката ”Шиболет“, со почетно ”ш“. Луѓето на Ефраим се издавале на галадските стражи на премините преку Јордан така што наместо ”Шиболет“ изговарале ”Сиболет“, погрешно изговарајќи го првиот глас на тој збор. Како резултат на тоа, биле убиени 42 000 Ефраимци! (Книга Судии Израилеви 12:5, 6). Слично на тоа, и она што го учи свештенството на христијанството може да им звучи блиску до чистиот јазик на оние кои не се добро запознаени со библиската вистина. Но зборувањето на лажен религиозен начин ќе се покаже погубно во денот на Јеховиниот гнев.
Обединети преживуваме
18, 19. Какво е значењето на Софонија 3:1-5?
18 Укажувајќи на неверниот Ерусалим од старо време и неговата современа копија, т. н. христијанство, во Софонија 3:1-5 (NW) е кажано: ”Тешко на бунтовниот град, кој валка и угнетува! Не го слушаше гласот; не го прифати укорот. Во Јехова немаше доверба. Не се приближи до својот Бог. Неговите кнезови среде него беа лавови што рикаат. Неговите судии беа вечерни волци кои не глодаа коски до утрото. Неговите пророци беа дрски, мажи на неверство. Самите негови свештеници го обесчестија она што беше свето; го прекршуваа законот. Јехова беше праведен среде него; не постапуваше неправедно. Од утро до утро постојано ја даваше својата судска одлука. Не недостасуваше ниту по ден. Но неправедниот не знаеше за срам“. Какво е значењето на овие зборови?
19 И древниот Ерусалим и денешното христијанство се побуниле против Јехова и се извалкале со лажното обожување. Престапите на нивните водачи довеле до угнетување. И покрај постојаните Божји предупредувања, не го слушале и не му се приближиле. Нивните кнезови се како грабливи лавови, кои арогантно ја омаловажуваат праведноста. Нивните судии ја раскинале правдата на парчиња како гладни волци. А нивните свештеници го ’обесчестуваат она што е свето и го кршат Божјиот закон‘. Затоа Јехова ги ’собира народите и ќе ги збира царствата, за да ја излие врз нив својата осуда, сиот свој разгорен гнев‘ (Софонија 3:8, NW).
20. (а) Што мора да се стори за да се преживее денот на Јеховиниот ден? (б) Како можеш да се надеваш дека ќе уживаш вечни благослови од Бог?
20 Денот на Јеховиниот гнев брзо се приближува. Затоа, за да преживееш во Божјиот нов свет, учи го и зборувај го чистиот јазик без одложување. Само на тој начин можеш да најдеш заштита од духовната катастрофа сега и од светската несреќа која брзо се приближува. Јеховините сведоци го објавуваат денот на Божјиот гнев и охрабрувачката вест за неговото Царство. Колку само одушевено зборуваат за славата на неговото царување! (Псалми 145:10-13, NW). Обедини се со нив и можеш да се надеваш дека ќе се радуваш на вечниот живот и на други благослови од Творецот на чистиот јазик, Суверениот Господ Јехова.
Како би одговорил?
◻ Кои се некои начини за учење на чистиот јазик?
◻ Зошто е корисно да се зборува чистиот јазик?
◻ Што може да се случи ако редовно не го користиш чистиот јазик?
◻ Како може некој да го преживее денот на Јеховиниот гнев и да ужива вечни благослови?
[Слика на страница 16]
Гедеон и неговите луѓе трубат во своите рогови и ги подигнуваат факелите
[Слика на страница 18]
Од 1879 па наваму станало јасно дека Бог ги употребил Чарлс Тејз Расел и неговите другари да го унапредуваат чистиот јазик
[Слики на страница 20]
Дали си обединет со Јеховините сведоци во зборувањето на чистиот јазик?