ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Дали папата е „наследник на Свети Петар“?
    Стражарска кула 2011 | 1 Август
    • Дали Петар бил првиот папа?

      За да докажат дека црквата е основана врз Петар, католиците веќе долго време се осврнуваат на Исусовите зборови запишани во Матеј 16:18: „Ти си Петар. На оваа карпа ќе го изградам своето собрание“. Всушност, овој стих е испишан на латински јазик под куполата на базиликата Свети Петар во Рим.

      Августин, почитуван црковен отец, некое време сметал дека собранието било изградено врз Петар. Меѓутоа, кон крајот на својот живот, тој го сменил своето мислење за значењето на Исусовите зборови. Во едно дело познато како Retractations, Августин тврдел дека црквата, т.е. христијанското собрание, била изградена врз Исус, а не врз Петар.a

      Точно е дека апостол Петар често се спомнува во евангелијата. Исус избрал тројца апостоли — Јован, Јаков и Петар — да бидат со него во неколку посебни прилики (Марко 5:37, 38; 9:2; 14:33). На Петар му ги доверил „клучевите на царството небесно“ за да го отвори патот до Царството — прво за Евреите и преобратениците, потоа за Самарјаните и на крајот за не-Евреите (Матеј 16:19; Дела 2:5, 41; 8:14-17; 10:45). Бидејќи по природа бил многу отворен човек, Петар понекогаш зборувал во името на другите апостоли (Дела 1:15; 2:14). Но, дали поради тоа бил глава на собранието во првиот век?

      Навистина, апостол Павле напишал дека на Петар му било дадено „апостолство меѓу обрежаните“ (Галатите 2:8). Меѓутоа, ако се прочита целиот извештај, може да се види дека со тие зборови Павле не сакал да каже дека Петар го водел собранието. Тој само спомнал каква била улогата на Петар во делото на проповедање меѓу Евреите.

      Иако на Петар му биле дадени големи одговорности, никаде во Библијата не можеме да прочитаме дека се сметал за глава на собранието и дека како таков донесувал одлуки за сите ученици. Во своето писмо тој напишал дека е „апостол“ и „старешина“ — ништо повеќе (1. Петрово 1:1; 5:1).

  • Дали папата е „наследник на Свети Петар“?
    Стражарска кула 2011 | 1 Август
    • a Исусовите зборови се однесувале на тоа кој е Христос и каква е неговата улога, а не каква е улогата на Петар (Матеј 16:13-17). И самиот Петар подоцна рекол дека Исус бил карпата врз која било изградено собранието (1. Петрово 2:4-8). Апостол Павле потврдил дека „аголниот камен–темелник“ на христијанското собрание е Исус, а не Петар (Ефешаните 2:20).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели