-
Светиот дух — Божја делотворна силаДали треба да се верува во Тројство?
-
-
Во Матеј 28:19 се спомнува „името . . . на светиот дух“. Меѓутоа, зборот „име“ секогаш не означува лично име, ни во грчкиот ниту пак во македонскиот јазик. Кога ќе кажеме: „Во името на законот. . .“, не се осврнуваме на некоја личност, туку го подразбираме она што законот го претставува, неговиот авторитет. Во изданието Word Pictures in the New Testament (Слики со зборови во Новиот завет) од Робертсон речено е: „Овде употребениот збор „име“ (о́нома) се употребува во Септуагинта и во папирусите општо за моќ и авторитет“. Значи, оној кој се крсти ‚во името на светиот дух‘, го признава авторитетот на духот, дека истиот потекнува од Бог и дека дејствува со Божјата волја.
-
-
Што да се каже за библиските цитати кои го „докажуваат“ Тројството?Дали треба да се верува во Тројство?
-
-
NEW Catholic Encyclopedia наведува три такви „доказни цитати“, но го признава и следното: „Науката за Светото тројство не се учи во С[тариот] з[авет]. Во Н[овиот] з[авет] најстарите докази се наоѓаат во Павловите посланија, посебно во 2. Кор 13.13 [во некои Библии во стихот 14] и во 1. Кор 12.4-6. Во евангелијата доказ за тројството може да се најде само во формулата за крштение од Мт 28.19“.
Во преводот Стварност во овие стихови трите „личности“ се наведени во различен редослед. Во 2. Коринтјаните 13:13 (14) пишува: „Милоста од Господ Исус Христос, љубовта од Бог (Отецот) и заедништвото на Светиот Дух нека биде со сите вас!“ 1. Коринтјаните 12:4-6 гласи: „Милосните дарови се различни, но Духот е ист. Различни се и службите, но Господ е ист. Различни се и делата, но ист е Бог кој прави сѐ во сите“. Во Матеј 28:19 читаме: „Затоа одете и направете ги сите народи мои ученици! Крстете ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“.
Дали од овие цитати произлегува дека Бог, Христос и светиот дух сочинуваат некакво тринитаријанско божество, дека се едно битие, еднакво моќни и еднакво вечни? Не произлегува, исто како што ни набројувањето на три личности, како Томе, Никола и Перо не значи дека овие тројца се едно.
Овие цитати, според Cyclopedia of Biblical, Theological, and Ecclesiastical Literature (Циклопедија на библиска, теолошка и црквена литература) од Мек Клинток и Стронг, „само докажуваат дека овие тројца се наведени субјекти со име, . . . но тоа самото по себе не докажува дека сите тројца мораат да спаѓаат во божествена природа и дека поседуваат еднаква божествена чест“.
Иако во спомнатото дело се поддржува тројството, тука во врска со 2. Коринтјаните 13:13 (14) се вели: „Не може со право да се заклучи дека тие поседуваат еднаков авторитет, или еднаква природа“. А во врска со Матеј 28:18-20 се вели: „Овој цитат, меѓутоа, сам по себе не би бил јасен доказ ниту за личното обележје на овие три споменати субјекти ниту пак за нивната еднаквост или божественост“.
-