ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Библиско пророштво чие исполнување си го видел
    Библијата — Реч Божја или човечка?
    • 25 Меѓутоа, Библијата ни го свртува вниманието на еден друг вид диви ѕверови кои во последниве години предизвикале вистински страв. Пророкот Језекиил ги споредил насилничките луѓе со диви животни кога рекол: „Кнезовите нејзини се како волци, кои грабаат плен, проливаат крв, погубуваат души, за да придобијат корист“ (Језекиил 22:27). Кога Исус прорекол дека „беззаконијата ќе се умножат“, тој всушност велел дека таквите „ѕверови“ ќе бидат активни на Земјата во текот на неговата присутност (Матеј 24:12). Библискиот писател Павле додава дека во текот на „последните денови“ луѓето ќе бидат „среброљупци . . . невоздржливи, нескротливи, недоброљупци“ (2. Тимотеј 3:1—3). Дали тоа е случај од 1914 година?

      26-28. Кои извештаи од целиот свет покажуваат дека криминалните „ѕверови“ демнеат по Земјата?

      26 Сосема сигурно. Ако живееш во кој и да било голем град на Земјата, ти веќе го знаеш тоа. Но, ако се сомневаш, разгледај ги само следниве недамнешни цитати од весниците. Од Колумбија: „Минатата година полицијата извести . . . околу 10.000 убиства и 25.000 вооружени кражби“. Од Викторија (Австралија): „Голем скок во тешкиот криминал“. Од Соединетите Држави: „Убиствата во Њујорк достигнуваат рекордна висина“. „Минатата година Детроит го достигна Гери (Инд.), како велеград со најголема стапка на убиства во нацијата — 58 од 100.000 жители.“

      27 Од Зимбабве: „Убиствата на бебиња попримиле кризни размери“. Од Бразил: „Овде има толкав криминал и толку се носи оружје што вестите за насилство едноставно веќе не предизвикуваат голема возбуда“. Од Нов Зеланд: „Сексуалните напади и насилничкиот криминал продолжуваат да бидат главна грижа за полицијата“. „Степенот на насилството меѓу жителите на Нов Зеланд би можел да се опише само како варварски.“ Од Шпанија: „Шпанија се бори со сѐ поголемиот проблем на криминалот“. Од Италија: „Сицилијанската мафија, после едно затишје, повторно оживува со еден бран убиства“.

  • Библиско пророштво чие исполнување си го видел
    Библијата — Реч Божја или човечка?
    • 29, 30. Во исполнување на Исусовото пророштво, каква е религиозната ситуација во христијанскиот свет?

      29 Што би се случувало со религијата во текот на бурното време на Исусовата присутност? Од една страна, Исус прорекол дека ќе има пораст на религиозната активност: „Многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина“ (Матеј 24:11). Од друга страна, пак, тој претскажал дека во христијанскиот свет како целина, интересот за Бог ќе падне на ниско ниво. „Кај мнозина љубовта ќе олади“ (Матеј 24:12).

      30 Ова навистина го опишува она што се случува денес во христијанскиот свет. Од една страна, главните цркви насекаде пропаѓаат поради недостиг на поддршка. Во некогаш силните протестантски земји на северна Европа и Англија, религијата е речиси мртва. Во исто време, Католичката црква страда од недостиг на свештеници и од намалена поддршка. Од друга страна, пак, постојат бранувања меѓу периферните религиозни елементи. Се размножуваат култовите основани врз источните религии, додека алчните телевизиски евангелисти изнудуваат милиони долари.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2027)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели