-
Живеј во склад со молитвата Оченаш — прв делСтражарска кула 2015 | 15 Јуни
-
-
„ТАТКО НАШ, КОЈ СИ НА НЕБЕСАТА“
4. а) На што нѐ потсетува изразот „Татко наш“? б) Во која смисла Јехова им е „Татко“ на христијаните кои имаат надеж за вечен живот на Земјата?
4 Изразот „Татко наш“, а не „Татко мој“, нѐ потсетува дека сме дел од едно меѓународно братство во кое сите вистински се сакаат (1. Пет. 2:17). Тоа е огромна чест! Помазаните христијани, кои се усвоени како Божји синови и имаат надеж за живот на небото, со право го нарекуваат Јехова свој „Татко“ (Рим. 8:15-17). Но, и христијаните кои се надеваат дека ќе живеат вечно на Земјата можат да му се обраќаат на Бог со „Татко“. Зошто? Затоа што тој им дава живот и со љубов се грижи за потребите на сите свои слуги. Оние што имаат земна надеж ќе бидат Божји деца во вистинска смисла на зборот откако ќе станат совршени и ќе ја докажат својата верност во последниот испит (Рим. 8:21; Отк. 20:7, 8).
-
-
Живеј во склад со молитвата Оченаш — прв делСтражарска кула 2015 | 15 Јуни
-
-
„ДА СЕ СВЕТИ ИМЕТО ТВОЕ“
7. Каква чест имаме како Божји народ, но што мора да правиме?
7 За нас е огромна чест што го знаеме Божјето име и што сме ‚народ за неговото име‘ (Дела 15:14; Иса. 43:10). Ние го молиме нашиот небесен Татко: „Да се свети името твое“. Ова нѐ поттикнува да бараме од Јехова да ни помогне да не кажеме или да не направиме нешто што би можело да му нанесе срам на неговото свето име. Не сакаме да бидеме како некои во првиот век кои не живееле во склад со она што го проповедале. Во врска со нив, апостол Павле напишал: „Поради вас се хули на Божјето име меѓу незнабошците“ (Рим. 2:21-24).
8, 9. Наведи пример за тоа како Јехова им помага на оние што сакаат да го светат неговото име.
8 Ние сакаме да го светиме Божјето име. Една сестра од Норвешка, која останала сама со своето двегодишно синче откако ѝ починал сопругот, вели: „Тоа беше многу тежок период од мојот живот. Се молев секој ден, речиси и секој час, да останам емоционално стабилна за да не донесам некоја немудра одлука или да му бидам неверна на Јехова. Не сакав да му дадам на Сатана никаква причина да му се подбива на Бог. Сакав да го посветам Јеховиното име, и сакав мојот син повторно да го види татко му во рајот“ (Изр. 27:11).
9 Дали Јехова одговорил на нејзините несебични молитви? Да. Оваа сестра била многу охрабрена од редовното дружење со грижливите соверници. Пет години подоцна, се омажила за еден старешина. Нејзиниот син, кој сега има 20 години, е крстен слуга на Јехова. Таа вели: „Многу сум среќна што сопругот ми помогна да го одгледам“.
10. Кога потполно ќе се посвети Божјето име?
10 Јехова потполно ќе го посвети своето име кога ќе ги отстрани сите оние што го срамат и намерно го отфрлаат како Севишен Владетел. (Прочитај Езекиел 38:22, 23.) Луѓето постепено ќе станат совршени. Со душа го чекаме времето кога сите суштества обдарени со разум ќе го светат Јеховиното име! Конечно, нашиот грижлив небесен Татко ќе „им биде сѐ на сите“ (1. Кор. 15:28).
-