ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Како се проповеда добрата вест?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • Лекција 21. Еден човек разговара на улица со две жени кои се Јеховини сведоци покрај количка за сведочење.

      ЛЕКЦИЈА 21

      Како се проповеда добрата вест?

      Преку своето Царство, Јехова наскоро ќе ги отстрани сите наши проблеми. Оваа вест е толку добра што треба секој да ја слушне! Исус сакал неговите следбеници да ја споделат оваа порака со сите луѓе (Матеј 28:19, 20). Дали Јеховините сведоци се послушни на Исусовата заповед?

      1. Како денес се исполнува Матеј 24:14?

      Исус прорекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет“ (Матеј 24:14). Јеховините сведоци се радосни што учествуваат во ова важно дело. Ние ја проповедаме добрата вест низ целиот свет на преку 1.000 јазици! За ова огромно дело се потребни многу труд и голема организираност, и тоа не би можело да се изврши без Јеховината помош.

      2. Колкав труд вложуваме за да им проповедаме на луѓето?

      Проповедаме секаде каде што има луѓе. Исто како христијаните од првиот век, и ние проповедаме „од куќа до куќа“ (Дела 5:42). Благодарение на овој организиран и темелен пристап, секоја година водиме разговори со милиони луѓе. Но, бидејќи луѓето не се секогаш дома, проповедаме и на јавни места. Се трудиме да ја искористиме секоја можност за да им кажеме на другите за Јехова и за неговата намера.

      3. Кој има одговорност да ја проповеда добрата вест?

      Секој вистински христијанин треба да им ја проповеда добрата вест на другите. За нас ова е важна одговорност. Ние проповедаме колку што можеме повеќе бидејќи знаеме дека во прашање се животите на луѓето. (Прочитај 1. Тимотеј 4:16.) Ние не сме платени за ова дело. Библијата вели: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:7, 8). Иако сите не ја прифаќаат добрата вест, ние не се откажуваме. Зошто? Бидејќи на тој начин покажуваме дека сме му послушни на Јехова и го радуваме неговото срце.

      ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

      Во овој дел ќе видиш како Јеховините сведоци проповедаат низ целиот свет и како Јехова им помага во тоа.

      А. Двајца Јеховини сведоци му проповедаат на еден човек на една ливада во Костарика. Б. Јеховини сведоци им проповедаат на рибари на едно крајбрежје во САД. В. Двајца Јеховини сведоци му проповедаат на еден човек во едно село во Бенин. Г. Една жена која е Јеховин сведок ѝ проповеда на друга жена на пловечки пазар во Тајланд. Д. Две жени кои се Јеховини сведоци ѝ проповедаат на една жена покрај големи камени плочи во Јап. Ѓ. Двајца Јеховини сведоци ѝ проповедаат на една жена додека стојат на снежна патека покрај еден канал во Шведска.

      Проповедаме по целиот свет: А) Костарика, Б) САД, В) Бенин, Г) Тајланд, Д) Јап, Ѓ) Шведска

      4. Даваме сѐ од себе за да им проповедаме на сите луѓе

      Јеховините сведоци вложуваат голем труд за да им ја проповедаат добрата вест на луѓето по целиот свет. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

      ВИДЕОКЛИП: Проповедаме „сѐ до крајот на земјата“ (7:38)

      • Што ти остави впечаток во врска со сиот труд што го вложуваат Јеховините сведоци во проповедањето?

      Прочитај Матеј 22:39 и Римјаните 10:13-15, а потоа разговарајте за овие прашања:

      • Како со нашата служба покажуваме дека ги сакаме луѓето?

      • Како гледа Јехова на оние што ја проповедаат добрата вест? (Види го стих 15.)

      5. Ние сме Божји соработници

      Многу искуства покажуваат дека Јехова го води проповедничкото дело. Да разгледаме еден пример од Нов Зеланд. Едно попладне додека проповедал од куќа до куќа, еден брат по име Пол сретнал една жена. Истото тоа утро, таа му се молела на Бог користејќи го неговото име, Јехова, и во молитвата побарала некој да ја посети. Пол вели: „Само три часа откако таа му се помолила на Јехова, јас бев на нејзината врата“.

      Прочитај 1. Коринќаните 3:9, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Како искуствата, како што е ова од Нов Зеланд, покажуваат дека Јехова го води проповедничкото дело?

      Прочитај Дела 1:8, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Зошто ни е потребна помошта од Јехова во службата на проповедање?

      Дали си знаел?

      Секоја седмица, на состанокот што се одржува во работен ден добиваме обука за службата на проповедање. Ако си присуствувал на ваков состанок, што мислиш за таа обука?

      На еден состанок на Јеховините сведоци, две жени прикажуваат како може да се проповеда добрата вест.

      6. Ние проповедаме затоа што сме послушни на Божјата заповед

      Во првиот век, некои противници се обиделе да ги спречат следбениците на Исус да проповедаат. Но, првите христијани по законски пат го бранеле своето право да ја проповедаат добрата вест (Филипјаните 1:7). Истото го прават и Јеховините сведоци денес.a

      Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

      ВИДЕОКЛИП: Како го браниме своето право да ја проповедаме добрата вест (2:28)

      Прочитај Дела 5:27-42, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Зошто не престануваме да проповедаме? (Види ги стиховите 29, 38 и 39.)

      АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Зошто Јеховините сведоци одат од врата до врата?“

      • Што би му одговорил?

      ШТО НАУЧИ:

      Исус им заповедал на своите следбеници да им ја проповедаат добрата вест на луѓето од сите народи. Јехова му помага на својот народ да го изврши ова дело.

      Како би одговорил?

      • Како добрата вест се проповеда по целиот свет?

      • Како со нашата служба покажуваме дека ги сакаме луѓето?

      • Што мислиш, дали проповедањето може да ти донесе радост? Зошто мислиш така?

      Цел:

      ИСТРАЖУВАЈ

      Види како Јеховините сведоци проповедаат во големите градови.

      Посебен вид сведочење на јавни места во Париз (5:11)

      Како Јеховините сведоци им проповедаат на бегалците?

      Грижа за духовните потреби на бегалците (5:59)

      Дознај зошто една жена е среќна што го посветила својот живот на проповедањето.

      Мило ми е што ја избрав полновремената служба (6:29)

      Прочитај за некои значајни пресуди кои придонеле слободно да се проповеда добрата вест.

      „Законско потврдување на нашето право да проповедаме“ (Божјето Царство владее!, поглавје 13)

      a Самиот Бог нѐ овластил да проповедаме. Затоа, не ни е потребна дозвола од човечки власти за да ја проповедаме добрата вест.

  • Крштавање — цел која вреди да си ја поставиш
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • Лекција 23. Една жена се крштава како Јеховин сведок со целосно потопување во вода.

      ЛЕКЦИЈА 23

      Крштавање — цел која вреди да си ја поставиш

      Сите што сакаат да станат христијани треба да се крстат. Тоа се гледа од зборовите на Исус запишани во Матеј 28:19, 20. (Прочитај.) Но, како треба некој да биде крстен? И, што треба да направи за да ја постигне таа цел?

      1. Како треба некој да биде крстен?

      Зборот „крштава“ доаѓа од еден грчки збор што значи „нурнува“ под вода. Исус се крстил така што бил нурнат во реката Јордан и веднаш потоа излегол од водата (Марко 1:9, 10) Исто како Исус, вистинските христијани се крштаваат со нурнување, односно целосно потопување во вода.

      2. Што покажува крштавањето?

      Со своето крштавање, покажуваме дека сме му го заветувале својот живот на Јехова. На кој начин некој му дава таков завет на Бог? Така што, пред да се крсти, во лична молитва му кажува дека сака да му служи засекогаш. Тој му ветува дека ќе го обожава само него и дека најважно во животот ќе му биде да ја врши неговата волја. Така покажува дека одлучил да се „одрече од себе“ и да оди по Исус, односно да живее според неговите учења и да го следи неговиот пример (Матеј 16:24). Тоа што некој ќе му го заветува својот живот на Јехова и ќе се крсти, му овозможува да има поблизок однос со него и со другите соверници.

      3. Што треба некој да прави за да може да се крсти?

      Пред да се крстиш, важно е да учиш за Јехова и да стекнеш силна вера во него. (Прочитај Евреите 11:6.) А како што ќе стекнуваш сѐ повеќе знаење и вера, твојата љубов кон Јехова ќе станува сѐ посилна. Тоа ќе те поттикне да сакаш да им зборуваш на другите за него и да живееш според неговите мерила (2. Тимотеј 4:2; 1. Јованово 5:3). Кога некој ќе почне да води „живот достоен на Јехова“ и се труди потполно да му угоди, веројатно ќе сака да му го заветува својот живот и да се крсти (Колошаните 1:9, 10).a

      ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

      Во овој дел ќе видиш што учиме од крштавањето на Исус и како може некој да се подготви за овој важен чекор.

      4. Што учиме од крштавањето на Исус?

      Прочитај Матеј 3:13-17 за да дознаеш повеќе детали во врска со крштавањето на Исус. Потоа разговарајте за овие прашања:

      • Дали Исус бил бебе кога се крстил?

      • На кој начин се крстил? Дали само бил попрскан со вода?

      Откако се крстил, Исус почнал да извршува една посебна задача што ја добил од Бог. Прочитај Лука 3:21-23 и Јован 6:38, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Откако Исус се крстил, која задача му била на прво место во животот?

      5. Крштавањето е достижна цел

      Можеби си мислиш дека ти никогаш не би можел да му го заветуваш својот живот на Бог и да се крстиш. Но, тоа што ќе продолжиш да учиш за Јехова и сѐ подобро да го запознаваш ќе ти помогне еден ден да ја донесеш таа важна одлука. За да дознаеш што им помогнало на некои да го направат тој чекор, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

      ВИДЕОКЛИП: Како можеш да станеш пријател со Јехова (1:11)

      Прочитај Јован 17:3 и Јаков 1:5, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Што може да му помогне на некој духовно да напредува за да може да се крсти?

      А. Една жена му го заветува својот живот на Бог во молитва. Б. Истата жена се крштава како Јеховин сведок со целосно потопување во вода.
      1. А. Му го заветуваме својот живот на Јехова така што во молитва му кажуваме дека сакаме да му служиме засекогаш

      2. Б. Кога се крштаваме, им покажуваме на другите дека сме му се заветувале на Бог

      6. Со крштавањето стануваме дел од Јеховиното семејство

      Кога се крштаваме, стануваме дел од едно обединето меѓународно семејство. Без оглед на тоа кои сме и од каде сме, сите имаме исти верувања и живееме според истите морални мерила. Прочитај Псалм 25:14 и 133:1, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Како крштавањето влијае врз нашиот однос со Јехова и со соверниците?

      Слики: Една крстена сестра е среќна додека размислува за добриот однос што го има со другите во собранието. 1. Таа ѝ се доверува на една сестра. 2. Таа ѝ помага на една постара сестра да оди. 3. Таа е на ручек со пријатели кои се на различна возраст. 4. Заедно со една друга сестра, таа му проповеда на еден човек. 5. На еден конгрес, таа се слика со две сестри кои се од различна раса.

      НЕКОИ ВЕЛАТ: „Не сум спремен да се крстам“.

      • Ако и ти се чувствуваш така, дали сепак сметаш дека е важно да ја оствариш таа цел?

      ШТО НАУЧИ:

      Исус поучувал дека сите што сакаат да станат христијани треба да се крстат. За да ја оствари таа цел, едно лице треба да изгради силна вера во Јехова, да живее според неговите мерила и да му го заветува својот живот.

      Како би одговорил?

      • Како треба некој да биде крстен и зошто крштавањето е важно?

      • Што покажува крштавањето?

      • Што треба да прави некој пред да му го заветува својот живот на Бог и да се крсти?

      Цел:

      ИСТРАЖУВАЈ

      Дознај како треба некој да биде крстен.

      „Што е крштавање?“ (Статија на интернет)

      Дознај што треба да прави некој за да може да се крсти.

      „Љубовта и благодарноста кон Јехова водат до крштавање“ (Стражарска кула од март 2020)

      Прочитај една животна приказна која покажува дека крштавањето не е одлука која се темели само на чувства.

      „Сакаа сам да ја откријам вистината“ (Стражарска кула од 1 февруари 2013)

      Прочитај зошто крштавањето е цел која вреди да си ја поставиш и како можеш да ја оствариш.

      „Дали да се крстам?“ (Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2, поглавје 37)

      a Ако некој бил крстен во некоја друга религија, ќе треба повторно да се крсти. Зошто? Затоа што таа религија не поучува за вистината од Библијата. (Види во Дела 19:1-5 и види ја лекција 13.)

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели