ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Обрни внимание на Божјата пророчка реч
    Стражарска кула 2000 | 1 Април
    • 5. Како со свои зборови би го опишал преобразувањето?

      5 Преобразувањето било пророчки настан. Исус рекол: „На Синот човечки му е одредено да дојде во славата на својот Татко со своите ангели . . . Навистина ви велам дека некои од оние кои стојат овде воопшто нема да вкусат смрт додека најпрво не го видат Синот човечки како доаѓа во своето царство“ (Матеј 16:27, 28, NW). Дали некои апостоли навистина го виделе Исус како доаѓа во неговото Царство? Во Матеј 17:1—7 се вели: „А по шест дни ги зеде Исус со Себе Петра, Јакова и брата му Јована, и ги изведе во висока гора сами; и се преобрази пред нив“. Каков само драматичен настан! „Лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина. И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него.“ Исто така, ‚ги засенил светол облак‘ и го чуле Божјиот глас кој им рекол: „,Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!‘ И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија. Но Исус, штом се приближи, се допре до нив и им рече: ‚Станете и не бојте се!‘“.

  • Обрни внимание на Божјата пророчка реч
    Стражарска кула 2000 | 1 Април
    • 7. Од каде знаеме дека Петар имал живописни сеќавања за преобразувањето?

      7 Преобразувањето помогнало да се зајакне верата на тројцата апостоли кои требало да играат водечка улога во христијанското собрание. Христовото осветлено лице, неговата блескава облека и самиот Божји глас кој изјавил дека Исус е Неговиот љубен Син кого треба да го послушаат — сево ова многу делотворно послужило за неговата цел. Но, апостолите не требало никому да му ја раскажуваат визијата сѐ додека Исус не бил воскреснат. После околу 32 години, оваа визија сѐ уште била жива во мислите на Петар. Укажувајќи на неа и на нејзиното значење, тој напишал: „Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени параболи [препредено смислени лажни приказни, NW], туку откако станавме очевидци на Неговото величие. Оти Он прими чест и слава од Бога Отецот, кога од велелепната слава Му дојде ваков глас: ‚Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Моето благоволение‘. И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на Светата гора“ (2. Петрово 1:16—18).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели