-
Генерацијата од 1914 — зошто е значајна?Стражарска кула 1992 | 1 Мај
-
-
Во првото столетие од н. е. Исус рекол дека неговата невидлива присутност како земски Цар ќе биде обележана со видлив знак. Тој бил запрашан: „Кој ќе биде знакот на твојата присутност и на завршетокот на системот на работите?“ Што одговорил тој? „Нација ќе се крене против нација и царство против царство, и ќе има оскудица на храна и земјотреси од едно место во друго. Сите овие работи се почеток на тегобни маки“ (Матеј 24:3, 7, 8, NW).
Според тоа, војната која избувнала во 1914, била придружена со страшна оскудица на храна, затоа што нормалното производство било прекинато цели четири години. Што е со „земјотресите од едно место во друго“? Во деценијата по 1914, во најмалку десет катастрофални земјотреси загинале преку 350.000 луѓе. (Види ја рамката.) Навистина, генерацијата од 1914 доживеала „почеток на тегобни маки“. А уште оттогаш тегобните маки редовно погодувале во вид на природни несреќи, глад и многу, многу војни.
И покрај тоа, веста за воспоставувањето на Божјето Царство во 1914 е добра вест затоа што тоа Царство ќе ја спаси оваа Земја од пропаст. Како? Тоа ќе ги отстрани сите лажни, лицемерни религии, корумпирани влади и злобното влијание на Сатана (Даниел 2:44; Римјаните 16:20; Откривење 11:18, Даничиќ-Караџиќ; 18:4-8, 24). И уште повеќе, тоа ќе послужи како увод во еден нов свет во кој „ќе се настани правда“ (2. Петрово 3:13).
Набрзу по I Светска војна, искрените Истражувачи на Библијата, како што тогаш се викале Јеховините сведоци, почнале да ја сфаќаат својата предност во поглед на еден друг аспект на знакот за Исусовата присутност како Цар. Исус Христос прорекол: „Ќе биде проповедано ова евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).
Од малите почетоци во 1919, Јеховините сведоци продолжиле без престан да го шират „ова евангелие [добра вест, NW]“. Како резултат на тоа, милиони луѓе од преку 200 земји сега се собираат како поданици на Божјето Царство. И колкав благослов ги очекува овие поданици! Царството ќе ги укине војните, гладот, криминалот и угнетувањето. Тоа дури ќе ја победи болеста и смртта! (Псалми 46:9; 72:7, 12-14, 16, ДК; Соломонови изреки 2:21, 22; Откровение 21:3, 4).
Пред да помине генерацијата од 1914, делото на проповедање на Царството ќе ја има исполнето својата цел. „Тогаш“, прорекол Исус, „ќе биде мака [голема неволја, NW] каква што не била од почетокот на светот па досега, а и нема да биде. И, ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни“ (Матеј 24:21, 22).
-
-
Генерацијата од 1914 — зошто е значајна?Стражарска кула 1992 | 1 Мај
-
-
[Табела на страница 7]
Земјотреси во деценијата по 1914
Датум: Место: Загинати:
13 јануари 1915 Авецано, Италија 32.600
21 јануари 1917 Бали, Индонезија 15.000
13 февруари 1918 Провинција Квантунг, Кина 10.000
11 октомври 1918 Порторико (западен) 116
3 јануари 1920 Веракруз, Мексико 648
7 септември 1920 Реџо ди Калабрија, Италија 1.400
16 декември 1920 Провинција Нингсија, Кина 200.000
24 март 1923 Провинција Сечуан, Кина 5.000
26 мај 1923 Иран (североисточен) 2.200
1 септември 1923 Токио–Јокохама, Јапонија 99.300
Од табелата „Значајни земјотреси во светот“ во книгата Terra Non Firma од Џејмс М. Гир и Хареш К. Ша
-