-
Дали ја вршиш Божјата волја?Стражарска кула 1994 | 1 Март
-
-
„А како ви се чини ова? Еден човек имаше два сина; па отиде при првиот и му рече: ‚Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘ Тој одговори и рече: ‚Нејќам!‘ Но потоа се покаја и отиде. Па како дојде и при вториот, му го рече истото. Тој одговори и рече: ‚Ќе отидам, господаре‘. Но не отиде. Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ (Матеј 21:28-31).
Одговорот е очигледен. Како мноштвото кое го слушало Исус така и ние ќе одговориме: „Првиот“. Но, покрај очигледното, преку оваа илустрација Исус ни посочил дека она што било важно е извршувањето на татковото барање. Иако првиот син рекол дека не сака да оди, сепак отишол и затоа бил пофален. Да се врши вистинската работа е еднакво важно. Првиот син постапил така што работел во лозјето на татка си; тој не отишол да работи во своето сопствено лозје.
-
-
Дали ја вршиш Божјата волја?Стражарска кула 1994 | 1 Март
-
-
Кој ја извршува Божјата волја денес? Од речиси две милијарди луѓе кои се изјаснуваат за следбеници на Исус Христос, колкумина се како првиот син од Исусовата споредба кој отишол и ја извршил волјата на својот татко? Не е тешко да се пронајде одговорот. Вистинските следбеници на Исус Христос, кои во чекор го следат, ќе ја извршуваат онаа работа која тој рекол дека ќе ја извршуваат: „Кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието“ (Марко 13:10). Јеховините сведоци кои бројат преку четири и пол милиони во целиот свет, активно ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство и ги поучуваат другите укажувајќи на Царството како на единствена надеж на човештвото за мир и безбедност. Дали учествуваш целосно во вршењето на Божјата волја? Дали ја проповедаш добрата вест за Царството како Исус? (Дела 10:42; Евреите 10:7).
-