-
Две споредби со лозјеИсус — патот, вистината и животот
-
-
Потоа Исус раскажал уште една споредба. Со неа покажал дека, освен што не му служеле на Бог, верските водачи биле и злобни. „Еден човек насади лозје“, рекол Исус, „и постави ограда околу него, ископа место за гмечење на грозјето и подигна стражарска кула. И им го даде под закуп на лозарите, па отпатува во туѓина. Кога дојде времето, испрати еден роб кај лозарите за да земе од нив дел од родот на лозјето. Но, тие го фатија, го претепаа и го испратија назад со празни раце. Им испрати и друг роб. Нему му ја расцепија главата и го осрамотија. Испрати и трет, а него го убија. Испрати и многу други робови, но и од нив некои претепаа, а некои убија“ (Марко 12:1-5).
Дали тие што слушале ја разбрале споредбата? Можеби се присетиле на зборовите на осуда што ги кажал пророкот Исаија: „Лозјето на Јехова над војските е Израеловиот дом, луѓето на Јуда се насадот што тој го сакаше. Се надеваше на правда, а еве, го кршат законот, се надеваше на праведност, а еве пискот“ (Исаија 5:7). И споредбата на Исус била слична. Сопственикот на лозјето бил Јехова, а лозјето било израелскиот народ кој бил ограден и заштитен со Божјиот закон. Јехова повеќепати испраќал пророци за да го поучат неговиот народ и да му помогнат да носи добри плодови.
-
-
Две споредби со лозјеИсус — патот, вистината и животот
-
-
Со тие зборови несвесно се осудиле самите себе бидејќи биле меѓу „лозарите“ кои го обработувале „лозјето“ на Јехова, односно израелскиот народ. Јехова од нив со право очекувал добри плодови, меѓу другото и да покажат вера во неговиот Син, Месијата. Тогаш Исус погледнал право во нив и рекол: „Зарем никогаш не сте ги читале овие зборови од Писмото: ‚Каменот што го отфрлија градителите стана главен аголен камен. Тоа дело е од Јехова, чудесно е во наши очи‘?“ (Марко 12:10, 11). На крајот Исус јасно им кажал: „Затоа ви велам: царството Божје ќе се земе од вас и ќе му се даде на народ кој ги донесува неговите плодови“ (Матеј 21:43).
-